Андроник Комнин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андроник Комнин
Роден(а)1108
Починал(а)1142
Благородно семејствоКомнини
Сопружник(ци)Ирена
ТаткоЈован II Комнин
МајкаПирошка Арпад

Андроник Комнин (грчки: Ανδρόνικος Κομνηνός, Andronicus Comnenus , 1108 во Балабиста, Македонија - есента 1142) бил вториот син на византискиот цар Јован II Комнин (1118-1143) и на Пирошка Арпад (Ирена), ќерка на Ласло I, кралот на Унгарија (1077-1095) .

Поголем брат бил на византискиот цар Мануил I Комнин.

Андроник ја добил од својот татко титулата севастократор[1], и заедно со својот брат Алексиј бил потенцијален наследник на царскиот престол[1]. Во 1142 година неговиот брат Алексиј починал во Анталија за време на воен поход на нивниот татко и Андроник тргнал со помалиот брат Исак да го одведат телото во Цариград. На патот, Андроник се разаболел и починал. Исак по ова ги погребал двајцата.

Семејство[уреди | уреди извор]

Андроник бил оженет за Ирина, со која ги имал децата:

  • Марија Комнина[2].
  • Јован Дука Комнин][3]
  • Теодора Комнина [4]
  • Евдокија Комнина [5]
  • Алексиј Комнин

Наводи[уреди | уреди извор]