Криптовалута

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рударење криптовалути

Криптовалута — облик на дигитална сопственост која се користи како средство за размена користејќи криптографија како начин на обезбедување сигурност на трансакциите, контрола на создавањето дополнителни парични единици и заради потврда на трансферот на валута.[1][2][3]

Криптовалутите се дефинираат како подмножество дигитални валути, алтернативни валути и виртуелни валути.

Историја[уреди | уреди извор]

Имало многу обиди да се создаде дигитална валута во текот на технолошкиот на 1990-тите, со системите како Флооз, Беенз и ДигиКеш кои се појавуваат на пазарот, но не успеваат. Имало многу причини за нивните пропусти, како што се измама, финансиски проблеми и дури судири меѓу вработените во компаниите и нивните шефови.

Битно, сите овие системи користеле пристап Trusted Third Party (посредни од доверба), што значи дека компании зад нив ги верификувале и овозможувале трансакциите. Заради неуспесите на овие компании, создавањето на дигитален систем на готови пари долго време било сметано за изгубен случај.

Потоа, во почетокот на 2009 година, анонимен програмер или група програмери под псевдоним Сатоши Накамото го претставил биткоинот. Сатоши тоа го опишал како „пер-ту-пер (peer-to-peer) електронски готовински систем“. Целосно е децентрализиран, што значи дека нема вклучени опслужувачи и нема централен контролен авторитет. Концептот многу потсетува на пер-то пер (без посредници) мрежите за делење податотеки.

Еден од најважните проблеми што мрежата за плаќање мора да го реши е двократното трошење (double spending). Тоа е манипулаторска техника на двократно трошење на истата количина. Традиционално решение било доверлива трета страна, централен опслужувач, кој ја водел евиденцијата за балансите и трансакциите. Меѓутоа, овој метод подразбира надлежноста над вашите средства и сите ваши лични податоци.

Логоа на криптовалути

Во децентрализирана мрежа како биткоин, секој учесник мора да ја извршува оваа работа. Ова се врши преку блок-верига, јавен регистер на секоја трансакција која некогаш се случила во мрежата, достапен до секого. Спрема тоа, сите во мрежата можат да го видат билансот на секоја сметка.

Секоја трансакција е податотека која се состои од јавните клучеви на испраќачот и примателот (адреси на паричниците) и количините на пренесените пари. Трансакцијата исто така мора да ја потпише испраќачот со својот приватен клуч. Сето ова е само основна криптографија. На крајот, трансакцијата се емитува во мрежата, но прво треба да се потврди.

Во рамките на криптовалутна мрежа, само рударите можат да ги потврдат трансакциите решавајќи криптографска сложувалка. Тие преземаат трансакции, ги означуваат легитимни и ги шират преку мрежата. После тоа, секој јазол ги додава во својата база на податоци. Кога трансакцијата ќе се верификува истата станува непоправлива и неповратна, а рударот добива награда плус надомест за трансакцијата.

Во основа, која било криптовалутна мрежа се заснова на апсолутниот консензус на сите учесници во поглед на легитимитетот на билансите и трансакциите. Ако јазлите не се сложуваат на еден биланс, системот во основа би се распаднал. Меѓутоа, постојат многу правила однапред изградени и испрограмирани во мрежата која спречува ова да се случи.

„Рударење“ на криптовалути

Криптовалутите се така наречени бидејќи консензусниот механизам е осигуран со снажна криптографија. Ова, заедно со наведените фактори, ги прават третите страни и „бланко довербата“ како концепт, целосно неизедначени.

Прва криптовалута[уреди | уреди извор]

Биткоинот, кој бил создаден во 2009 година, е првата децентрализирана криптовалута.[4]

Оттогаш, создадени се голем број на криптовалути.[5] Биткоинот и неговите деривати (ллткоини) користат децентрализирана контрола [6] наспроти централизираните електронски пари на централниот банкарски систем.[7] Децентрализираната контрола користи биткоинова блокверижна технологија за да единствената база на податоци на сите трансакции ја преведе во разделена, децентрализирана главна книга.[8]

Најчести криптовалути[уреди | уреди извор]

Биткоин - првата криптовалута која сè започнала.

Итириум – потполно програмибилна валута која им овозможува на програмерите да изградат различни дистрибуирани апликации и технологии кои не би работело со биткоинот.

Рипле – за разлика од повеќето криптовалути, оваа не користи блок-верига за да постигне консензус за трансакциите на ниво на мрежа. Наместо тоа, спроведен е зачестен консензусен проце, што го прави побрз од биткоинот, но исто така го прави поранлив на хакерските напади.

Биткоин кеш– биткоинов хард-форк кој е поддржан од страна на најголемата биткоинова рударска компанија и произовидител на АСИЦ биткоиново рударски чипови. Постои релативно кратко време, но за кратко време доспеал меѓу првите пет криптовалути во поглед на вкупната пазарна вредност.

НЕМ - за разлика о повеќето други криптовалути кои користат алгоритам PoW, тој користи Proof of Importance, кој од корисниците бара веќе да поседуваат одредена количина парички за да можат да добијат нови. Ги поттикнува корисниците да трошат свои средства и да ги следат трансакциите како би утврдиле колку одреден корисник е важен за целокупната НЕМ мрежа.

Лајткоин - криптовалута која била создадена со намера да биде „дигитално сребро“ во споредба со биткоиновото „дигитално злато“. Тој е гранка на биткоинот, но за разлика од неговиот претходник, може да генерира блокови четири пати побрзо и да има четири пати поголем број на парички – 84 милиони.

ИОТА - технологијата на откривање криптовалути се нарекува тангле и бара од испраќачот во трансакцијата да направи PoW кој одобрува две трансакции. Така ИОТА ги отстранила посветените рудари од процесот.

НЕО – тоа е паметна мрежа на договори која овозможува да се развиваат сите видови финансиски договори и дистрибуирани апликации на трета страна. Има многу исти цели како и итириумот, но е развиен во Кина, што може потенцијално да даде некои предности на подобрување на поврзаноста со кинеските регулатори и локалните претпријатија.

Деш – тоа е двослојна мрежа. Првото ниво се рударите кои ја обезбедуваат мрежата и ги снимаат трансакциите, додека другото се состои од „мастерјазли“ кои ги пренесуваат трансакциите и овозможуваат трансакции од типот ИнстантСенд и ПриватеСенд. Првата е значително побрза од биткоинот, додека другата е потполно анонимна.

Qтум – спојување на биткоиновата и итириумовата технологија насочени на деловни апликации. Мрежата може да се пофали со биткоинова доверливост, со истовремено овозможување на користење на паметни договори и дистрибуирани апликациии, слично како во итириумовата мрежа.

Монеро - криптовалута со можност за приватни трансакции и една од најактивните заедници.

Итириум класик - оригинална верзија на итириум. Раздвојувањето се случило откако децентрализираната автономна организација (ДАО) изградена над првобитниот итириум била хакирана.

Легалност[уреди | уреди извор]

Со воведувањето на биткоинот, првата криптовалута, била создадена потполно нова парадигма. Децентрализирани, самоодржливи дигитални валути кои не постојат во кој било физички облик и кои не се под контрола на кој било поединечен ентитет, секогаш предизвикуваат возбуда меѓу регулаторите.

Настанала голема загриженост во врска децентрализираната природа на криптовалутите и нивната способност да се користат скоро потполно анонимно. Властите ширум светот се загрижени заради тоа што криптовалутите им се привлечни на трговците на илегални стоки и услуги. Исто така, тие се загрижени заради нивната употреба во перењето пари и затајување данок.

Статусот на легалност на криптовалутите варира од држава до држава и сè уште е недефиниран или во состојба на промена во многу земји. Додека повеќето држави со закон не го забрануваат користењето на криптовалути, нивниот статус како пари не е цврсто утврден. Во земјите како што се Мароко, Боливија, Еквадор, Киргистан, Бангладеш користењето на биткоин е нелегално со закон казниво, додека во повеќето други Бразил, Чиле, Колумбија, Аргентина е легално.

Познати стручњаци во областа[уреди | уреди извор]

Брок Пирс — основа на повеќе од десет финтех компании.

Сали Ивс — технички директор и водач во нови технологии, онлајн медиуми, општествени иновации, итн.

Роџер Вер — прв светски инвеститор во биткоинови стартапи, вклучувајќи ги битцоин.цом, блоцкцхаин.цом, БитПаy, Кракен, Пурсе.ио, итн.

Ерик Ворхис — извршен директор на ШапеШифта.

Тур Деместер — економист и инвеститор, главен и одговорен уредник на Адамант ресерч.

Брус Портер Јр. — американски претприемач.

Динис Гвардиа — директор/основач на Интелигент ХQ.

Дон Тапскот — Медиумски теоретичар, автор на неколку книги за блок-вериги и криптовалути.

Виталик Бутерин — творец на итириумот.

Жил Бабинет — француски мултипретприемач, „дигитален шампион" на Франција.

Вини Лингам — извршен директор/соосновач на Цивик Кеy.

Мајкл Мајнели — финансиер на научници кој промовира општествен напредок со помош на подобри финансии и технологија.

Џим Марус — коиздавач на Тхе Финанциал Бранд и сопственик и издавач на Дигитал Банкинг Репорт.

Брет Кинг — основач и сопственик на Мовен, автор на бестселери.

Чарли Ли — творец на лајткоин.

Како да се чува и купи криптовалута?[уреди | уреди извор]

За разлика од повеќето традиционални валути, криптовалутите се дигитални, што подразбира потполно поинаков пристап, особено кога е во прашање чувањето. Технички, не се чуваат единиците криптовалута, наместо тоа се користи приватниот клуч кој се користи за заклучување на трансакциите кои мораат да бидат сигурно сочувани.

Постојат неколку различни видови криптовалутни паричници кои одговараат на различни потреби. Ако приватноста е приоритет, одлуката може да биде хартија или хардверски паричник. Тоа се најсигурни начини на складирање на криптовалути. Постојат и „колд“ (офлајн) паричници кои се чуваат на тврд диск и онлајн паричници, кои може да бидат поврзани со менувачници или со независни платформи.

Кога се работи за купување биткоини, постојат многу различни опции. На пример, банкомати кои постојат во повеќе од 50 земји. Исто така, може да се купат со ваучери за подарок, криптовалутни менувачници, инвестициски фондови и дури може да се тргува лице в лице.

Кога се во прашање други, помалку популарни криптовалути, опциите не се толку различни. Меѓутоа, и за нив постојат бројни менувачници во кои можат да се набават разни криптопарички за фиатпари или биткоини. Тргувањето лице в лице е исто така популарен начин на стекнување парички. Опциите за купување зависта од криптовалутите, нивната популарност и локацијата.

Предности[уреди | уреди извор]

  • Хакирање на блок-верига е доста тешка работа бидејќи изискува истовремено хакирање на неколку илјади сметачи, што е скоро неможно.
  • Има сериозен потенцијал да го замени моменталниот паричен систем во светот, бидејќи бројот на корисници на криптовалути расте.
  • Никој не може да ја промени количината на парички кои се користат.
  • Заради ограничената количина на парички, отпорен е на инфлација.
  • Нема потреба да се трошат пари за некакво одржување на сметката.
  • Секој може да ги види сите трансакции кои биле направени.
  • Не е контролиран од никого, туку има своја сопствена мрежа по која работи, односно го користи принципот на децентрализација (пер ту пер).

Рударење[уреди | уреди извор]

Рударењето на криптовалути претставува начин на валидација на трансакциите во мрежата. Рударите при ископувањето на нов блок добиваат криптовалута како награда за својата работа во мрежата. Во теорија наградата ја смалува цената на трансакцијата, така што поттикнува придонес во вид на процесорска моќ за обработка податоци во мрежата. Стапката на генерирање хешрејт, кој врши валидација на трансакциите е значително зголемен со користење специјализирани машини како што се ФГПА и АСИЦ, кои користат комплексни хеш алгоритми како што се ШХА-256 и Скрипт. Оваа трка за што поефикасни и поевтини машини се одвива уште од денот на појава на првата криптовалута, биткоинот, во 2009 година.[9] Со зголемување на бројот на луѓе кои завлегуваат во светот на дигитални валути, генерирањето на хеш за валидација станало многу покомплексно во текот на годините, толку што рударите се принудени да инвестираат големи суми пари при купување поголем број АСИЦ машини. Спрема тоа, вредноста на добиената криптовалута за пронаоѓање хеш често ја оправдува сумата пари потрошена на дотерување на машините, вложувањето во разладни системи заради топлината која тие ја произведуваат, како и струјата која се троши во процесот.[9][10]

АСИЦ машина Авалон-ан

Некои рудари користат рударски пулови, ја делат својата процесорска моќ преку мрежата за да ја поделат добивката за нова паричка подеднакво, во зависност од големината на придонесот при веројатноста на откривање блок. „Шер“ му се доделува на член на рударскиот пул кој ќе презентира валиден пруф оф ворк.

Имено, една компанија ги покренала своите податочни центри на теренска локација на една канадска гасна фирма заради ниската цена на горивата.[11]

Со обѕир на економската и еколошката загриженост врзана за рударењето, различни „безрударни“ криптовалути се во активен развој.[12][13][14] За разлика од конвенционалните блок-вериги, некои директно ациклично-графски криптовалути користат пеј-ит-форвард систем, при што секој налог врши минимална обработка на тешките пресметки на двете претходни трансакции при верификацијата. Други криптовалути, како „нано“, користат блок-решеткаста структура при што секој поединечен налог има своја лична блок-верига. Со тоа секој налог ги контролира своите трансакции, без потреба за традиционален пруф-оф-ворк рударење, овозможувајќи бесплатни, моментални трансакции.[15]

Критики и мани[уреди | уреди извор]

  • Трансакциите на криптовалути се неповратен процес после неколку потврди на трансакцијата. Едно од нештата што криптовалутите ја немаат во однос на стандардните кредитни картички е заштита на корисникот од измами.
  • Традиционалните финансиски производи имаат јак и развиен систем за заштита на потрошувачите, за разлика од криптовалутите.
  • Многу банки не обезбедуваат услуги за криптовалути и за нивните корисници, исто така одбиваат да соработуваат со дигитално-валутните компании.
  • Криптовалутите треба да задоволат многу услови за да можат да се користат на глобално ниво. На пример, број на трговците со биткоини е мал, но константно расте.
  • Со технолошкото напредување, се јавуваат потреби за сè поснажни сметачи со специјализиран хардвер и софтвер за нивно користење.
  • Може да бидат изгубени/уништени засекогаш заради некој штетен софтвер или губење на податоци на семрежјето.[16]
  • Засновани се на комплицирани математички алгоритми за декодирање, така што многу држави имаат доста внимателен пристап, плашејќи се од нивните ефекти на финансиската сигурност.[17]
  • Забраните во одредени држави достигнале ниво на огромни парични казни.[18]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Greenberg, Andy (20 април 2011). „Crypto Currency“. Forbes.com. Посетено на 8 август 2014.
  2. Cryptocurrencies: A Brief Thematic Review. Social Science Research Network. Date accessed 28 August 2017.
  3. Schuettel 2017.
  4. Sagona-Stophel, Katherine. „Bitcoin 101 white paper“ (PDF). Thomson Reuters. Архивирано од изворникот (PDF) на 13 август 2016.
  5. Tasca, Paolo (7 септември 2015.). „Digital Currencies: Principles, Trends, Opportunities, and Risks“. SSRN 2657598. Наводот journal бара |journal= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. McDonnell, Patrick "PK" (9 септември 2015). „What Is The Difference Between Bitcoin, Forex, and Gold“. NewsBTC. Посетено на 15 септември 2015.
  7. Allison, Ian (8 септември 2015). „If Banks Want Benefits Of Blockchains, They Must Go Permissionless“. NewsBTC.
  8. Matteo D’Agnolo. „All you need to know about Bitcoin“. timesofindia-economictimes. Архивирано од изворникот на 2015-10-26. Посетено на 2019-09-03.
  9. 9,0 9,1 Krishnan, Hari; Saketh, Sai; Tej, Venkata (2015). „Cryptocurrency Mining – Transition to Cloud“. International Journal of Advanced Computer Science and Applications. 6 (9). doi:10.14569/IJACSA.2015.060915. ISSN 2156-5570.
  10. Hern, Alex (17 јануари 2018). „Bitcoin's energy usage is huge – we can't afford to ignore it“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 23 јануари 2018. Посетено на 23 јануари 2018. Проверете ги датумските вредности во: |archivedate= (help)
  11. „Cryptocurrency mining operation launched by Iron Bridge Resources“. World Oil. 26 јануари 2018. Архивирано од изворникот на 30 јануари 2018.
  12. Ryszkiewicz, Peter. „IOTA vs NANO (RaiBlocks)“. Hackernoon. Архивирано од изворникот на 21 јануари 2018.
  13. „Future of Digital Currency May Not Involve Blockchains“. Cointelegraph.com. Архивирано од изворникот на 2 ноември 2017.
  14. „RaiBlocks Review – Instant, Free Transactions“. coinreviews.io. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2018.
  15. LeMahieu, Colin. „RaiBlocks: A Feeless Distributed Cryptocurrency Network“ (PDF). Архивирано од изворникот на 7 декември 2017.
  16. Sheppard, William (1 април 2014). „Keeping Your Cryptocurrency Safe“. C4ss.org.
  17. 3:00 PM (11 април 2014). „Cryptocurrency and Global Financial Security Panel at Georgetown Diplomacy Conf“. Meetup.com.
  18. „Bitcoins Spark Regulatory Crackdown as Denmark Drafts Rules“. Bloomberg.com. 18 декември 2013.

Литература[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]