Атманџали

Координати: 40°23′N 23°3′E / 40.383° СГШ; 23.050° ИГД / 40.383; 23.050
Од Википедија — слободната енциклопедија
Атманџали
Λάκκωμα
Атманџали is located in Грција
Атманџали
Атманџали
Местоположба во областа
Атманџали во рамките на Нова Пропонтида
Атманџали
Местоположба на Атманџали во Нова Пропонтида и областа Централна Македонија
Координати: 40°23′N 23°3′E / 40.383° СГШ; 23.050° ИГД / 40.383; 23.050
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаНова Пропонтида
Општ. единицаКаликратија
Надм. вис.&10000000000000515000000515 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.171
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Атманџали или Акманџали (грчки: Λάκκωμα, Лакома) — село во Општина Нова Пропонтида во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2].

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Атманџали се наоѓа на 32 километри јужно од градот Солун и на 32 километри југоисточно од центарот на општината Нова Пропонтида, на западниот дел од полуостровот Халкидик, на надморска височина од 100 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 310 жители Турци[3].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

На пописот од 1913 година биле евидентирани 300 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 310 жители[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 336 жители, додека во 1940 година селото броело 632 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 606 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 756 жители, во 1971 година имало 804 жители, во 1981 година имало 676 жители[4], додека во 1991 година имало 819 жители. Денеска, населението на селото е 859 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 658 816 902 711 1037 1416 1311 1171
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ακμαντζαλή -- Λάκκωμα
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 172.
  4. 4,0 4,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 172.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]