Прејди на содржината

Закон (книга на Томас Ман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
1904 Лоренс Алма-Тадема - Пронаоѓањето на Мојсеј
Мојсеј од Микеланџело

Закон (германски: Das Gesetz) - новела на германскиот писател Томас Ман, напишана во 1943, а објавена во 1944 година.

Осврт кон делото

[уреди | уреди извор]

Ман ја напишал новелата „Закон“ за време на неговиот престој во САД, каде предавал германска книжевност на Универзитетот Принстон. Таа претставува хумористична и дидактична приказна за ослободувањето на Евреите од Египет и примањето на божјите заповеди на планината Синај. Новелата е напишана под влијание на учењето на Фројд и се одликува со голема доза на иронија. Во неа, Ман го истакнува значењето на моралните закони за животот на човечката заедница при што новелата содржи алузии на нацистичкиот режим и на неговиот водач, кому Ман му прорекува пропаст. Напишана по порачка, новелата има „борбена смисла“, а старозаветната тема е обработена рационалистички и за фантастичните настани наоѓа психолошко објаснување, така што од библискиот материјал создава модерна приказна.[1]

  1. Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 140.