Светла (Ледена) Пештера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ледена
Светла (Ледена) Пештера 02.jpg
Отворот (влезот) на пештерата
МестоНова Брезница, Coat of arms of Sopište Municipality.svg Сопиште, Македонија Македонија
Должина15 m

Светла или Ледена (меѓу мештаните позната како Здравевска Пештера[1]) — пештера во Македонија, од видот на ледени пештери. Претставува пештера која е лоцирана во еден од најинтересните и најзначајните карстни предели во Македонија во Општината Сопиште во атарот на селото Нова Брезница на надморска висина од 990 метри. Се наоѓа на висорамнината Шумјак околу еден час пешечење јужно од селото во месноста викана Долни Бунари. Лесно е достапна и е на само 30 километри од Скопје. Она што ја прави пештерата атрактивна е минеролошкиот феномен – калцитни кристали со голема проѕирност. Зимно време со струењето на воздухот поради обликот на пештерата, која е во форма на чизма, од подот и таваницата на пештерата се создаваат импозантни ледени украси, а таа станува вистинска ледена убавица, по што го добила и името. Единствена е од ваков вид досега откриена во Македонија. Освен пештерата, реонот до неа и околу неа го прави атрактивен и природата која изобилува со многу природни реткости, бунари, мали езерца, богат животински и растителен свет.[2]

Кон крајот на шеесетите и почетокот на седумдестетите, спелеолошкото друштво „Пеони“ вршело истражувања на неколку пропасти, сместени на висорамнината Копање, при што пропаста во тоа време означена како Пеони III во голем дел одговара на Светла Пештера, а за неа спелеолозите запишале дека таа е типична ѕвонеста пропаст, која во длабочината е поширока[3]. Таа се наоѓа на висорамнината Копање (Шумјак) и отворот и е во една помала вртача. Отворот и изнесува в оразмер од 0,70 м, додека вкупната длабочина и изнесува 15 метри[3]. Дното на пропаста е препокриено со разурнати камења од страните на пропаста, а интересна е поради тоа што во поголем дел по ѕидовите е препокриена со напласти, така што при светлоста на карбитните ламби кристалите ја одбиваат светлината во разни бои[3]. По ѕидовите има и украси и напласти со чудни облици, но преовласуваат облици како на човечки глави[3]. Дното и е наведната за околу 20%, што укажува на некогашното истечување на вода[3]. Вода капница има само тогаш кога има врнежи и нешто малку подоцна[3]. Припаѓа од типот на ѕвекари[3].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Според кажување на мештаните Целе и Ангеле, забележал Марио Шаревски на 28.04.2018
  2. Пештера Ледена во Нова Брезница (на македонски). „Информатор на општина Сопиште“. 1 септември 2010 г. http://opstinasopiste.gov.mk/images/stories/Sopiste_Informator.pdf. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Манаковиќ, Душан. Пештери и пропасти во Скопската котлина (на македонски). „Географски видик“ (Скопје: Географско друштво на СР Македонија): 33. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]