Ласло Гараци
Ласло Гараци (унгарски: Garaczi László), (1956, Будимпешта, Унгарија -) е современ унгарски писател (поет, драматург, прозаист), есеист, сценарист и преведувач.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ласло Гараци е роден во 1956 година во Будимпешта. Дипломирал филозофија на универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта, како и на Педагошката академија во Егер. Од 1982 година е професионален писател.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Ласло Гараци е автор на поголем број поетски и прозни дела, а некои од нив се преведени на германски јазик. Исто така, три негови раскази се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум". Покрај пишувањето, тој се занимава и со преведување од германски јазик.[2]
Негови поважни дела се:[3]
- Пластикa (раскази), 1985 година
- Повторно одземање на теренот на птиците (песни), 1986 година
- Внимавај на змијата (поеми), 1989 година
- Нема спиење! (раскази), 1992 година
- Танцот на китовите (драми), 1994 година
- Како да си жив: Исповедите на еден лемур I (роман), 1995 година
- Убаво се возиме со автобус: Исповедите на еден лемур II (роман), 1998 година
- Такви се како ти (драми), 2000 година
- Се смеат ангелите (различни жанрови), 2002 година
- Амбарадан (различни жанрови), 2003 година
- Колонијална жена, (новели), 2005 година
- Метакса (роман), 2006 година
Признанија
[уреди | уреди извор]Гараци е добитник на повеќе награди, како што се:[3]
- Наградата "Х. Ц. Касер" (Италија), 1990 година
- Наградата "Тибор Дери", 1994 година
- Наградата "Атила Јожеф", 2001 година
- Наградата "Шандор Мараи", 2002 година
- Наградата "Паладиум", 2007 година
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 227.
- ↑ Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.
- ↑ 3,0 3,1 Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 228.
|