Прејди на содржината

Магнус Норман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Магнус Норман во 2013

Магнус Норман (роден на 30 мај 1976 година) е шведски тениски тренер и пензиониран професионален тенисер. Тој го достигнал највисокиот пласман во својата кариерата според Здружението на тениски професионалци (АТП) тоа е светскиот рекет број 2 во поединечна конкуренција. Овој резултат го имал на 12 јуни 2000 година. Најдобрите моменти во неговата кариера се оние кога тој стигнал до финалето на Гренд слем Отвореното првенство на Франција Ролан Гарос во 2000 година (поразен бил од Густаво Куертен), и освојувањето на титулата на АТП Мастерс турнирот во Рим во 2000 година (тогаш во финалето бил поразен тенисерот Куертен).

Норман е сопственик на тениската академија „Добро до одлично“.[1] Меѓу неговите ученици кои ја посетувале се Стен Вавринка, Гаел Монфис и бугаринот Григор Димитров. Тој, исто така, играл спорт кој наречен бенди,кој го играл во младоста пред да одлучи да се концентрира на тенисот.[2]

Тениска кариера

[уреди | уреди извор]

Норман станал професионалец во 1995 година кога имал само 19 години. Неговата кариера била прекината кога се повредил токму во времето кога бил на врвот од својата кариера во 2000 година. Тогаш тој стигнал до полуфиналето на Австралија опен и финалето на Отвореното првенство на Франција, како и титулата на Мастерсот на турнирот во Рим и неколку други титули освоени претходно во текот на сезоната. Тој бил на прагот да стане светски тренисер број 1. Неговиот последен натпревар го одиграл во септември 2003 година од кога и се повлекол на еден турнир во третото коло играјќи против Јиржи Новак. Тој се повлекол од тенисот поради сериозни повреди во делот на колкот и на коленото. Тоа го сторил во 2004 година кога имал само 27 години и се натпреварувал нешто повеќе од 8 години на АТП турнирите.

Како јуниор и помлад тенисер Норман постигнал добар резултат во поединечна конкуренција и тоа сооднос на победи-порази од 46:24.

Професионална играчка кариера

[уреди | уреди извор]

1995; 1996 и 1997 година

[уреди | уреди извор]

Во јуни 1995 Норман го направил своето прво достигнување на турнирите стигнувајќи до четвртфиналето на Отвореното првенство на Франција. Неговиот најзабележителен натпревар на турнирот бил неговиот натпревар од третото коло против светскиот рекет број 1 Пит Сампрас, кога Норман бил воодушевен победувајќи го фаворизираниот американец во четири сета. Потоа тој го победил поранешниот полуфиналист на турнирот, но и олимписки освојувач на златен медал Марк Росет во 4 сета. На крајот Норман загубил од белгискиот квалификант на турнирот Филип Девулф во четири сета. Како резултат на оваа добра серија, Норман за прв пат во кариерата се пробил во Топ 50 светски играчи. Еден месец подоцна на Вимблдон, тој го вчудовидел тенискиот свет откако го победил вториот носител и двократниот финалист како и двократниот полуфиналист Горан Иванишевиќ во пет сета во второто коло на турнирот. Петтиот сет завршил со резултат од 14:12. Една седмица подоцна, Норман ја освоил својата прва титула на АТП турнирот во Баштад на Шведскиот опен, победувајќи го шпанецот Хуан Антонио Марин. Во октомври стигнал до уште едно финале овој пат во градот Острава во Чешка, но морал да се откаже ( поради повреда) откако го загубил првиот сет за помалку од половина час. Тој ја завршил годината како светски рекет број 22.

1998 година

[уреди | уреди извор]

Поради неправилно чукање на срцето Норман бил подложен на корективна операција на срцето, поточно на срцевиот залисток во 1998 година. Во текот на годината тој имал клучна улога во победата во Дејвис купот за тимот Шведска, која била последната титула на Шведска до ден денес.

1999 и 2000 година

[уреди | уреди извор]

Норман доживеал огромен успех во првата половина од 1999 година кога стигнал до полуфиналето на Австралија опен, потоа и освојувањето на Мастерсот во Рим, победувајќи го Густаво Куертен од Бразил во 4 сета како и играњето во финалето на Отвореното првенство на Франција, каде ги победил Тиери Гвардиола, Фабрис Санторо, Саргис Саргсијан, Андриј Медведев, Марат Сафин и Франко Сквилари пред да загуби од Густаво Куертен во финалето. Ако го победел бразилецот во тој натпревар Норман ќе станел првиот швеѓанец по неговиот идол Стефан Едберг кој се искачил на светската позиција број 1. Поразот, исто така, ја прекинал неговата серија од победи во 8 последователни финалиња кои траеле од 1998 година.

Неговиот пад во играта и во кариерата започнал поради постојаните тешки повреди во колковите и колената. Тоа се случувало кон крајот на 2000 година по Олимписките игри во Сиднеј. На олимписките игри тој загубил во третото коло од Французинот Арно ди Пасквал (ди Пасквал продолжил на турнирот сè до освојувањењто на третото место и бронзениот медал).

Во 1999 и 2000 година, Норман освоил вкупно 10 титули, што биле повеќе од било кој друг играч од АТП листата во тој период.

2001; 2002; 2003; 2004 година

[уреди | уреди извор]

По пензионирањето (крајот на кариерата)

[уреди | уреди извор]

Откако се пензионирал како играч тој чувствувал горчина затоа што имал само 27 години и бил релативно многу млад. Норман решил да помине извесно време далеку од тенисот. Бил гневен и изговорил дека: „Не гледал тенис, ниту зел рекет во рака“. Во 2005 година работел и бил активен во Управен одбор на Шведската тениска федерација, а извесно време работел и со шведскиот тениски јуниорски тим. Помеѓу 2006 и 2008 година студирал маркетинг и економија на бизнис школата ИХМ во Стокхолм. Во исто време работел и во институцијата Катела Фонд Менаџмент.

Норман постепено сфатил дека има уште многу да му подари на тенисот, но бил опортун и велел дека навистина е добро да биде извесно време далеку од тенисот, да придобива нови пријатели и да се развива како личност надвор од тенискиот свет.[3] И поради неговата трагична кариера во смисла на повредите, Норман рекол дека сепак чувствувал дека сè уште има што да докажува и постигнува во однос на тенисот, дека сепак „оставил нешто на масата како неизбришлива трага“. Со оваа мотивација, тој решил подоцна уште еднаш да проба да се занимава со тенис. Тој започнал да работи со поранешниот партнер во двојки Томас Јохансон и тоа во последните моменти од неговата кариера.За време на неговиот одмор во 2008 година, работел како тренер на шведскиот олимписки тениски тим. Тој го предводел шведскиот тим до сребрениот медал во машки двојки на олимпијадата во Пекинг (Јохансон и Симон Аспелин).

Тренирање

[уреди | уреди извор]

Норман постепено си изградил репутација како еден од најголемите и најпочитуваните тениски тренери ширум светот.[4] Норман целосно ја напуштил Катела за да започне да го тренира својот колега, швеѓанецот Робин Седерлинг, кој под негова палка успеал да стигне до неколку финалиња и тоа на Грен слем финалето на Отвореното првенство на Франција во 2009 и 2010 година, а потоа го освоил и Мастерсот во Париз во 2010 година. Норман како тренер заедно со Седерлинг како играч се квалификувале во финалето на светскиот АТП турнир. За тие две години и Седерлинг стигнал до светскиот рекет број 4. По ова Норман и Седерлинг се разделиле некаде до крајот на сезоната 2010. Норман одлучил дека во иднина своето слободно време сакал да го поминува повеќе со своето семејство и дека на Седерлинг му требало тренер со полно работно време. Седерлинг ја усвоил препораката на Норман за нов тренер. Седерлинг бил на дофат на уште една добра сезона пред повредите и мононуклеозата да му ја завршат неговата кариера, и тоа само 7 месеци по заминувањето на Норман. Во тој периодот бил рангиран на 5то место во светот и штотуку освоил 2 последователни титули со вкупно 10 победи. Во полуфиналињата и финалиињата загубил само 5 гемови.

Норман подоцна бил посакуван тренер од неколку истакнати играчи на турнири. Норман ги одбил барањата на тенисерите бидејќи сè уште му требало повеќе време да минува со своето семејство, а и штотуку започнал да создава нова тениска академија за која му требало голема посветеност, наречена Тениска академија. Тоа била академијата „Добро до одлично“ формирана во 2011 година заедно со колегите и поранешни шведски тенисери Микаел Тилстром и Никлас Култи.

Тој на крајот сепак одлучил да биде тренер на Стен Вавринка почнувајќи да работи со него од сезоната 2013. Норман заедно со тенисерот Вавринка како тренер ги има освоено Отвореното првенство на Австралија во 2014, Отвореното првенство на Франција во 2015 година и Отвореното првенство на САД во 2016 година,потоа титула на АТП Светскиот Мастерс куп 1000 во Монте Карло 2014 година и првата титула во Дејвис купот на Швајцарија во 2014 година. Во тој период овој двоец успеал да ги победи големите играчи како Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ како и можеби најголемиот на сите времиња сонародникот на Вавринка (Роџер Федере)). Стен во тој момент бил светски рекет број 3. Како признание на сите овие достигнувања, Норман ја освоил инаугуративната награда за тренер на годината на АТП во 2016 година.

Стил на играње

[уреди | уреди извор]

Магнус Норман бил познат како еден од најмоќните и најсилните спортисти на турнирите. Дополнително тој бил познат по својата работна етика и перфекционизмот на теренот. Во претходните фази од кариерата тој играл тенис со стилот сервис па волеј, под влијание на неговиот идол Стефан Едберг, но подоцна почнал да користи агресивна игра од основната линија. Норман поседувал многу опасен форхенд удар и честопати ги користел своите удари на земјените терени за да постигне успех во играта. Норман исто така можел да практикува одлично темпо со неговиот рамен бекхенд удар со две раце. Тој, исто така, користел ниски удари со многу слајс во нив, па така и повремено излегувал на мрежата.

Норман исто така бил еден од играчите со најсилна ментална игра на сите времиња. Еден од најдобрите прикази било финалето на Отвореното првенство на Франција во 2000 година, кога Норман спасил 10 натпревар поени пред да го победи Густаво Куертен во тај-брејкот од четвртиот сет.

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Норман почнал да игра тенис на 8-годишна возраст кога неговата баба му подарила рекет за роденден. Тој е најстарото дете во семејството на татко му Леиф (кој играл бенди во шведската втора лига) и мајка му Леена (која била пливачка во шведската репрезентација). Тој имал помлад брат со име Маркус, кој исто како татко им играл бенди спорт, но бил и генерален секретар на Шведската асоцијација за бенди спорт.[5]

Тој накратко бил во врска со швајцарската тениска шампионка Мартина Хингис.[6]

Значајни финалиња

[уреди | уреди извор]

Гренд слем финалиња

[уреди | уреди извор]

Сингл: 1 (1 второпласиран)

[уреди | уреди извор]
Резултат Година Првенство Површина Противник Резултат
Пораз 2000 година Франција опен Земја Бразил Густаво Куертен 2–6, 3–6, 6–2, 6–7 (6–8)

Финале на Мастерс серијата

[уреди | уреди извор]

Сингл: 1 (1 титула)

[уреди | уреди извор]
Резултат Година Турнир Површина Противник Резултат
Победи 2000 година Мастерс во Рим Земја Бразил Густаво Куертен 6–3, 4–6, 6–4, 6–4

Финале во кариерата

[уреди | уреди извор]

Поединечна конкуренција: 18 (12 титули, 6 порази)

[уреди | уреди извор]
Легенда
Гренд слем турнири (0–1)
Мастерс куп во тенис (0–0)
Мастерс серии на АТП (1–0)
Златна меѓународна серија на АТП (1–1)
Меѓународна серија на АТП (10–3)
Површина
Тврда (5-3)
Трева (0-0)
Земја (7-2)
Тепих-синтелон (0–1)

Двојки: 1 (1 второпласиран)

[уреди | уреди извор]

Временска рамка за изведба

[уреди | уреди извор]

Слободни

[уреди | уреди извор]
Професионална кариера
Турнир 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 SR Победа–Пораз
Гренд слем турнир
Австралија опен апстиненција квалификации 2 коло квалификации 1 коло апстиненција 1 коло 1 коло 1 коло 2 коло полу финале 4 коло апстиненција апстиненција 0 / 6 9–6
Франција опен апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 2 коло четврт финал 2 коло 1 коло финале 1 коло 1 коло 1 коло 0 / 8 12–8
Вимблдон апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 3 коло 1 коло 3 коло 2 коло апстиненција апстиненција апстиненција 0 / 4 5–4
УС опен апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 2 коло 2 коло 4 коло 4 коло апстиненција 1 коло 1 коло 0 / 6 8–6
Победа-пораз 0–0 0–0 0–0 0–0 1–2 7–4 2–4 6–4 15–4 3–2 0–2 0–2 0 / 24 34–24
Година и натрепревари
Тенис Мастерс куп Не се квалификувал игра во круг (секој со секого) не се квалификувал 0 / 1 0–3
АТП Мастерс серии
Индијан Велс Мастерс апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 2 коло апстиненција четврт финале 1 коло апстиненција квалификации 2 коло 0 / 3 4–3
Мајами Мастерс апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 1 коло 2 коло 3 коло 3 коло апстиненција квалификации 2 коло 0 / 4 3–4
Монте Карло Мастерс апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 2 коло апстиненција 2 коло 2 коло 1 коло 3 коло 0 / 5 5–5
Рим Мастерс апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција квалификации 2 коло апстиненција 2 коло апстиненција победа 1 коло 1 коло 1 коло 1 / 5 7–4
Хамбург Мастерс апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 1 коло апстиненција четврт финале 2 коло апстиненција апстиненција 0 / 3 4–3
Канада Мастерс апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 1 коло 2 коло 1 коло апстиненција 0 / 3 1–3
Синсинати Мастерс апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 2 коло 1 коло 1 коло апстиненција 0 / 3 1–3
Мадрид Мастерс Мастерс серијата не е одиграна 2 коло апстиненција 0 / 1 1–1
Штутгарт Мастерс 1 коло апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 2 коло 3 коло 3 коло апстиненција Мастер серијата не е одиграна 0 / 4 2–4
Париз Мастерс апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 2 коло 2 коло 1 коло 2 коло апстиненција апстиненција апстиненција 0 / 4 2–4
Победа-пораз 0–1 0–0 0–0 0–0 0–0 1–1 5–7 2–3 15–8 4–7 1–5 2–2 1 / 35 30–34
Статистички податоци во кариерата
Финале 0 0 0 0 0 2 2 5 6 2 1 0 18
Титула 0 0 0 0 0 1 1 5 5 0 0 0 12
Тврда

победа–пораз

0–0 0–0 0–0 0–0 6–6 10–11 6–13 23–11 39–15 19–12 7–10 5–7 115–85
Земја победа-пораз 0–0 0–0 0–0 3–2 7–4 19–6 17–13 19–7 27–8 5–9 5–9 5–12 107–70
Трева победа-пораз 0–0 0–0 0–0 0–0 0–0 2–2 2–2 2–3 1–1 0–0 0–0 0–0 7–8
Тепих-синтелон

победа-пораз

0–1 0–0 0–0 0–0 0–0 11–7 3–3 0–1 0–1 1–1 0–0 0–0 15–14
Сооднос

победа-пораз

0–1 0–0 0–0 3–2 13–10 42–26 28–31 44–22 67–25 25–22 12–19 10–19 244–177
Победа во % 0% 60% 57% 62% 47% 67% 73% 53% 40% 34% 57.96%
Година и рангирање 690 588 1003 170 86 22 52 15 4 49 107 125

Топ 10 победи

[уреди | уреди извор]
Сезона 1992 година 1993 година 1994 година 1995 година 1996 година 1997 година 1998 година 1999 година 2000 година 2001 година 2002 година 2003 година Вкупно
Победи 0 0 0 0 0 3 1 4 3 0 1 0 12
# Играч Ранг Настан Површина Ниво Резултат  
1997 година
1. САД Пит Сампрас 1 Француски опен, Париз, Франција Земја 3 коло 6–2, 6–4, 2–6, 6–4 65
2. Хрватска Горан Иванишевиќ 3 Вимблдон, Лондон, Обединетото Кралство Трева 2 коло 6–3, 2–6, 7–6 (7–4), 4–6, 14–12 38
3. Шпанија Серхи Бругуера 8 Острава, Чешка Тепих-синтелон(i) четврт финале 6–4, 6–7 (4–7), 7–5 27
1998 година
4. Шпанија Алекс Коретја 9 Индијан Велс, САД Тврда 1 коло 7–5, 6–3 23
1999 година
5. Бразил Густаво Куертен 5 Штутгарт, Германија Земја 2 коло 5-2, втор. 49
6. Русија Евгени Кафелников 3 Лонг Ајленд, САД Тврда четврт финале 3–6, 6–3, 6–1 34
7. Чиле Марсело Риос 7 Шангај, Кина Тврда финале 2–6, 6–3, 7–5 23
8. Еквадор Николас Лапенти 8 Стокхолм, Шведска Тврда (i) четврт финале 6–1, 6–4 19
2000 година
9. Германија Николас Кифер 4 Австралија опен, Мелбурн, Австралија Тврда четврт финале 3–6, 6–3, 6–1, 7–6 (7–4) 11
10. Бразил Густаво Куертен 6 Рим, Италија Земја финале 6–3, 4–6, 6–4, 6–4 4
11. Шведска Томас Енквист 7 Лонг Ајленд, САД Тврда финале 6–3, 5–7, 7–5 3
2002 година
12. Шпанија Хуан Карлос Фереро 6 Токио, Јапонија Тврда 2 коло 6–3, 6–3 212
  1. „Good to Great Tennis Academy“. Архивирано од изворникот на 2018-02-12. Посетено на 2021-11-26.
  2. han Josephzohn. „Magnus Norman“. BAOB Bandylexikon. Архивирано од изворникот на 2023-06-18. Посетено на 15 May 2014.
  3. Clarey, Christopher (2014-05-22). „Magnus Norman Wants to Give Back to Tennis as a Coach“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Посетено на 2017-01-02.
  4. „Good to Great: An Interview with Tennis Legend Magnus Norman - Realife Tennis“. Realife Tennis (англиски). 2016-09-08. Посетено на 2017-01-02.
  5. Gustafsson, Sofie (4 January 2012). „Marcus Norman tar steget in i rampljuset“. Värmlands Folkblad (шведски). Архивирано од изворникот на 12 July 2015. Посетено на 15 June 2015.
  6. Scott, Bill (19 October 2000). „Shanghai Open: Love match is thrown off court“. The Telegraph. Посетено на 7 September 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]