Ориент-експрес (воз)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Постер за возот Ориент-експрес

Ориент- експрес (англиски: Orient Express, француски: L'Orient-Express, турски: Şark Ekspresi) – еден од најславните возови во историјата на железницата. Бил во сопственост на претпријатието „Компањи ентернасионал де вагон-ли (француски: Compagnie internationale des wagons-lits). Ориент-експрес станал синоним за луксузно патување со воз иако на почетокот не бил.

Траси[уреди | уреди извор]

Историски рути на Ориент-експрес

Оригинална траса[уреди | уреди извор]

Првиот Ориент-експрес во 1883 година

Првичната рута на Ориент-експрес е отворена на 4 октомври 1883 година од Париз до градот Ѓурѓу во Романија, со станици во Минхен и Виена. Во Ѓурѓу патниците со траект се префрлани преку Дунав до градот Русе во Бугарија. Оттаму патот продолжувал со друг воз кој одел за Варна, каде патниците повторно морале да преминат на траект кој би ги префрлил до Истанбул. Во 1885 година отворена е славната траса преку Виена и Белград до Ниш. Од Ниш до Пловдив се патувало со кочија, а од Пловдив до Истанбул повторно со воз. Во 1889 година завршена е делницата Ниш-Пловдив, па е комплетиран сообраќајот на трасата Париз-Виена-Белград-Ниш-Софија-Истанбул. Во тоа време Ориент-експрес од Париз до Будимпешта имал дневна линија, а до Белград и Истанбул трипати неделно. За Букурешт, Констанца и Црно Море возел еднаш неделно.

Станицата Сиркечи во Истанбул

Крајна станица на исток била железничката станица Сиркечи гари (турски: Sirkeci gari) во Истанбул. Сообраќајот бил активен до 19 мај 1977 години. Патниците патот кон Азија го продолжувале со траект од железничката станица Хајдар-паша.

За време на Првата светска војна[уреди | уреди извор]

Со спогодбата од Сен-Жермен, Австрија била принудена да ги прифати меѓународните возови. Со отворање на швајцарскиот тунел, Симплон рутата поминувал и низ Милано, Венеција, Трст, Љубљана и продолжувала кон Белград. Овој воз бил познат како Симплон ориент-експрес и бил додаток на оригиналната рута.

Постер за Ориент-експрес

Златни години[уреди | уреди извор]

Вагони на Ориент-експрес, 1930

Четириесеттите години на 20 век биле зенитот на Ориент-експрес. Патот кон исток се спроведувал на три паралелни траси, Ориент-експрес, Симплон ориент-експрес и Арлбер ориент-експрес кој сообраќал преку Цирих и Инсбрук до Будимпешта. Од Будимпешта возеле вагони за спиење до Букурешт и Атина. Во тоа време Ориент-експрес добил репутација на комфорен и луксузен воз. Во возовите покрај вагоните за спиење имало и вагон-ресторани кои биле познати од одличната храна и специјалитети. Во него се наоѓале сè што ја симболизирало богатата буржоазија, деловните луѓе, дипломатијата и благородништвото. Тие години трасата е продолжена од Париз до Кале каде се качувале Британците.

За патниците на Ориент-експрес во Истанбул, недалеку од железничката станица бил изграден луксузен хотел Ориент-експрес.

Собата на Агата Кристи во хотелот Пера Палас во Истанбул каде го напишала Убиство во Ориент-експрес

За време на Втората светска војна и Ладната војна[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна германската фирма Митропа презела некои делови од рутата на Ориент-експрес. Заради чести диверзии на пругата на Балканскиот Полуостров, сообраќајот бил прекинат.

По завршувањето на војната сообраќајот повторно е воспоставен, но без грчкиот дел на пругата, заради несогласувањата меѓу Југославија и Грција. Во 1951 година воспоставен е нормален транзит, но тогаш заради Ладната војна и Железната завеса, се затворила турско-бугарската граница. Сообраќајот некако се одржал, но на границите на комунистичките земји вагоните се менувале со вагони од државата низ која возот поминувал.

Директен Ориент-експрес[уреди | уреди извор]

Во 1962 година укината е оригиналната траса на Ориент-експрес и Арлберг ориент-експрес. Така, работел само уште Симплон ориент-експрес кој таа година е трансформиран во поспориот Директен ориент-експрес и кој сообраќал на дневна основа меѓу Париз и Белград, и двапати седмично меѓу Париз, Истанбул и Атина.

Во 1971 година се променил сопственикот на сообраќајната линија. Линијата Париз-Атина е укината во 1976 година, а во 1977 година Ориент-експрес сосем престанал да работи. Последниот воз Ориент-експрес за Истанбул тргнал на 19 мај 1977 година.

Денес Ориент-експрес не сообраќа.

Оживување на легендата[уреди | уреди извор]

Во 1982 година повторно е отворена линијата Симплон ориент-експрес користејќи оригинални, реновирани вагони од триесеттите и четириесеттите години. Сообраќајот се одвивал од Лондон преку Париз до Виена. Денес овој воз сообраќа еднаш неделно (од март до ноември) и го користат богати патници кои за картата издвојуваат околу 1.800 евра.

Славното име е преземено и во Америка, каде американскиот Ориент-експрес сообраќа во северниот дел на американскиот континент (САД, Канада, Мексико).

Ориент-експрес во популарната култура[уреди | уреди извор]

Легендарниот Ориент-експрес набрзо станал главен протагонист во разни филмови и книги во кои обично се случувале мистериозни злосторства со неверојатни заплети и возбудливи романси. Најпознато дело е романот на Агата Кристи, „Убиство во Ориент-експрес“ (англиски: Murder on the Orient Express). Уште еден добро познат роман е „Возот за Истанбул“ (англиски: Stamboul train) од авторот Греам Грин.

Првиот филм за Ориент-експрес бил прикажан во 1934 година. Германскиот филм „Ориент-експрес“ бил прикажан бил во 1945 година. Од современите филмови вреди да се спомене „Смрт и судбина на Ориент-експрес“ од 2000 година, и „Пат околу светот за 80 дни“ од 2004 година. Славниот воз се појавува и во многу други книги.

Еден од најпознатите романи и филмови во кој се појавува Ориент-експрес е романот (филм) за Џемс Бонд, „Од Русија со љубов“ и за Херкул Поаро од Агата Кристи, снимен по истоимениот роман „Убиство во Ориент-експрес“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]