Симон Аспелин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Симон Аспелин

Симон Аспелин (11 мај 1974) е поранешен професионален тенисер во игра на парови од Шведска. Тој станал професионалец во 1998 година. Неговиот успех главно бил во игра на двојки, освојувајќи 12 титули и стигнувајќи до светскиот број 7 во март 2008 година. Во категорија на машки двојки, Аспелин го освоил Отвореното првенство на САД во 2007 година и сребрениот медал на Летните олимписки игри 2008 година.

Сајмон Аспелин на УС Опен 2010 година

Незаборавен дел од кариерата на Аспелин бил кога тој и партнерот во двојки Тод Пери играле во четвртфиналето за мажи на првенството Вимблдон во 2006 година како осми носители во двојки против третите носители на тој турнир Марк Ноулс и Даниел Нестор. Ноулс и Нестор го добиле тој натпревар и резултатот во последниот сет бил 23 : 21.

На Отвореното првенство на САД во 2007 година, кога Аспелин со својот партнер Џулијан Ноул биле десетти носители, го постигнал најголемиот успех во својата кариера со освојувањето на УС Опен. Тоа бил неговиот прв Грен слем во кариерата. Во првите две кола победиле против Кубот/Скоч, а против Калери/Хорна буквално се прошетале низ натпреварот. Во третото коло продолжиле со добра игра и ги збришале осмите носители Џонатан Ерлих и Енди Рам. Во четвртфиналето, тие ги шокирале првите носители Боб и Мајк Брајан, откако претходно само неколку седмици имале загубено од нив. Во полуфиналето, тие се спротивставиле на нерангираните Жулиен Бенето и Николас Махут. Во финалето Аспелин и неговиот партнер ги победиле деветите носители, Павел Визнер и Лукаш Длоухи.Аспелин претходно никогаш не стигнал до полуфинале на еден Грен слем. Оваа победа ги ставила на позицијата бр. 5 во АТП листата за играчи во двојка во машка конкуренција, а исто со овој резултат Аспелин се искачил на 13то место на АТП листата во поединечна конкуренција. Неговиот рекорд во Дејвис купот во март 2009 година бил 3–5 (победи и одиграни) во двојки. Друг забележителен настап во 2007 година му бил финалето во Шангај против Ноулс/Нестор на тенискиот Мастерс куп кое го играл во пар со Џулијан Ноул. На Летните олимписки игри 2008 година, тој и неговиот колега Швеѓанецот Томас Јохансон ги победиле француската двојка Михаел Лодра и Арно Клемент со 7–6, 4–6, 19–17 во полуфиналето од турнирот. Натпреварот траел 4 часа и 46 минути. На крајот тие го освоиле сребрениот медал губејќи во финалниот натпревар.

Пред неговата професионална кариера, Аспелин се натпреварувал вкупно четири сезони на Универзитетот Пепердајн, во Малибу, Калифорнија. Еден е од само двајцата тенисери што заработиле сеамерикански статус во сите четири сезони на натпревари[1] и бил примен во Куќата на славните Пепердајн во есента 2010 година.

Во мај 2011 година, тој бил примен во Куќата на славните ИТА (интернационална тенисерска асоцијација).

Во јули 2011 година, Аспелин објавил дека се повлекува од професионалниот тенис. Тој го одиграл својот последен турнир во Бастад, каде стигнал до финалето, но не успеал да ја освои својата тринаесетта АТП титула.[2][3]

Грен слем финалиња[уреди | уреди извор]

Двојки (парови) (1 титула)[уреди | уреди извор]

Резултат година првенство Површина Пертнер Противниците Резултат
Победи 2007 година УС Опен Тврда Австрија Џулијан Ноул Чешка Лукаш Длоухи



Чешка Павел Визнер
7–5, 6–4

Олимпијада[уреди | уреди извор]

Двојки (парови): 1 (1 сребро)[уреди | уреди извор]

Резултат година првенство Површина Пертнер Противниците Резултат
Сребрена 2008 година Олимпијадата во Пекинг Тешко ШведскаТомас Јохансон Швајцарија Роџер Федерер



Швајцарија Стен Вавринка
3–6, 4–6, 7–6 (7–4), 3–6

Финалиња во кариерата[уреди | уреди извор]

Двојки (парови), (12 победи, 21 пораз)[уреди | уреди извор]

Легенда
Грен слем (1)
Мастерс куп во тенис (0)
Мастерс серија на АТП (0)
Златна меѓународна серија на АТП (3)
АТП турнири(8)
Наслови по површина
Тврда (5)
Земја (5)
Трева (1)
Тепих - синтелон (1)
Резултати Број. Дата Турнир Површина Партнер Противниците Резултат
Победа 1. февруари 2000 Марсеј Тврда Шведска Јохан Ландсберг Шпанија Хуан Игнасио Караско

Шпанија Хаиро Веласко Јуниор
7–6(7–2), 6–4
Пораз 1. јули 2001 Бастад Земја Австралија Андреј Кратзман Германија Карстен Брах

Германија Јенс Книпшилд
6–7(3–7), 6–4, 6–7(5–7)
Пораз 2. јули 2001 Китцбухел Земја Австралија Андреј Кратзман Шпанија Алекс Коретја

Шпанија Луис Лобо
3–6, 6–4, 3–6
Пораз 3. февруари 2002 Буенос Аирес Земја Австралија Андреј Кратзман Аргентина Гастон Етлис

Аргентина Мартин Родригес
6–3, 3–6, [4–10]
Пораз 4. април 2002 Есторил Земја Австралија Андреј Кратзман Германија Карстен Брах

Русија Андреј Олховски
3–6, 3–6
Победа 2. мај 2003 Сент Пелтен Земја Италија Масимо Бертолини Ерменија Саргис Сарксиан

Србија Ненад Зимоњиќ
6–4, 6–7(8–10), 6–3
Победа 3. јули 2003 Бастад Земја Италија Масимо Бертолини Аргентина Лукас Арнолд

Аргентина Маријано Худ
6–7(3–7), 6–0, 6–4
Пораз 5. Sep 2003 Букурешт Земја Јужна Африка Џеф Котзи Германија Карстен Брах

Ерменија Саргис Саргсиан
6–7(7–9), 2–6
Пораз 6. јули 2004 Бастад Земја Австралија Тод Пери Индија Махеш Бупати

Шведска Јонас Бјоркман
6–4, 6–7(2–7), 6–7(6–8)
Пораз 7. јули 2004 Штутгарт Земја Австралија Тод Пери Чешка Јири Новак

Чешка Радек Штепанек
2–6, 4–6
Пораз 8. јануари 2005 Аделаида Тврда Австралија Тод Пери Белгија Хавиер Малисе

Белгија Оливиер Рохус
6–7(5–7), 4–6
Пораз 9. јануари 2005 Оукленд Тврда Австралија Тод Пери Швајцарија Ивес Алегро

Германија Михаел Колман
4–6, 6–7(4–7)
Победа 4. јануари 2005 Делреј Бич Тврда Австралија Тод Пери Австралија Џордан Кер

САД Џим Томас
6–3, 6–3
Победа 5. февруари 2005 Мемфис Тврда (i) Австралија Тод Пери САД Боб Брајан

САД Мајк Брајан
6–4, 6–4
Пораз 10. јуни 2005 Нотингем Трева Австралија Тод Пери Израел Џонатан Ерлих

Израел Енди Рам
6–4, 3–6, 5–7
Пораз 11. јули 2005 Индианаполис Тврда Австралија Тод Пери Австралија Пол Хенли

САД Грејдон Оливер
2–6, 1–3 ret.
Пораз 12. октомври 2005 Токио Hard Австралија Тод Пери Јапонија Сатоши Ивабучи

Јапонија Такао Сузуки
4–5(3–7), 4–5(13–15)
Пораз 13. јануари 2006 Оукленд Тврда Австралија Тод Пери Романија Андреј Павел

Холандија Рожер Васен
2–6, 7–5, [4–10]
Победа 6. октомври 2006 Санкт Петербург Тепих - синтелон Австралија Тод Пери Австрија Џулиан Кноул

Австрија Јиржи Мелцер
6–1, 7–6(7–3)
Пораз 14. јануари 2007 Оукленд Тврда Јужна Африка Крис Хагард Јужна Африка Џеф Котзи

Холандија Роџер Васен
7–6(11–9), 3–6, [2–10]
Победа 7. мај 2007 Портшаш Земја Австрија Џулиан Кноул Чешка Леош Фридл

Чешка Дејвид Шкоч
7–6(8–6), 5–7, [10–5]
Победа 8. јуни 2007 Хале Трева Австрија Џулиан Кноул Франција Фабрис Санторо

Србија Ненад Зимоњиќ
6–4, 7–6(7–5)
Победа 9. јули 2007 Бастад Земја Австрија Џулиан Кноул Аргентина Мартин Гарсија

Аргентина Себастијан Прието
6–2, 6–4
Победа 10. септември 2007 УС Опен Тврда Австрија Џулиан Кноул Чешка Лукаш Длухи

Чешка Павел Визнер
7–5, 6–4
Пораз 15. ноември 2007 Тенис мастер куп Шангај Тврда (i) Австрија Џулиан Кноул Бахами Марк Кнолс

Канада Даниел Нестор
2–6, 3–6
Пораз 16. август 2008 Летни олиписки игри Пекинг Тврда Шведска Томас Јохансон Швајцарија Роџер Федерер

Швајцарија Станислас Вавринка
4–6, 3–6, 7–6(7–4), 3–6
Пораз 17. април 2009 Казабланка Земја Австралија Пол Хенли Полска Лукаш Кубот

Австрија Оливер Марач
6–7(4–7), 6–3, [6–10]
Пораз 18. мај 2009 Мадрид Земја Јужна Африка Весли Муди Канада Даниел Нестор

Србија Ненад Зимоњиќ
4–6, 4–6
Пбеда 11. јули 2009 Хамбург Земја Австралија Пол Хенли Бразил Марчело Мело

Словачка Филип Полашек
6–3, 6–3
Пораз 19. октомври 2009 Стокхолм Тврда(i) Австралија Пол Хенли Бразил Бруно Суарес

Зимбабве Кевин Улиет
4–6, 6–7(4–7)
Пораз 20. февруари 2010 Ротердам Тврда (i) Австралија Пол Хенли Канада Даниел Нестор

Србија Ненад Зимоњиќ
4–6, 6–4, [7–10]
Победа 12. февруари 2010 Дубаи Тврда Австралија Пол Хенли Чешка Лукаш Длухи

Индија Леандер Паес
6–2, 6–3
Пораз 21. јули 2011 Бастад Земја Шведска Андреас Силјестром Шведска Роберт Линштед

Романија Хориа Текау
3–6, 3–6

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2021-11-21.
  2. „Lindstedt-Tecau Retain Bastad Title; Aspelin Retires From Pro Tennis“. atpworldtour.com. Association of Tennis Professionals. 17 July 2011. Посетено на 17 July 2011.
  3. „Swedish Doubles Player Simon Aspelin to Retire“. 10sballs.com. 13 July 2011. Архивирано од изворникот на 2011-07-15. Посетено на 17 July 2011.

 Надворешни врски[уреди | уреди извор]