Марија Комнина (ќерка на Јован II Комнин)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марија Комнина
Сопружник Јован Рогериј Даласин
Деца
Андроник Комнин

Алексиј Комнин
Ана Комнина
Теодора Комнина

Династија Комнини
Татко Јован II Комнин
Мајка Ирина
Роден(а) декември 1106 / јануари 1107
Валовишта
Починал(а) 1144/1145

Марија Комнина Порфирогенита (декември 1106 / јануари 1107 - 1144/1145) била византиска принцеза - најголема ќерка на царот Јован II Комнин.

Марија Комнина била најголемата ќерка на царот Јован II Комнин и неговата сопруга Ирина. Таа била родена во Валовишта (Βαλαβίστα), тема Македонија, во декември 1106-јануари 1107 година. Во Алексијада на Ана Комнина се истакнува дека во Балабиста бил роден најголемиот од синовите на василевса Јован - багренородниот, заедно со сестра близначка. Тоа се случило додека татко им се враќал од Солун, каде учествувал во церемонијата посветена на Свети Димитар, по една воена кампања на Балканот, датирана кон крајот на 1106 или почетокот на 1107 година. Од оваа порака станува јасно дека Марија била сестра близначка на првородениот син на царот - Алексиј. Бидејќи била родена во управувањето на нејзиниот татко, насекаде во изворите Марија е нарекувана Порфирогенита.

Јован Кинама споменува дека Марија Комнина Порфирогенита била мажена за Јован Рогериј Даласин - далечен роднина на Комните од норманско потекло. Ова се случило околу 1135-1136 година, по кое императорот да му ја доделил на својот зет титулата Кесарија.

По смртта на царот Јован II Комнин, сопругот на Марија организирал заговор за заземањето на власта. Лојална на својот брат, Марија го издала заговорот што станало причина сопругот да биде уапсен и испратен на главниот град. Подоцна тој бил рехабилитиран и му било дозволено да се врати во Константинопол.

Јован Кинама зборува за тешката болест на Марија Комнина Порфирогенита од која таа починала непосредно пред првиот поход на император Мануил I против султанот Масуд I, датиран околу 1144-1145.

Марија Комнина и Јован Рогериј Даласин имале четири деца:

  • Андроник Комнин;
  • Алексиј Комнин;
  • Ана Комнина;
  • Теодора Комнина;

Литература[уреди | уреди извор]