Измамена (новела)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бенрат-Шлоес

Измамена или Предадена (германски: Die Betrogene) - новела на германскиот писател Томас Ман од 1953 година.

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

„Измамена“ е последната новела на Ман. Набљудувано од тематска гледна точка, таа означува враќање назад во неговиот книжевен развој, зашто во неа се обработува проблематиката на болеста, но од естетска гледна точка, таа е тешко прифатлива. Новелата е приказна за „горката измама на природата“, а таа е напишана според вистинит клинички случај: Прикриениот карцином мами една жена во години, која прикриено умира, мислејќи дека ѝ се вратила младоста. Според критичарот Адорно, новелата претставува „скандалозна парабола“, а и самиот Ман признал дека таа е „проблематичен производ“, објаснувајќи дека настанот му го привлекол вниманието поради „свирепата демонија на природата“. Сепак, независно од деликатната фабула, оваа новела му припаѓа на Мановиот опус во кој се разгледува блискоста на еросот и смртта, овде демонстрирани на еден физиолошко-патолошки случај. Иако претставува еден вид експеримент, таа е раскажана во стилот на класичната новела и зазема достојно место во романописниот опус на Ман.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 141.