Конгрес на Република Перу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 12°02′53″S 77°01′30″W / 12.04806° ЈГШ; 77.02500° ЗГД / -12.04806; -77.02500

Конгрес на Републиката
Congreso de la República
период 2016-2021
Coat of arms or logo
Вид
Видеднодомен парламент
Водство
Претседател на КонгресотДаниел Салавери,
Народна сила
од 26 јули 2018
1 потпретседателЛејла Чиуан,
Народна сила
од 26 јули 2018
2 потпретседателСегундо Тапија,
Народна сила
од 26 јули 2018
3 потпретседателЈени Вилкамота,
Народна сила
од 29 јули 2018
Состав
Членови130
ПартииВлада (15)

     ПЗП (15)

Опозиција (115)
     НС (62)
     независни (15)
     ШФ (10)
     НП (10)
     АЗН (8)
     НА (5)

     АНРА (5)
ПлатаS/187,200 годишно
Избори
Изборен системпропорционално претставништво
со 5%[1] изборен праг
Последни избори10 април 2016
Зборно место
Vista panorámica del Hemiciclo de sesiones del Congreso del Peru.jpg
Законодавна палата
Плаза Боливар, Лима, Перу
Мрежно место
congreso.gob.pe
Gran Sello de la República del Perú.svg
Оваа статија е дел од серијалот за
политиката на
Перу
УСТАВ

Конгресот на Република Перу (шпански: Congreso de la República) е еднодомниот парламент и законодавното тело на Република Перу. Конгресот е составен од 130 членови, конгресмени (congresistas), кои се избрани прекку избори за мандат од пет години.

Моментално перуанските конгресмени се сретнуваат во Законодавната палата, зграда која се наоѓа во историскиот центар на Лима, наспроти „Плаза Симон Боливар“, односно плоштадот „Симон Боливар“. Актуелниот состав на конгресот е избран на изборите во 2016 година и претседател на конгресот е Даниел Салавери, од политиката партија Народна сила.

Регулатива[уреди | уреди извор]

Според членот 90 од уставот на Републиката, за да се кандидира еден политичар за конгресмен треба да ги исполнува еден од трите критериуми:

  • да е роден во Перу
  • да има најмалку 25 години
  • да има право на глас[2]

Кандидатите за претседател не може во исто време да се кандидираат за конгресмени, а потпретседателите можат. Дополнително, член 91 од уставот тврди дека владини функционери од висок ранг, воени лица и полициски службеници може да бидат конгресмени само 6 месеци откако ќе ги напуштат функциите.[2]

Конгресмените се избрани за мандат од пет години и може неограночено да бидат реизбрани, но ова е ретко. Парламентарните и претседателските избори се одвиваат заедно во државата. Изборите се одвиваат во април.

Надлежности[уреди | уреди извор]

Во членот 102 од уставот на Перу се наведени десет надлежности на конгресот. Овие надлежности се однесуваат и на законодавната функција на конгресот, но и можноста да проверува и балансира со друите гранки на власта:[2]

  1. да донесува закони и законодавни резолуции, како и да интерпретира, дава амандмани и повлекува постоечки закони
  2. до се грижи за почитување на уставот и законите, и да направи што и да треба за да преземат одговорност прекршувачите
  3. да склучува договори, во согласност со уставот
  4. да го донесува буџетот и општата сметка
  5. да одобрува позајмици, во согласност со уставот
  6. да ги применува правото на амнестија
  7. да одобрува територијална демаркација предложена од извршната власт
  8. да дава согласност за влегување на странски трупи во државата, кога не влијае, на кој било начин, врз суверенитетот
  9. да дава дозвола на претседателот на Перу да ја напушта државата
  10. да извршува должности предвидени со уставот и тие наследени од легислативната функција.

Состав на Конгресот 2016-2021[уреди | уреди извор]

На изборите во 2016 се добил следниов состав на конгресот:[3]

Congreso Perú 2018.svg
партија конгресмени
Народна сила 62
Перуанците за промена 15
Независни 15
Широк Фронт 10
Ново Перу 10
Алијанса за напредок на Перу 9
Народна Алијанса 5
Народна Акција 5
Извор: ONPE

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]