Лосон Кредок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лосон Кредок
Кредок на Гран при д’Изберг 2014
Лични податоци
Цело имеГрегори Кредок
ПрекарЛосон
Роден20 февруари 1992 (1992-02-20) (27 г.)[1]
 САД
Висина1,78 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн Фирст
ДисциплинаДрумски и велодромски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачУниверзален возач
Аматерски клубови
2011–2013 Хагенс Берман Аксеон
Професионални клубови
2014–2015
2016–
Џајант-Шимано
Канондејл-Драпак
Последна промена
9 февруари 2019

Грегори „Лосон“ Кредок (англиски: Gregory "Lawson" Craddock; р. 20 февруари 1992) — американски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн Фирст.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Откако ги поминал сезоните 2014 и 2015 со Џајант-Шимано, се префрлил во соперничката екипа Канондејл за сезоните 2016 и 2017.[3][4]

Кредок настапил на Тур де Франс 2018. Паднал на првата етапа, при што се здобил со фрактура на плешката, но продолжил да вози.[5] По падот објавил на друштвените мрежи дека ќе донира 100 долари по секоја завршена етапа за обнова на велодромот Алкек, каде Кредок започнал да вози велосипед, кој бил оштетен од ураганот Харви. Била поставена и страница на GoFundMe за луѓето да прават директни донации. Кредок ја завршил трката како последен возач, станувајќи прв возач во историјата на Тур, кој го одржал последното место по секоја етапа[6] и заработувајќи скоро 200.000 долари за обновата.[7]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
Национални младински велодромски првенства
1. MaillotUSA.PNG Скреч
1. MaillotUSA.PNG Бодовна трка
2009
1. Етапа 1 (ITT) Меморијал Едгар Сото
1. Етапа 2b (ITT) Тур ди По де Во
2. Светско јуниорско хронометарско првенство
4. Краен пласман Трофео Карлсберг
2010
1. MaillotUSA.PNG Национално јуниорско друмско првенство
1. MaillotUSA.PNG Национално јуниорско хронометарско првенство
1. Краен пласман Трофео Карлсберг
1. Етапа 2
1. Етапа 3 (ITT)
1. Етапа 1 Тур де Њу Браунфелс
1. Етапа 1 (ТТТ) Тур Реџо
2. Краен пласман Трофе Сентр Морбијан
1. Етапа 2 (ITT)
3. Светско јуниорско хронометарско првенство
3. Краен пласман Тур ди По де Во
1. Пролог
1. Етапа 4 (ITT)
3. Париз-Рубе (јуниори)
2011
1. Етапа 2 (ITT) Ле Триптик де Мон ет Шато
1. Етапа 10 Тур де ла Гваделуп
1. Етапа 2 [Хотер’Н Хел Хандред
2. Национално хронометарско првенство под 23 години
4. Краен пласман Тур де Берлин
4. Краен пласман Тулса Таф
2012
2. Национално хронометарско првенство под 23 години
3. Панамериканско хронометарско првенство под 23 години
3. Краен пласман Класик Каскад
3. Класик Коперас Ков
5. Краен пласман Тур Џила
1. Етапа 5
2013
2. Краен пласман Ле Триптик де Мон ет Шато
1. Етапа 2
7. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
8. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2014
3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2016
5. Краен пласман Трка околу Калифорнија
6. Краен пласман Критериум Интернасионал
9. Краен пласман Трка околу Баскија
2018
1. Jersey white dots on green.svg Планински пласман Сетимана Интернационале Копи е Бартали
9. Амстел Голд Рејс

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 124 145
Jersey red.svg Вуелта СО 42

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.procyclingstats.com/rider/Lawson_Craddock
  2. "EF Education First Pro Cycling". Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на January 2, 2019. конс. January 2, 2019. 
  3. "Craddock joins Cannondale-Garmin in 2016". cyclingnews.com. 17 September 2015. конс. 20 November 2015. 
  4. Meet Lawson Craddock, a rising star of American cycling and the first Texan to race the Tour de France since you-know-who“, „Business Insider“. (на (англиски))
  5. Ford, Bonnie D.. „Injured Lawson Craddock rides on for team, Houston, at Tour de France“, „ESPN“, 14 јули 2018.
  6. Ingle, Sean (6 August 2018). "Last but not least: Craddock wears Tour’s red lantern as badge of courage". theguardian.com. конс. 6 August 2018. 
  7. American cyclist Lawson Craddock is last in Tour de France, raises $192K for velodrome“, „USA TODAY“, 29 јули 2018 (посет. 29 јули 2018 г). (на (англиски))

Надворешни врски[уреди | уреди извор]