Кујавско-поморско Војводство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кујавско-поморско Војводство
województwo kujawsko-pomorskie
војводство
Знаме на Кујавско-поморско Војводство
Знаме
Грб на Кујавско-поморско Војводство
Грб
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Кујавско-поморското Војводство
Окрузи во Кујавско-поморското Војводство
Земја  Полска
Seats Бидгошч (војвода),
Торуњ (собрание)
Окрузи 4 градски, 19 земски *
Површина
 • Total 17.969 км2
Население (2011)
 • Total 2.098.370
 • Густина 120/км2
 • Градскo 1.280.006
 • Селско 818.364
Рег. таб. C
Мреж. место kujawsko-pomorskie.pl

Кујавско-поморско Војводство (полски: województwo kujawsko-pomorskie) — војводство во средно-северна Полска, на границата меѓу двата: Кујавија и Поморје. Има два главни града — Бидгошч и Торуњ.

Историја[уреди | уреди извор]

Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Бидгошко, Торуњско и Влоцлавечко, согласно управната реформа усвоена претходната година.

Подрачјето на војводството историски припаѓало делумно на областа Кујавија, а делумно на полското владение на Кралството Прусија. Бидгошч припашал на Кујавија, додека Торуњ бил во Прусија.

Латинизираниот назив Померанија (Pomerania) и германизираното Pomern се изведени од словенското по море или „приморје“.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Кујавско-поморското војводство се граничи со пет други војводства: Поморското на север, Варминско-мазурското на североисток, Мазовското на исток, Лоѓското (во мала мера) на југ и Големополското на југ и запад.

Градови и гратчиња[уреди | уреди извор]

Средновековниот град Торуњ — родно место на Никола Коперник.
Средновековниот град Груѓонѕ со житниците крај реката Висла.
Готската катедрала во Влоцлавек.
Иновроцлав — познат бањски град.
Плоштадот во Бродњица.

Војводството има 52 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2016 година:[2]

Управна поделба[уреди | уреди извор]

Бидгошч — најголем град и седиште на војводата.

Војводството се управува од два града — Бидгошч и Торуњ. Во Бидгошч е седиштето на војводата (управникот), а во Торуњ е војводското собрание и маршалот.

Кујавско-поморското Војводство е поделено на 23 окрузи, од кои 4 се градски, а 19 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 144 општини.

Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2007)
[3]
Седиште Други градови Општини
Градски окрузи
Бидгошч
Bydgoszcz
175 361.222 1
Влоцлавек
Włocławek
84 118.432 1
Груѓонѕ
Grudziądz
58 99.090 1
Торуњ
Toruń
116 206.619 1
Земски окрузи
Александрувски
powiat aleksandrowski
476 55.367 Александрув Кујавски Ќехоќинек, Њешава 9
Бидгошки
powiat bydgoski
1.395 99.386 Бидгошч * Солец Кујавски, Короново 8
Бродњички
powiat brodnicki
1.039 75.204 Бродњица Јаблоново Поморске, Гужно 10
Влоцлавечки
powiat włocławski
1.472 85.303 Влоцлавек * Бжешќ Кујавски, Ковал, Лубрањец, Избица Кујавска, Ходеч, Лубјењ Кујавски 13
Вомбжеженски
powiat wąbrzeski
501 34.763 Вомбжежно 5
Голупско-добжињски
powiat golubsko-dobrzyński
613 45.111 Голуб-Добжињ Ковалево Поморске 6
Груѓонски
powiat grudziądzki
728 38.559 Груѓонѕ * Ласин, Раѕињ Хелмињски 6
Жнински
powiat żniński
985 69.736 Жнин Барќин, Лабишин, Јановјец Вјелкополски 6
Иновроцлавски
powiat inowrocławski
1.225 164.571 Иновроцлав Крушвица, Јањиково, Гњевково, Пакошќ 9
Липновски
powiat lipnowski
1.016 66.063 Липно Скемпе, Добжињ над Висла 9
Могиленски
powiat mogileński
676 46.833 Могилно Стшелно 4
Накловски
powiat nakielski
1.120 85.050 Накло над Нотеќ Шубин, Кциња, Мроча 5
Раѓејувски
powiat radziejowski
607 41.972 Раѓејув Пјотркув Кујавски 7
Рипински
powiat rypiński
587 44.143 Рипин 6
Семпуленски
powiat sępoleński
791 40.990 Семпулно Крајењске Вјенцборк, Камјењ Крајењски 4
Торуњски
powiat toruński
1.230 91.963 Торуњ * Хелмжа 9
Тухолски
powiat tucholski
1.075 47.310 Тухола 6
Хелмински
powiat chełmiński
528 51.412 Хелмно 7
Швјечки
powiat świecki
1.473 97.037 Швјеќе Нове 11
* седиштето не е дел од округот

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]