Прејди на содржината

Пештери во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пештерите во Македонија се подземни природни убавини во Република Македонија.

Во Македонија се истражени 346 пештери и 12 јами и понори. Инаку, се претпоставува дека има над 500 пештери, распространети на територијата на 36 општини. За најдлабок објект се смета Солунска Глава, со длабочина од 450 метри. Овој објект е и најголем на Балкан от, а во него има извонредни украси од зелен мраз и сталагмити високи до два метра. Посебна е пештерата Змејовец за која според легендата на Марко Цепенков, во оваа пештера доаѓале луѓе од секаде, поради лековитата вода што се наоѓала во пештерата. За најдолга хоризонтална пештера се смета Бела Вода, во близината на Демир Капија, со должина од 955 метри, а за најубава се смета Слатински Извор. Со Законот за заштита на природните реткости се опфатени следниве пештери: Горна Слатинска Пештера (единствената пештера во Македонија со влез и со излез), Млечник, Убава и Пешна.[1][2]

Угледниот американски весник „Њујорк тајмс“ пишува дека Пештерата Пешна кај Македонски Брод е идентична со измислените волшебни пештери кои биле специјално направени за снимањето на најпопуларниот филм на магијата и волшепството - Господарот на прстените. Сепак, најпозната и најдлабока пештера во Македонија е Врело.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Спелеолошко богатство се крие во 500 пештери во 36 општини“, Публика - неделен политички прилог, број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 4.
  2. Makedonsko geografsko društvo (1989). Географски разгледи (27-30. изд.). Društvo.

Поврзано

[уреди | уреди извор]