Робин Бо Карл Седерлинг (швед. изг. [ˈrɔbɪn ˈsøːdəɭɪŋ]; роден на 14 август 1984 г.) е моментално неактивен тенисер од Шведска. Тој е поранешен светски бр. 4 на АТП листата. Содерлинг играл во две последователни финалиња на Отвореното првенство на Франција во 2009 и 2010.[2] Тој во кариерата освоил 10 АТП титули, од кои една АТП Мастерс титула, на Мастерсот во Париз во 2010 година.
Седерлинг ѝ станал познат на пошироката јавност на Отвореното првенство на Франција 2009, кога станал првиот и единствениот играч кој го победил Рафаел Надал на турнирот сè до 2015, кога истото го сторил и Новак Ѓоковиќ.[3] Од својот прв настап на турнирот во 2005, Надал немал загубено ниту еден натпревар и бил четирикратен шампион. Седерлинг потоа стигнал до финалето, победувајќи го двократниот полуфиналист Николај Давиденко во четвртфиналето и Фернандо Гонсалес во пет сета во полуфиналето. Во своето прво Гренд слем финале, тој загубил од Роџер Федерер, кој успеал да го освои единствениот Гренд слем кој му недостасува.[4] Следната година, тој вторпат последователно стигнал до финалето на турнирот. Тој забележал победа над Федерер во четвртфиналето (завршувајќи ја неговата рекордна серија од 23 последователни Гренд слем полуфиналиња). Во полуфиналето, Седерлинг во пет сета бил подобар од Томаш Бердих, но во финалето тој бил повторно поразен, овојпат од Рафаел Надал.[5]
Поради повреди и болести, Седерлинг се нема натпреварувано од јули 2011. Тој е директор на турнирот во Стокхолм, а исто така започнал и свој бренд на тениски топчиња.[6]
Седерлинг зборува шведски, англиски, и помалку германски јазик. Неговиот татко Бо е адвокат, а неговата мајка Брит-Ингер е домаќинка. Сестрата на Седерлинг, Сандра, е учителка.[7] Тој е оженет со Јени Монстром.[8][9] Двојката своето прво дете, ќерката Оливија, ја добиле на 12 октомври 2012 година.[10][11]
Седерлинг започнал да игра тенис на 5-годишна возраст. Во ноември 1998 година, на 14-годишна возраст, тој го одиграл својот прв јуниорски натпревар. Во 2000 година, тој победил на четири јуниорски турнири, а следната година освоил уште три титули, вклучувајќи ја победата на турнирот Оринџ Бол. Тој ја завршил 2001 година како четврти јуниор во светот и истата година заиграл на АТП турнирот во Стокхолм, каде на својот прв АТП натпревар забележал победа над Рамон Делгадо.
Како јуниор, Седерлинг остварил вкупен резултат од 110 победи и 31 пораз во поединечна конкуренција, и во 2002 година се искачил на 2. место на светската јуниорска ранг листа. Тој исто така бил 11 јуниор во светот во двојки.
Јуниорски Гренд Слем резултати:
Отворено првенство на Австралија: 3. коло (2011)
Отворено првенство на Франција: 3. коло (2002)
Вимблдон: 2. коло (2001)
Отворено првенство на САД: Полуфинале (2002)
Легенда
|
Гренд слем (0–2)
|
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
|
АТП Мастерс 1000 (1–0)
|
АТП 500 серија (2–4)
|
АТП 250 серија (7–4)
|
|
Титули по подлога
|
Тврда (5–6)
|
Трева (0–0)
|
Земја (2–4)
|
Тепих (3–0)
|
|
Исход
|
Бр.
|
Датум
|
Турнир
|
Подлога
|
Противник
|
Резултат
|
Финалист
|
1.
|
20 октомври 2003
|
Стокхолм, Шведска
|
Тврда
|
Марди Фиш
|
5–7, 6–3, 6–7(4–7)
|
Финалист
|
2.
|
23 февруари 2004
|
Марсеј, Франција
|
Тврда
|
Доминик Хрбати
|
6–4, 4–6, 4–6
|
Победник
|
1.
|
4 октомври 2004
|
Лион, Франција (1)
|
Тепих
|
Ксавие Малис
|
6–2, 3–6, 6–4
|
Победник
|
2.
|
31 јануари 2005
|
Милано, Италија
|
Тепих
|
Радек Штепанек
|
6–3, 6–7(2–7), 7–6(7–5)
|
Финалист
|
3.
|
20 февруари 2006
|
Мемфис, САД
|
Тврда
|
Томи Хас
|
3–6, 2–6
|
Финалист
|
4.
|
18 февруари 2008
|
Ротердам, Холандија
|
Тврда
|
Микаел Лодра
|
7–6(7–3), 3–6, 6–7(4–7)
|
Финалист
|
5.
|
25 февруари 2008
|
Мемфис, САД
|
Тврда
|
Стив Дарсис
|
3–6, 6–7(5–7)
|
Финалист
|
6.
|
6 октомври 2008
|
Стокхолм, Шведска
|
Тврда
|
Давид Налбандијан
|
2–6, 7–5, 3–6
|
Победник
|
3.
|
26 октомври 2008
|
Лион, Франција (2)
|
Тепих
|
Жулијен Бенето
|
6–3, 6–7(5–7), 6–1
|
Финалист
|
7.
|
7 јуни 2009
|
Отворено првенство на Франција
|
Земја
|
Роџер Федерер
|
1–6, 6–7(1–7), 4–6
|
Победник
|
4.
|
19 јули 2009
|
Баштад, Шведска
|
Земја
|
Хуан Монако
|
6–3, 7–6(7–4)
|
Победник
|
5.
|
14 февруари 2010
|
Ротердам, Холандија (1)
|
Тврда
|
Михаил Јужни
|
6–4, 2–0 ret.
|
Финалист
|
8.
|
25 април 2010
|
Барселона, Шпанија
|
Земја
|
Фернандо Вердаско
|
3–6, 6–4, 3–6
|
Финалист
|
9.
|
6 јуни 2010
|
Отворено првенство на Франција (2)
|
Земја
|
Рафаел Надал
|
4–6, 2–6, 4–6
|
Финалист
|
10.
|
18 јули 2010
|
Баштад, Шведска
|
Земја
|
Николас Алмагро
|
5–7, 6–3, 2–6
|
Победник
|
6.
|
14 ноември 2010
|
Париз, Франција
|
Тврда
|
Гаел Монфис
|
6–1, 7–6(7–1)
|
Победник
|
7.
|
9 јануари 2011
|
Бризбејн, Австралија
|
Тврда
|
Енди Родик
|
6–3, 7–5
|
Победник
|
8.
|
13 февруари 2011
|
Ротердам, Холандија (2)
|
Тврда
|
Жо-Вилфрид Цонга
|
6–3, 3–6, 6–3
|
Победник
|
9.
|
20 февруари 2011
|
Марсеј, Франција
|
Тврда
|
Марин Чилиќ
|
6–7(8–10), 6–3, 6–3
|
Победник
|
10.
|
17 јули 2011
|
Баштад, Шведска (2)
|
Земја
|
Давид Ферер
|
6–2, 6–2
|
Легенда
|
Гренд слем (0–0)
|
АТП Мастерс 1000 (0–0)
|
АТП 500 серија (0–0)
|
АТП 250 серија (1–1)
|