Рајчки манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец“
Raychitsa-Monastery-St-George.jpg
Поглед на манастирот
Основни податоци
Место Рајчица, Македонија
Координати 41°30′53″ СГШ 20°32′56″ ИГД / 
Припадност православие
Општина Дебар
Осветен XIV век
Олтарот на манастирската црква

Раички манастир или понекогаш Рајчички манастирманастир во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар, односно во неговото предградие на само 2 км од центарот. Тој претставува женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски Бигорски манастир. Овој манастир се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир Свети Јован во Дебарското поле. Сепак точната година на изградба на манастириските конаци е 1835 година во времето кога игумен на Бигорскиот манастир бил архимандритот Арсениј од Галичник.

Црква[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Црква „Св. Ѓорѓи“ - Рајчица.

Црквата е посветена на Св. Ѓорѓи Победоносец и била зографисана и живописана во периодот од 1840 до 1852 година од зографот Михаил и монахот Данаил од Бигорскиот манастир, а додека долниот дел го досликал нивниот ученик Дичо Зограф од Тресонче. Се до 1945 година во манастирот опстојувало братство кое било забрането од комунистичката власт, а манастирот бил претворен во коњушница. До 1999 година овој манастир беше руиниран и во рушевини, но благодарејќи на иницијативата на игуменот на Бигорскиот манастир архимандрит Партениј (со братството), манастирот беше возобновен, а воедно беше возобновено и женското монашко сестринство кое денес има сестринска соработка со манастирот „Рождество на пресвета Богородица“ од Бостон, САД. За манастирот е интересно да се спомене дека во него рачно се изработуваат митри (круна, дел од богослужбените одежди на православните епископи) кои ги носат владиците на МПЦ, но и владиците во Бугарија, Србија, Грција, Романија, како и во Вселенската патријаршија во Цариград. „Свети Ѓорѓи Победоносец“ . Во манастирот се чуват делови од моштите на Свети Јован Кукузел и Свети великомаченик Георгиј Победоносец како и честица од Чесниот Крст .Сега е еден од најубавите македонски манастири и секоја година традиционално се празнува Ѓурѓовден, што воедно е и селска слава на селото Рајчица на која традиционално покрај дебарчани, присуствуваат и гости од други градови во Македонија (Охрид, Гостивар, Битола, Скопје, Кочани и др.).

Параклисот посветен на Григориј Палама, Нектариј Битолски и Јован Кукузел е од поново време. Осветен е во 2006 година.[1] Во него се чуваат мошти на патронот Свети Јован Кукузел.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]