Суво Поле (Бистра)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на Суво Поле

Суво Поле — карстно поле, висорамнина на планината Бистра. Се наоѓа на југ од карстното поле Салтаница, сместено помеѓу врвовите Вели Вар (1,915 м) на запад и Бунтовица (1,829 м) на исток[1]. Со карстното поле Султаница се поврзува преку превојот на височина од 1,740 м, а во јужен правец е заградено со возвишение чија височина се движи помеѓу 60 и 85 м[1]. Полето е тектонски предиспонирано со систем на раседи[1]. Еден таков расед поминува по дното на самото поле чиј правец на протегање е север‐југ[1]. Дното на карстното поле е зарамнето, а по него се среќаваат бројни вртачи со најразлични форми[1]. Полето е суво и безводно по што и го добило името[1]. Речна мрежа не постои, а целокупната вода од врнежите и водата што се добива со топењето на снеговите се инфилтрира вдолж бројните пукнатини и понорите што се наоѓаат по дното на вртачите[1]. Дното на полето е препокриено со црвеница врз која се развила бујна тревна вегетација[1]. На самиот источен крај веднаш над работ над длабокиот дел на Јадовска Река постои созѕидана каптажа за вода, а на Суво Поле постои и едно бачило. Низ Суво Поле поминува обележана планинарска патека која води од Тресонче преку врвовите Голем и Мал Брзовец до Галичник.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 7 ноември 2017.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)