Марио и магионичарот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Марио и магионичарот (германски: Mario und der Zauberer) - новела на германскиот писател Томас Ман од 1929 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Хипнотизерот со сатанска моќ Чиполи им ја одзема слободната волја на неговите гледачи и ги тера пред него да играат степ. Притоа, дури и гледачите со силна волја, како еден господин од Рим, не можат да се спротивстават на моќта на магионичарот. Единствено, младиот келнер Марио се буди од хипнозата и го убива магионичарот.[1]

Осврт кон романот[уреди | уреди извор]

Ман го опишал ова дело како новела за еден „трагичен настан за време на патувањето“, зашто во него е обработен еден вистинит настан за време на патувањето на семејството Ман во фашистичка Италија при што семејната анегдота добила симболично значење, но политичко-социјалната позадина е очигледна, иако по својата фабула новелата не е политичка. Всушност, дури и кога дејството не би се случувало во тогашна Италија, одвратниот хипнотизер Чиполи претставува персонификација на фашизмот. Ман го гледа решението во борбениот став, велејќи дека „од несакање не може душевно да се живее; нешто да не се сака да се направи, тоа, на крајот на краиштата, не е никаква животна содржина.“ Оттука, единственото решение е на силата да ѝ се спротивстави некој позитивен идеал за кој вреди да се бориме. Со тоа, новелата може да се сфати и како предупредување на опасноста од несреќите коишто се неизбежни ако човечката волја се откаже од својата моќ, ако човекот не е во состојба свесно и сам да одлучува.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 139.
  2. Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 139.