Бела Вода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бела Вода
Bela 1.jpg
Внатрешноста на пештерата
Местокрај Вардар, Демир Капија, Македонија Македонија
Должина995 m
Влезот во пештерата

Бела Вода или Беловодицапештера[1] од десната страна на реката Вардар на само неколку стотици метри низводно од Демир Капија, односно околу 300 метри по стариот тунел и пат за Гевгелија, веднаш под карпите кај патот. Влезот во пештерата многу тешко се воочува бидејќи е речиси хоризонтален. Всушност самиот влез таков како што е денес, не е природен туку е ископа 2м вертикално во земјишен насип на кој е изграден стариот пат и железничката пруга. По спуштање до некогашниот вистински природен влез на пештерата, се минува 10-тина метри низ тесен канал, а потоа се поминува низ стрмен сифон чие дно во врнежлив период обично е под вода. Натамошните неколку стотици метри се речиси хоризонтални или благо се издигнуваат кон крајот на пештерата и не се тешки за поминување доколку се има соодветна опрема. На одредени места овој т.н. Долен канал се проширува во вид на пештерски сали-галерии или нагло се стеснува. Особено е интересна Големата галерија која претставува продолжение на главниот канал и е покриена со блокови, а на самиот таван се гледа пукнатина по која се врши природно распукнување и сурнување на варовнички блокови. На крајот од овој канал се наоѓа езеро долго 8 м, широко 5 м, а длабоко 3-6 м, во зависност од врнежите на површината. За разлика од долниот канал во кој се среќава пештерски накит, во горниот, пократок канал нема такво нешто бидејќи е млад по својот постанок, а по дното има песоци што укажува на повремен водотек во пештерата.

Вкупната должина на двата пештерски канали на Бела Вода изнесува 955 м и до пред десетина години се сметаше за најдолга пештера во Македонија. Од фауната во Бела Вода особено има лилјаци, разни видови на пештерски пајаци и други инсекти. Во сифонските делови на пештерата се јавуваат повремени езера. Создадена е со карстна ерозија во варовнички карпи со јурска старост, односно карпи стари околу 160 милиони години. Пештерата Бела Вода е посетувана од студентите на Институтот за географија, спелеолози и месното население. Неодамна имаше интерес за вештачко проширување и „преуредување“ на влезниот дел од пештерата, со што би се изгубила автентичноста на овој интересен спелеолошки објект. За таа цел, Бела Вода е ставена на листата за прогласување на заштитено подрачје.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Колчаковски, Д. (1993). Категоризација на позначајните пештери во Република Македонија. Екол. Зашт. Живот. Сред., Кн. 1, Бр. 1. Скопје
  2. „Пештерата Бела Вода кај Демир Капија на листа за прогласување на заштитено подрачје“ (Македонски). Буквар. Вторник, 13 Март 2012, 11:29. конс. 2013-05-17. 

Поврзано[уреди | уреди извор]