Жозеф Кесел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Франсис Жам
Joseph Kessel.jpg
Жозеф Кесел
Роден/а10 февруари 1898
Вила Клара, Аргентина
Починат/а23 јули 1979
Аверн, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин
РодниниМорис Дрион

Жозеф Кесел (француски: Joseph Kessel, роден на 10 февруари 1898 во Вила Клара - починал на 23 јули 1979 во Аверн) — француски новинар и писател. Тој бил член на Француската академија и Голем офицер на Легијата на честа.

Биографија[уреди | уреди извор]

Жозеф Кесел е роден во Вила Клара, Аргентина, бидејќи неговиот татко бил лекар кој постојано патувал. Од 1905 до 1908 година, Жозеф живеел во првите години од неговото детство во Оренбург, Русија, пред семејството да се пресели во Франција во 1908 година. Тој студирал во Ница и во Париз, и учествувал во Првата светска војна како пилот. Тој исто така бил пилот за време на Втората светска војна.

Кесел напишал неколку романи и книги кои подоцна биле претставени во кино, особено Belle de Jour (од страна на Луис Буњуел во 1967 година). Заедно со својот внук Морис Дрион, Кесел го напишал во 1943 година текстот на „Песната на партизаните“, која се претворила во химна на францускатиот отпор во времето на Втората светска војна[1][2][3]. Со одлука на Министерството за култура на Франција од 2006 година ракописот е прогласен за историски споменик.

Жозеф Кесел во 1962 година станал член на Француската академија. Починал на 23 јули 1979 година во Аверн, Франција и бил погребан во Париз. Тој е погребан во гробиштата Монпарнас во Париз.

Наградата „Жозеф Кесел“ е престижна награда која се доделува за француски јазик и литература.

Дела[уреди | уреди извор]

  • La steppe rouge (1922)
  • L'équipage (1923)
  • Au camp des vaincus ou la critique du 11 mai (1924)
  • Mary de Cork (1925)
  • Les captifs (1926)
  • Nuits de princes (1927)
  • Belle de Jour (1928)
  • Vent de sable (1929)
  • Fortune carrée (1932)
  • Le coup de grâce (1931)
  • La Passante du Sans-Souci (1936)
  • Hollywood, Ville mirage (1936)
  • L'Armée des ombres (1943)
  • Bataillon du ciel (1946)
  • Le tour du malheur (1950)
  • La Vallée des Rubis (1955)
  • Le lion (1958)
  • Les mains du miracle (1960)
  • Les cavaliers (1967)
  • Partout un ami (1972)
  • Des hommes (1972)
  • Les temps sauvages (1975)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Weber, Bruce (15 April 2009). „Maurice Druon, Prolific Writer, Dies at 90“. The New York Times. конс. 5 July 2015. 
  2. Lichfield, John (20 April 2009). „Maurice Druon: Writer and pugnacious defender of the French language“. The Independent. конс. 5 July 2015. 
  3. „Gaullist Minister Wrote Popular Anthem“. The Washington Post. 16 April 2009. конс. 5 July 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Biography at the Académie française (француски)
  • Plaisir Litteraire: [1] an interesting contribution about the youth of Joseph Kessel's father (француски)
  • [2]