Морис Дрион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Морис Дрион
Maurice Druon 2003 Orenburg crop.jpg
Морис Дрион во 2003
Роден/а23 април 1918(1918-04-23)
Париз, Франција
Починат/а14 април 2009(2009-04-14) (воз. 90 г.)
Париз, Франција
Занимањероманописец
Националностфранцузин
Период1942–2009

Морис Дрион (француски: Maurice Samuel Roger Charles Druon, роден на 23 април 1918 во Париз - починал на 14 април 2009 во Париз) — француски писател романописец и академик, познат е по своите историски романи.

Биографија[уреди | уреди извор]

Морис Дрион е роден на 23 април 1918 година во Париз. Татко му, Лазар Самуилович Кесел, потекнува од позна руско-еврејска трговска фамилија[1] од Оренбург, која во 1908 година ја напуштила Русија[2] и се преселила во Ница. Неговиот чичко Жозеф Кесел е познат новинар и писател. Тој ја започнал својата актерска кариера под псевдонимот Сибер, но на 21 години се самоубил[2], кога неговиот син имал само две години. Потоа неговата мајка се омажила за Роже Дрион и идниот писател го прифатил презимето на својот втор татко. Големо влијание врз Морис Дрион извршил неговиот чичко, братот на неговиот татко, Жозеф Кесел (1898-1979) - писател и новинар.

Заедно со својот вујко Жозеф Кесел, младиот Дрион го напишал во 1943 година текстот на „Песната на партизаните“, која се претворила во химна на францускатиот отпор во времето на Втората светска војна[3][4][5]. Со одлука на Министерството за култура на Франција од 2006 година ракописот е прогласен за историски споменик.

Писателот посветил голем дел од својот живот на заштитата на францускиот јазик. Својата слава ја постигнал со серијата од историски романи во стилот на Александар Дима, издадени во 50-тите години - „Проколнатите кралеви„. Со нив станал еден од ретките западни автори, преведувани и масовно издадени во 70-тите и 80-тите години во земјите надвор од поранешната Железна завеса.

Во 1948 година ја освоил Наградата Гонкур за романот „Големите семејства“, а потоа и многу други награди. Во 1966 година станал член на Француската академија.

Морис Дрион бил министер за култура на Франција (во 1973-1974), пратеник во Националното собрание, пратеник во Европарламентот.

Во 2006 година Дрион, за време на посетата во татковината на своите родители, станал член на Руската академија на науките, како признание за важниот придонес во развојот на современите руско-француски врски и за создавање меѓу француските интелектуалци на позитивна слика за Русија.

Голем дел од неговите дела се екранизирани за големиот екран или како телевизиски серии.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Серијалот Проколнатите кралеви:
    • Железниот крал (1955)
    • Задавената кралица (1955)
    • Отров на круната (1956)
    • Законот на мажите (1957)
    • Француската волчица (1959)
    • Лилјанот и лавот (1960)
    • Кога еден крал ја губи Франција (1977)
  • Александар Велики (1958)
  • Мемоарите на Зевс (1962-1967)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. JINFO. "Jewish Authors". jinfo.org. конс. 24 June 2015. 
  2. 2,0 2,1 Julian Jackson. "Obituary: Maurice Druon". The Guardian. конс. 24 June 2015. 
  3. Weber, Bruce (15 April 2009). "Maurice Druon, Prolific Writer, Dies at 90". The New York Times. конс. 5 July 2015. 
  4. Lichfield, John (20 April 2009). "Maurice Druon: Writer and pugnacious defender of the French language". The Independent. конс. 5 July 2015. 
  5. "Gaullist Minister Wrote Popular Anthem". The Washington Post. 16 April 2009. конс. 5 July 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]