Опел Олимпија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Опел Олимпија од 1938

Опел Олимпија (Opel Olympia) — автомобил во производство од 1935 г. и првиот со единечна каросерија и сосема челична конструкција во масовно производство. Цената во Германија му била 2500 рајхсмарки и за тие пари купувачот добивал солиден автомобил со 1,3-литарски, 4-цилиндричен мотор со влечна сила од 24 кс (18 kW) кој развивал брзина до 95 км/ч. Автомобилот се продавал во две варијанти, како купе и како кабриолет. Помеѓу 1935 и почетокот на Втората светска војна во 1940 биле произведени преку 168.000 вакви автомобили.

Опел Олимпија своевремено бил еден од најпопуларните автомобили во Македонија.

Опел

Патнички:
Агила | Антара | Астра | Вектра | ГТ | Зафира | Корса | Мерива | Сигнум | Синтра | Спидстер | Тигра

Стопански:
Виваро | Комбо | Мовано

Концепти:
Аеро ГТ | Антара ГТЦ | Г90 | ГТ 2 | Дизел Рекордваген | Еко Спидстер | ОПЦ Екс-Трим | Инсигнија | Макс | Сноутрекер | Трикс| Фрогстер | Фруа Дипломат | ЦД

Историски:
Адмирал | Аскона | Блиц | Комодор | Дипломат | ГТ | Кадет | Калибра | Капитен | Мантра | Монтереј | Монца | Олимпија | Омега | Рекорд | Сенатор | Фронтера

уреди