Маријамполе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маријамполе
Град
Marijampolė.JPG
Плоштадот Басанавичиус
Знаме на Маријамполе
Знаме
Грб на Маријамполе
Грб
Прекар(и): Мајами на Литванија (неофицијално)
Местоположба во Литванија
Местоположба во Литванија
Маријамполе се наоѓа во Литванија
Маријамполе
Местоположба во Литванија
Координати: 54°32′50″ СГШ 23°21′00″ ИГД / 
Држава  Литванија
Етнографски регион Сувалкија
Округ Маријамполски
Општина Општина Маријамполе
Првпат спомнат 1337 г.
Градски права од 1420 г.
Управа
 • Градоначалник Видмантас Бразис
Површина
 • Вкупна 21 km2 (8 sq mi)
Надм. вис. 86 m (282 ft)
Население (2015)
 • Вкупно 38.345
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Postal code 68001
Повик. бр. (+370) 343
Мреж. место marijampole.lt

Маријамполе — индустриски град и административен центар на Маријамполскиот округ на југот на Литванија, граничи со Полска и Калининградската област (Русија), и Виштинецкото Езеро. Градот е центар на етнографскиот регион Сувалкија. Според бројот на население, градот е седми во државата со 38,345 жители (2015).

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата била првично основана како село наречено "Пашешупе" (на полски: Poszeszupie), по блиската река Шешупе. Како таков градот првпат бил спомнат во 1667 година. Во 18. век селото, кое во тој период припаѓало на католичката црква, пораснало и станало пазаришен град и неговото име било променето во Старпол или „Старополе“.[1] Населбата била уништена од пожар во 1765 година.

По несреќата сопругата на современиот старешина на Приенај, Франчиска Шчука, финансирала нова црква и манастир за религозната конгрегација Маријани.[1] По основањето на манастирот, нов град бил изграден во областа. Тој бил именуван "Марјампол", по Богородица Марија, со суфиксот -пол озчачувајќи град.[2]

На 23 февруари 1792 година, кралот Станислав II Август Поњатовски му доделил градски права на градот и привилегии за огранизирање пазари. По поделбата на Полска градот накратко бил дел од Прусија. Сепак, по наполеоновите војни тој бил вратен на Кралството Полска. Во 29. век градот продолжил да се развива, најмногу благодарение на големиот број на еврејски и германски населувачи. Во 1817 градот станал седиште на одделниот округ во административниот систем на кралството.[1] Во 1827 година градот имал 1759 жители. До 1861 година бројот се искачил на 3718 жители, од кои 3015 биле Евреји.[1] Пожар уништил многу дрвени куќи во 1868 година. Поради тоа, биле изградени многу куќи од камен.[3]

По јануарското востание и руското поттиснување на Полско-литванската Државна Заедница, округот Марјампол бил сериозно намален.[1] Во тој период манастирот добил значење бидејќи бил единствениот манастир во сопственост на Маријаните кој не бил затворен од царските власти. Околината на градот била главно населена од Литванци,[1] со што градот станал центар на литванската национална преродба. Близината на пруската граница довеeло до полесен шверц на книги на литвански јазик, кои биле забранети во Царска Русија. Најзначајни образовани луѓе и писатели активни во Маријампол во тоа време биле Казис Гриниус, Јонас Јаблонскис, Винцас Кудирка и Антанас Венцлова.

По првата светска војна градот станал дел од Литванија и бил преименуван во денешното име. Во текот на втората светска војна градот бил окупиран од Германија. На 1 септември 1941, некаде помеѓу 5,000 и 8,000 Евреји од Маријамполе, Калварија и пошироко - заедно со луѓе од различни потекла - биле убиени. Нивните тела биле оставени во масовна гробница близу реката Шешупе. Поголем дел од убијците биле литванци.[3][4] Како резултат на војната, градот бил силно уништен и речиси испразнет. По војната градот бил повторно изграден и населен со имигранти од другите делови на Литванија.

На 9 април 1955 година, властите во Литванската ССР уште една го преимнувале градот, овој пат во „Капсукас“, по литванскиот комунистички политичар Винцас Мицкевичиуш-Капсукас. Старото име на градот било вратено откако Литванија добила независност.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Маријамполе е достапен железнички, преку железничката линија Каунас-Шештокаи-Алитус. Градот се наоѓа на раскрсницата на два автопата. Европскиот пат Е67 го поврзува Хелсинки со централна и јужна Европа. Европскиот пат Е28 ги поврзува градовите Калининград со Минск.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Маријамполе е збратимен со:[5]

Значајни личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 various authors (1885). Filip Sulimierski. уред (на pl). Słownik geograficzny Królestwa Polskiego i innych krajów słowiańskich. VI. Warsaw: Wł. Walewski. стр. 146. http://dir.icm.edu.pl/pl/Slownik_geograficzny/Tom_VI/146. посет. 29 август 2008 г. 
  2. Cognate with the Greek suffix -polis. The modern Lithuanian name of the town also follows the same etymology. It is to be noted that there are at least ten settlements of the same name in modern Poland, Ukraine and Belarus, all sharing a similar etymology.
  3. 3,0 3,1 Translation of the Marijampolė chapter from Pinkas Hakehillot Lita
  4. The Jaeger Report
  5. „Sister cities“. http://www.marijampole.lt/go.php/Sister-Cities87096102218. посет. 4 мај 2014 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]