Мал Брзовец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мал Брзовец
Мал Брзовец (Бистра) 01.jpg
Поглед на врвот Мал Брзовец
Висина 1.899 м
Местоположба Македонија Македонија
ВенецБистра
Координати41°34′27.1″ СГШ 20°44′01.3″ ИГД / 
Прво освојувањенепознато

Координати: 41°34′27.1″ СГШ 20°44′01.3″ ИГД /  Мал Брзовец — планински врв на планината Бистра, во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1.899 метри. Се наоѓа на големиот карпест гребен наречен Брзовец на јужниот дел на планинското било на Бистра, од десната страна на долината на Тресонечка Река и Мала Река во срцето на Мијачијата[1]. Се издигнува веднаш над селото Тресонче. Во подножјето на Брзовец во линија југоисточно од врвот, веднаш до десниот брег на бујните брзаци на Тресонечка Река се наоѓа пештерата Алилица. Поради издаденоста и географска поставеност од врвот Мал Брзовец се пружа прекрасна глетка на целата долина на Мала Река со панорамски поглед на Тресонче, Селце и глетка на селото Лазарополе како орлово гнездо на дланка, а кон север се пружа глетка на планина Бистра со нејзините највисоки врвови Меденица, Чавкарник, Ќурков Дол. До врвот може да се пристапи од селото Тресонче веднаш над малата хидроцентрала, по трансверзална патека пробиена за искачувањето во рамки на планинарскиот предизвик „12 Врвови“.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шаревски, Марио (2016). Брошура „12 Врвови“, стр. 18