Национален парк Уаскаран

Координати: 9°20′0″S 77°24′0″W / 9.33333° ЈГШ; 77.40000° ЗГД / -9.33333; -77.40000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Уаскаран
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Планината Уаскаран
Место Перу
Анкаш
Најблизок градХуарас, Анкаш
Координати9°20′0″S 77°24′0″W / 9.33333° ЈГШ; 77.40000° ЗГД / -9.33333; -77.40000
Површина340,000 ha (1,31.275 sq mi)
Воспоставен(а)1 јули 1975
Управно телоSERNANP
Мрежна страницаParque Nacional Huascarán
светско наследство на УНЕСКО
Светско наследство на УНЕСКО
Критериумприродно: (vii), (viii)
Навод333
Запис1985 (IX заседание)
Површина340,000 ha (840,000 acres)

Национален парк Уаскаран (шпански: Parque Nacional Huascarán) е национален парк во Перу кој го опфаќа најголемиот дел од планинскиот венец познат како Кордиљера Бланка (највисокиот тропски планински масив на светот) кој е дел од централните Анди, во регионот Анкаш.[1][2] Паркот зафаќа површина од 340.000 хектари (околу 3.400 км2) и е управуван од перуанската мрежа на заштитени природни области: СЕРНАНП (Servicio Nacional de Áreas Naturales Protegidas). Прогласен бил за светско наследство во 1985 година од УНЕСКО,[3] а исто така е добро познато планинарско место и се наоѓа во уникатна биоразновидност со растителни видови како што се Puya raimondii, дрвјата од родовите Polylepis и Buddleja,[4] и животни, како што се очилни мечки, кондори, викуња и перуански елен.

Паркот е приближно 150 километри долг од север кон југ и во просек е околу 25 километри широк. Западната падина на Кордиљера Бланка се спушта кон Тихиот Океан преку реката Санта, а источните падини се спуштаат до реката Марањон, а на крајот до реката Амазон и Атлантскиот Океан.

Историја[уреди | уреди извор]

Едно од езерата Лангануко, внатре во паркот.

Официјалните напори за заштита на оваа област започнале во 1960 година, кога сенаторот Аугусто Гусман Роблес го претставил предлог-законот на конгресот во Перу за создавање на Националниот парк Уаскаран.[4][5] Во 1963 година, Службата за шумарство и лов (Servicio Forestal y de Caza) презентирала прелиминарен проект за разграничување на Националниот парк Кордиљера Бланка, на површина од 321.000 хектари. На 18 февруари 1966 година била издадена владина резолуција со која се забранува сеча и лов на домородни видови во областа Кордиљера Бланка. Подоцна истата година, во Јунгај бил формиран патронатот на Националниот парк Уаскаран. Во 1967 година, Кари Слејмејкер и Џоел Албрехт, волонтери на Мировниот корпус, формулирале предлог за разграничување на површина од 85.000 хектари; и истовремено, Шумската регионална служба на Уарас ја основала зоната за набљудување на викуња и на растението Puya raimondii, со површина од приближно 10.000 хектари. Конечно, на 1 јули 1975 година бил создаден Националниот парк Уаскаран со уредба бр. 0622-75-AG, со површина од 340.000 хектари.[1]

Дефинитивно разграничување на Националниот парк Уаскарн билое можно преку пренамена на земјиштето во државна контрола со помош на компензирана експропријација на земјиште.[5] Границите на паркот избегнуваат вклучување на населени места кога е можно, но неколку заедници продолжуваат да одгледуваат добиток, иако властите во паркот се обидуваат да ја регулираат практиката.

Во 1977 година, УНЕСКО го призна Националниот парк Уаскаран како биосферен резерват, кој ја покрива долината на реката Санта, далеку над границите на паркот, опфаќајќи многу села и градови.[4] Во 1985 година, паркот бил прогласен за светско наследство.

Уандој, една од најпопуларните планини во внатрешноста на паркот.

Географија[уреди | уреди извор]

Националниот парк Уаскаран ја штити Кордиљера Бланка, која е највисокиот тропски планински масив во светот.[3] Сместен во централниот дел на Андите, паркот со површина од 340.000 хектари[1] опфаќа височински опсег од околу 2.500 метри до неколку завеани врвови над 6.000 метри. Меѓу тие врвови се наоѓаат Уаскаран (највисокиот во Перу со 6.768 метри), Уандој, Копа, Уанстан, и многу други.[6][7][8]

Другите географски одлики во рамки на паркот вклучуваат: долини во форма на U, 660 тропски ледници (најголемата глацијална област во тропските предели), 300 леднички езера и високи висорамнини пресечени со клисури со поројни потоци.[1][3][4]

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во паркот има две добро дефинирани сезони: сезона на дождови од декември до март и сува сезона од април до ноември. За време на сезоната на дождови, грмотевиците се чести, а полињата и планинските падини се покриени со многу зелени нијанси; сепак, сушната сезона носи сонце скоро секој ден, но студени ноќи.[9] Дневните температури во дождовната сезона можат да бидат од максимум 20 °C до минимум 5 °C; додека во сувата сезона максимумот може да биде 24 °C и минимум 2 °C.

Екологија[уреди | уреди извор]

Puya raimondii во паркот.
Вискача во Националниот парк Уаскаран.

Бидејќи е највисокиот тропски планински масив во светот, Кордиљера Бланка може да се пофали со различни клими од субалпска до алпска и тундра.[5] Долините и планинските падини се прекриени со расфрлани високи андски шуми и пасишта.[1][4]

Фауна[уреди | уреди извор]

Повеќе од 120 видови птици се пријавени на овие простори, вклучително и андкиот кондор, андската патка, пуна тинаму, кафеавоопашеста патка, андска патка, џиновско колибри, ибис, бело-кичурест нуркач, џиновска блатна кокошка, дрозд и андски галеб.[1][4]

Повеќе од десет видови на цицачи биле забележани во паркот, неколку од нив се загрозени видови, вклучувајќи: пампасна мачка, андска планинска мачка, очилна мечка, на перуански елен, викуња, белоопашест елен, пума, во северна вискача, долгоопашеста ласица, смрдливец и андска лисица.[1][4]

Флора[уреди | уреди извор]

Околу 779 растителни видови се идентификувани во паркот, од кои Puya raimondii е една од најрепрезентативните и предмет на зачувување.[1] Други растителни видови присутни во паркот се: Polylepis racemosa, Escallonia resinosa, Alnus acuminata, Senna birostris, Vallea stipularis, Lupinus spp., Vaccinium floribundum, Calamagrostis vicunarum, Festuca dolichophylla, Jarava ichu, Azorella spp, итн.[2]

Планинарење на планината Копа, внатре во Националниот парк Уаскаран.

Активности[уреди | уреди извор]

Посетителите на паркот можат да уживаат во активности како што се пешачење, гледање на дивиот свет, планински велосипедизам, скијање, планинарење, и културен туризам.[1][2] Уаскаран има 25 патеки за пешачење и 102 планинарски места.

Паркот, исто така, има потенцијал за истражување во многу научни области, како што се: метеорологија, геологија, глациологија, ботаника, лимнологија, зоологија, екологија и управување со диви животни.[2]

Во рамките на паркот има 33 археолошки наоѓалишта, кои вклучуваат: пештерски слики, антички населби, тераси за земјоделство, гробници, тврдини и наводнувачки работи.[1][4] Помеѓу градовите Олерос и Чавин има и предколумбиски пат.

Прашања за животната средина[уреди | уреди извор]

Меѓу главните вообичаени закани за паркот се повлекувањето на ледниците поради глобалното затоплување;[10] хидроенергетски проекти; легално и нелегално рударско работење со ниски еколошки стандарди; и губење на биолошката разновидност на земјоделското земјиште и пасиштата (второто главно се должи на конфликт помеѓу целите на паркот и правата на месното население).[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 „Huascarán - Servicio Nacional de Áreas Naturales Protegidas por el Estado“. SERNANP (шпански). Архивирано од изворникот на 2017-02-20. Посетено на 2016-05-29.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Smith, David N. (1988). Flora and vegetation of the Huascarán National Park, Ancash, Peru: with preliminary taxonomic studies for a manual of the flora (Ph.D. Thesis). Iowa State University.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Huascarán National Park“. unesco.org. UNESCO.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 „Parque Nacional Huascarán (in spanish)“ (PDF). parkswatch.org. Parkswatch.
  5. 5,0 5,1 5,2 Barker, Mary (1980). „National Parks, Conservation and Agrarian Reform in Peru“. Geographical Review. 70 (1): 1–18. doi:10.2307/214364.
  6. Neate, Jill (1994). „Peru“. Mountaineering in the Andes (PDF). RGS-IBG Expedition Advisory Centre. ISBN 0-907649-64-5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2021-04-30.
  7. Alpenvereinskarte 0/3a. Cordillera Blanca Nord (Peru). 1:100 000. Oesterreichischer Alpenverein. 2005. ISBN 3-928777-57-2.
  8. Alpenvereinskarte 0/3b. Cordillera Blanca Süd (Peru). 1:100 000. Oesterreichischer Alpenverein. 2005. ISBN 3-937530-05-3.
  9. Huascarán – Parque Nacional/National Park. SERNANP. 2009.
  10. Mark, Bryan; Bury, Jeffrey; McKenzie, Jeffrey; French, Adam; Baraer, Michel (2010). „Climate Change and Tropical Andean Glacier Recession: Evaluating Hydrologic Changes and Livelihood Vulnerability in the Cordillera Blanca, Peru“. Annals of the Association of American Geographers. 100 (4): 794–805. doi:10.1080/00045608.2010.497369.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]