Слатински Извор (пештера)
Слатински Извор | |
---|---|
Слатинска Пештера | |
![]() Сталактити во пештерата Слатински Извор | |
Место | Општина Македонски Брод,![]() |
Должина | > 4 км |
Геологија | карстна, доломитска |
Слатински Извор — најголемата пештера во Македонија,[2] во околината на с. Слатина во областа Порече, на левата долинска страна на Слатинска Река, во непосредна близина на нејзината утока во реката Треска. Во 2011 г. пештерата со закон е прогласена за споменик на природата.[3]
Настанок и одлики[уреди | уреди извор]
Создадена е во доломитски мермери со проблематична старост. Пештерата е сочинета од еден долг канал од кој во неколку правци се разгрануваат подолги и покуси канали[4]. Досегашната вкупна и истражена должина на пештерата изнесува 800 метри, од кои 705 метри припаѓаат на главниот пештерски канал. На одделни места од главниот канал доминираат пештерски столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала (20 х 15 м) создадени се и поголеми сталагмити.
Истражена должина на пештерата изнесува 800 м, но досега е познато дека е долга повеќе од 4 км.[5] На одделни места од главниот канал преовладуваат пештерски столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала создадени се и поголеми сталагмити. Во пештерата протекува понорница во должина од 557 м, а исто така во неа се создадени и помали травертински езерца во кои е утврдена присутност на пештерски ракчиња, како и огромно зелено пештерско езеро.
Според должината, разновидната внатрешност и местоположбата, пештерата Слатински Извор има извонредни можности за туристичка намена.
Пештерски украси[уреди | уреди извор]
Според условите во кои се формирани, украсите во пештерата Слатински Извор припаѓаат на три групи: украси формирани од вода што тече и вода прокапница, украси формирани од капиларна вода и басенски депозити.
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Слатинска пештера — „Македонски бисер“ (ИДБЦ)
- ↑ „Најголема пештера во Македонија - Слатинска пештера“. „Дали знаевте дека“. Посетено на 19 декември 2010.
- ↑ Закон за прогласување на пештерата „Слатински Извор“ за споменик на природата
- ↑ „Пештерата „Слатински Извор" споменик на природата“. Општина Македонски Брод. 4 ноември 2010. Посетено на 3 октомври 2018.
- ↑ Пештера Слатински Извор — Урсус Спелеос посет. 12 септември 2013 г