Скијачки центар „Маврово“
Скијачки центар „Маврово“, офиц. Скијачки центар „Заре Лазарески“ — скијачки центар покрај селото Маврово, Гостиварско. Идеен основач на овој скијачки центар е Заре Лазарески, и поради тоа скијачкиот центар го носи неговото име.
Вкупно има изградено 3 жичници и 11 влечници (ски-лифтови), од кои првата жичница е изграден уште во 1964 година. Вкупната должина на патеки изнесува 15,5 км. Патеките за скијање се наоѓаат на надморска височина од 1.255 па сѐ до 1.878 м.н.в. Влечниците и жичниците имаат вупен капацитет од 11.100 лица на час. Скијачкиот центар се наоѓа на 30 км од градот Гостивар.
Жичници
[уреди | уреди извор]Име | Вид | Име на патеката | тежина на патеката | М.н.в.
(почетна) |
М.н.в.
(крајна) |
Вис.
разлика |
Брзина
(м/с) |
Време на
возење |
Должина
(м) |
Капацитет
(лица/час) |
Производител |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Корија (Едносед) | едноседна | „Корија“ (т.н. „Стара стаза“) | црна | 1.255 | 1.604 | 349 | 2 | 9 мин 10 сек | 1.002 | 450 | н/п |
Маврово 1 | двоседна | „Брзача“ (т.н. „Нова стаза“) | црна | 1.268 | 1.680 | 412 | 2 | 17 мин | 1.862 | 800 | Допелмајр |
Маврово 2 | двоседна | „Брзача“ (т.н. „Нова стаза“) | црна | 1.268 | 1.682 | 414 | 2 | 16 мин | 1.775 | 600 | Лајтнер |
Влечници
[уреди | уреди извор]Име | Боја (тежина на патеката) | Вид | М.н.в.
(почетна) |
М.н.в.
(крајна) |
Висинска
разлика (м) |
Брзина
(м/с) |
Време на
возење |
Должина
(м) |
Капацитет
(лица/час) |
Производител |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Електроцентрали Маврово (т.н. Црвен ски-лифт, Прв ски лифт) | црна | сидро | 1.604 | 1.690 | 86 | 2,3 | 2 мин 30 сек | 313 | 900 | Допелмајр |
Бочковец (т.н. Плав ски-лифт) | црвена | сидро | 1.613 | 1.724 | 111 | 2,3 | 5 мин 30 сек | 689 | 900 | Допелмајр |
Зелен [б 1] | црвена | сидро | 1.640 | 1.717 | 77 | 2,3 | 2 мин 30 сек | 305 | 900 | Допелмајр |
Детска радост | зелена | чинија | 1.678 | 1.721 | 43 | 2,3 | 2 мин 30 сек | 307 | 900 | Допелмајр |
Смрека (т.н Жолт ски-лифт) | зелена | сидро | 1.672 | 1.725 | 53 | 2,3 | 2 мин 30 сек | 407 | 900 | Допелмајр |
Повратен (стар) | зелена | сидро | 1.657 | 1.725 | 68 | 2,5 | 3 мин 50 сек | 475 | 900 | Допелмајр |
Повратен (нов) | сина | сидро | 1.657 | 1.725 | 68 | 2,3 | 3 мин 40 сек | 475 | 900 | Допелмајр |
Галички | црвена | сидро | 1.666 | 1.798 | 132 | 2,3 | 8 мин 40 сек | 1.087 | 900 | Допелмајр |
Мал Галички | црвена | сидро | 1.686 | 1.791 | 105 | 2,5 | 4 мин | 539 | 1000 | Лајтнер |
Белички | црвена | сидро | 1.726 | 1.878 | 152 | 2,3 | 7 мин 2 сек | 923 | 900 | Допелмајр |
Бачило [б 2] | сидро | 1.658 | 1.680 | 22 | н/п | н/п | н/п | н/п | Допелмајр |
- Белешки
Патеки
[уреди | уреди извор]Вкупната должина на тешки (црни) патеки за алпско скијање е 5 км, среднотешки (црвени) патеки се со вкупна должина 6,5 км и лесни (сини) патеки има вкупно 4 км.
Исто така, во овој скијачки центар е и познатата патека за нордиско скијање „Мирна Долина“ на истоименото место. На оваа патека се организира меѓународниот натпревар во нордиско скијање „Мавровски меморијал“, посветен на 52-те загинати лица во лавината која ги има затрупано објектите за сместување на луѓето кои работеле на изградбата на хидросистемот „Маврово“.
Скоро половина од патеките за алпско скијање имаат систем за вештачко оснежување.