Јаноа I
Изглед
Јаноа I | |
---|---|
Поглед кон отворот на пештерата | |
Место | Самоков, Порече, Македонија |
Должина | 40 м |
Јаноа I — пештера во областа Порече во западниот дел на Македонија. Се наоѓа во долината на Мала Река (притока на Треска), веднаш покрај асфалтниот пат кој води кон село Самоков, во непосредна близина на фабриката „Сувенир“. Наречена е со името Јаноа I бидејќи во нејзина непосредна близина на оддалеченост од само 20 метри кон север е отворот на пештерата Јаноа II. Пештeрата е изградена во мермери. Должината на пештерата е 40 м, а пештерскиот канал (особено во влезниот дел) е со помали димензии. Во пештерата од хидрографските објекти се двои пештерското езеро, со должина од 2 м. Пештерските украси се претставени со сталактити, сталагмити, драперии, сливови и хелектити[1].
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Внатрешноста на првата сала
-
Внатрешноста на првата сала
-
Внатрешноста на првата сала
-
Отвор кон пештерски канал
-
Поглед од внатрешноста кон отворот
-
Поглед од внатрешноста кон отворот
-
Пештерски облици во внатрешноста
-
Пештерски облици во внатрешноста
-
Пештерски облици во внатрешноста
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јаноа пештера 1 — галерија со слики од пештерата Јаноа I на мрежната страница на ЈПУЗПП природен резерват „Јасен“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Темовски; Марјан, Гичевски; Билјана (1 јануари 2015). „Пештера Јаноа I“. Exploring Society "Ursus Speleos" //\\ Истражувачко Друштво "Урсус Спелеос" (Facebook страница). Посетено на 26 октомври 2018.