Неред и рана болка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Неред и рана болка (германски: Unordnung und frühes Leid) - новела на германскиот писател Томас Ман од 1925 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во новелата се зборува за меланхоличната љубов на професорот по историја Корнелиус кон минатото и кон она што животот го осудил на пропаст. Притоа, за време на една домашна забава, четиригодишно девојче се „вљубува“ во убав студент, таја одразувајќи го кошмарот во кое се наоѓало граѓанското општество по Првата светска војна.[1]

Осврт кон романот[уреди | уреди извор]

„Неред и рана болка“ е автобиографска приказна чие дејство се одвива во времето на револуцијата од 1918 година и инфлацијата. Во професорот Корнелиус лесно може да се препознае самиот автор. Заснована врз психоанализата и напишана со многу хумор и со блага иронија, која не ја нарушува топлата симпатија за човекот и за неговата болка, оваа новела ги содржи сите карактеристики на раскажувачката постапка на Ман.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.
  2. Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.