Нова Мудања

Координати: 40°14.19′N 23°16.53′E / 40.23650° СГШ; 23.27550° ИГД / 40.23650; 23.27550
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Нова Муданија)
Нова Мудања
Νέα Μουδανιά
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Нова Мудања
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Нова Мудања
Нова Мудања is located in Грција
Нова Мудања
Нова Мудања
Местоположба во областа
Нова Мудања во рамките на Нова Пропонтида
Нова Мудања
Местоположба на Нова Мудања во Нова Пропонтида и областа Централна Македонија
Координати: 40°14.19′N 23°16.53′E / 40.23650° СГШ; 23.27550° ИГД / 40.23650; 23.27550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаНова Пропонтида
Општ. единицаМудања
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно9.342
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Нова Мудања или само Мудања (грчки: Νέα Μουδανιά, Неја Мудања) — гратче во Касандриско, Егејска Македонија, денес седиште на општината Нова Пропонтида на Халкидичкиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 9.342 жители (2011). Основано е од грчки дојденци во 1920-тите.

Географија[уреди | уреди извор]

Нова Мудања е сместена на источниот брег од Солунскиот Залив, југозападно од Полигеро, на влезот од полуостровот Касандра.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Ова неселено место за првпат е забележано во пописот од 1920 г. како Карги Лимани (Чавкино Пристаниште) со 168 жители, од кои 100 мажи, што значи дека се работело за место на пристанишни работници и рибари.[2] Официјално е прогласено за село во 1922 г. кога почнале да се носат грчки доселеници од Мудања во Мала Азија. Во 1928 г. местото веќе имало 1.238 жители.[2] Селото било уредено, заменувајќи ги поранешните неуредни пристанишни постројки со уредено пристаниште и туристички капацитети, поради што доживеало поголем раст од сите други крајбрежни населби во околината. Во 1940 г. во Нова Мудања се попишани 2.296 жители. Во 1980-тите веќе станало гратче, надминувајќи 4.000 жители и продолжило да се развива. Во 2000-тите надминало 6.000 жители, а во 2011 населението пораснало на 9.342 лица.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2.296 2.600 2.600 3.146 4.124 4.403 6.475 9.342
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население се занимава со риболов, трговија, земјоделство и свиларство — занает кој бегалците го довеле со себе од Мала Азија. Денес Нова Мудања е најдинамичниот град во западниот дел на полуостровот и е важно одморалиште со бројни туристи. Во средината на јули се одржува Фестивал на сардината.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 374.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]