Слатински Извор (пештера)
| Слатински Извор | |
|---|---|
| Слатинска Пештера | |
Сталактити во пештерата Слатински Извор | |
| Место | Општина Македонски Брод, |
| Должина | > 4 км |
| Надм. височина | 495 м |
| Геологија | карстна, доломитска |
Слатински Извор — најголемата пештера во Македонија,[1] во околината на с. Слатина во областа Порече, на левата долинска страна на Слатинска Река, во непосредна близина на нејзината утока во реката Треска. Во 2011 г. пештерата со закон е прогласена за споменик на природата.[2]
Настанок и одлики
[уреди | уреди извор]Создадена е во доломитски мермери со проблематична старост. Пештерата е сочинета од еден долг канал од кој во неколку правци се разгрануваат подолги и покуси канали[3]. Досегашната вкупна и истражена должина на пештерата изнесува 800 метри, од кои 705 метри припаѓаат на главниот пештерски канал. На одделни места од главниот канал доминираат пештерски столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала (20 х 15 м) создадени се и поголеми сталагмити.
Истражена должина на пештерата изнесува 800 м, но досега е познато дека е долга повеќе од 4 км.[4] На одделни места од главниот канал преовладуваат пештерски столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала создадени се и поголеми сталагмити. Во пештерата протекува понорница во должина од 557 м, а исто така во неа се создадени и помали травертински езерца во кои е утврдена присутност на пештерски ракчиња, како и огромно зелено пештерско езеро.
Според должината, разновидната внатрешност и местоположбата, пештерата Слатински Извор има извонредни можности за туристичка намена.
Пештерски украси
[уреди | уреди извор]Според условите во кои се формирани, украсите во пештерата Слатински Извор припаѓаат на три групи: украси формирани од вода што тече и вода прокапница, украси формирани од капиларна вода и басенски депозити.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Процепот на вистинскиот отвор од каде е првпат пристапено во пештерата
- Вистинскиот отвор од каде е првпат пристапено во пештерата
- Отвор на пештерата
- Отвор на пештерата
- Внатрешноста на пештерата
- Отвор кон една од салите на пештерата
- Отвор кон една од салите на пештерата
- Сталактити на таваницата на пештерата
- Сталактити на таваницата на пештерата
- Внатрешноста на една од салите на пештерата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Најголема пештера во Македонија - Слатинска пештера“. „Дали знаевте дека“. Посетено на 19 декември 2010.[мртва врска]
- ↑ „Закон за прогласување на пештерата „Слатински Извор" за споменик на природата“. Архивирано од изворникот на 2017-04-22. Посетено на 2013-09-12.
- ↑ „Пештерата „Слатински Извор" споменик на природата“. Општина Македонски Брод. 4 ноември 2010. Посетено на 3 октомври 2018.[мртва врска]
- ↑ Пештера Слатински Извор Архивирано на 18 јули 2016 г. — Урсус Спелеос посет. 12 септември 2013 г