Либерланд
Слободна Република Либерланд Svobodná republika Liberland Free Republic of Liberland |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Žít a nechat žít „Живеј и пушти нè да живееме“ |
||||||
Главен град | Либерполис 45°46′N 18°52′E / 45.767° СГШ; 18.867° ИГД | |||||
Службен јазик | чешки, англиски | |||||
Уредување | уставна република со елементи на непосредна демократија (предвидено) | |||||
• | Претседател | Вит Једличка (основач) | ||||
Основана | ||||||
• | Основана | 13 април 2015 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 7 км2 | ||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Страница liberland.org |
Либерланд, полн назив: Слободна Република Либерланд (чешки: Svobodná republika Liberland, англиски: Free Republic of Liberland) — самопрогласена микродржава објавена на 13 април 2015 г. од страна на чешкиот политичар Вит Једличка на ничија парцела на западниот брег на реката Дунав, помеѓу Хрватска и Србија. На официјалното мрежно место на Либерланд, се вели дека државата е направена за време на државниот спор помеѓу Хрватска и Србија. По Југословенските Војни некои погранични територии, како островот Вуковар и островот Шаренград беа спорни, но оваа област (позната како Горна Сига) остана неподигната.[1]
Реката Дунав, која е единственото крајбрежје на Либерланд, е класифициран како меѓународен воден пат. Постојат две меѓународно признани суверени држави кои се помали од Либерланд: Монако и Ватикан.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Како што е опишано од страна на Једличка, ниту Србија ниту Хрватска или која било друга држава полага право на сопственост. Границата е утврдена во согласност со хрватските и српските гранични определби,су веренитетот не се меша со било која друга држава. Једличка изјавил дека официјална нота ќе биде испратена до Хрватска и Србија, а подоцна и на сите други држави, со формално барање за меѓународно признавање.
На 13 април 2015 Вит Једличка од чешката Партија на слободни граѓани, која ги заснова своите вредности на класичната либерална идеологија, е соработник со Јаромир Мишкоски кој го изврши првото знаме на територијата на Либерланд.[3]
Државјанство
[уреди | уреди извор]Либерланд ќе работи на отворен граничен режим. Геслото на Либерланд гласи „Живеј и пушти нè да живееме“ (Žít a nechat žít). Целта на државата е да се создаде општество во кое праведните луѓе ќе можат да напредуваат без неефикасните државни прописи и даноци. Основачите се инспирирани од земји како Монако и Лихтенштајн. Једличка прифаќа барања за државјанство, а според официјалното мрежно место, само комунистите, неонацистите и екстремистите не се квалификуваат за државјанство.[3]
Устав
[уреди | уреди извор]Во времето на формирањето на Либерланд, уставот беше сè уште во фазата на планирање, иако тој е опишан како инспирирација од уставот на Швајцарија.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Постојат планови за официјален криптовалутен систем, иако сите други валути ќе им бидат дозволени. Политичарите ќе биде уставно забранети да ја задолжуваат државата.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]„Либерланд“ на Ризницата ? |
- ↑ „Liberland“. liberland.cz. Посетено на 15 April 2015.
- ↑ McKirdy, Euan (25 April 2015). „Liberland: Could the world's newest micronation get off the ground?“. CNN. Посетено на 25 April 2015.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Koulová, Zuzana (15 April 2015). „On to myslí vážně! Vít Jedlička, zakladatel nového státu Liberland, promluvil. Zavádí elektřinu, internet, všechno. A lidé se k němu hrnou“ (чешки). Parlamentní Listy. Посетено на 15 April 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјален портал на Либерланд на повеќе јазици
- „Меѓу Србија и Хрватска: Прогласена нова држава Либерланд“. Телеграф. 15 април 2014. Архивирано од изворникот на 2015-04-17. Посетено на 2015-04-22. (македонски)