Ирина Дукина (околу 1066 - 19 февруари 1138) — византиска царица, сопруга на византискиот цар Алексиј I Комнин, мајка на царот Јован II Комнин и на историчарката Ана Комнина.[1]
По мајчина страна, била внука на Трајан, односно, правнука на царот Јован Владислав. Византиските автори ја опишуваат како многу убава, умна и амбициозна жена. Во бракот со Алексиј I, родила три деца: ќерките Ана и Теодора и синот Јован.[1]
|author1=