Голубарница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Голубарница
Пештера Гулабарница 22.jpg
Поглед од внатрешноста кон отворот на пештерата
МестоБелица, Порече, Македонија Македонија
Должина100 m

Голубарница (позната и како: Голубарник) е пештера која се наоѓа во Поречјето, во близина на селото Белица. Пештерата е долга околу 100 метри, и е една од поубавите пештери во реонот на селото Белица. Во неа има многу процепи и недостапни места. Во оваа пештера е изворишниот дел на реката Белешница[1]. Позната е по специфичните лилјаци, уникатниот бисер и загадочниот човечки череп.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Пештерата се наоѓа на ридот Дафпат, а од селото Белица е одалечена околу 1,6 километар кон исток[2]. До Гулабарница може да се дојде по одлично маркирана патека, притоа одејќи со средно темпо од околу еден час[2]. Отворот на пештерата има јужна експозиција и се наоѓа на надморска височина од 868 метри, височина која е за околу 300 метри повисока од селото Белица[2].  

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на пештерата

Лилјаците од Голубарник[уреди | уреди извор]

Оваа пештера е дом на неколку вида на лилјаци, од кои се мал потковичар (Rhinolophus hipposideros), јужен потковичар (Rhinolophus euriale), мехелиев потковичар (Rhinolophus mehelyi) и долгокрилест лилјак (Miniopterus schreibersii). Лилјаците ја користат пештерата како место за презимување (хибернација), одгледување на младите и засолниште во топлиот период на годината.[3] Заради овој факт, во 2012 година во оваа пештера треба да се одржи манифестацијата Ноќ на лилјаците, која е традиционална и во Европа се одржува од седумдесетите години.

Бисерот од Голубарница[уреди | уреди извор]

За време на едно екпеситивно истражување на СД „Пеони“ бил пронајден многу редок примерок на пештерски бисер, стар илјадници години. Спелеолозите тврдат дека бисерот е уникатен карцитен феномен и дека досега во Македонија е единствен со толкава големина. [4]

Черепот од Голубарник[уреди | уреди извор]

Човечки череп во процеп во пештерата Голубарница

СД „Пеони“ откриле остатоци од човечки череп и коски од екстремитети. За черепот и коските спелеолозите претпоставуваат дека се многу стари, а можеби и остатоци од праисторискиот човек. Черепот случајно го открил еден од членовите на друштвото осветлувајќи еден процеп во пештерата. До отворот каде што има череп на човек може да се влезе од друга страна. Досега на територијата на Европа најстарите човечки остатоци датираат од 200,000 до 800.000 години пред нашата ера. Во Македонија се уште не е откриен толку стар човечки остаток, па ова кога би излегло вистинито би бил најстариот откриен предок.

Спелеолошки парк[уреди | уреди извор]

До Министерството за екологија од страна на спелеолошкото друштво „Пеони“ било поднесено барање местото Белица да биде прогласено за спелеолошки парк. Барањето се однесувало на три пештери од овој реон и тоа: Голубарник, Лапарник и Момичек, кои треба да бидат заштитени со законот за природни реткости и убавини.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „GOLUBARNIK CAVE“. Macedonian Civilization. 7. August 2007 16:22:01. конс. 2011-10-02. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Стојчески, Дарко (29 септември 2018). „Гулабарница (Голубарница) - Беличката мистериозна пештера“. ИГЕО портал. конс. 1 октомври 2018. 
  3. „Лилјаците од Белица“ (македонски). Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ). конс. 2011-10-02. 
  4. Откриен уникатен пештерски бисер стар илјадници години“, Дневник (посет. 2 октомври 2011 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]