Крампус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Честитка со Крампус од почетокот на XX век

Крампус (германски: Krampus, слов. Parkelj) — легендарно суштество во фолклорот на Алпскиот Регион; наречен „божиќен ѓавол“, придружник и во исто време антипод на Свети Никола. Се сметало дека Крампус бил дел од паганските ритуали за краткодневицата. Според легендата, тој е син на Хел, нордискиот бог на подземјето. Со ширењето на христијанството, Крампус се поврзал со Божиќ — и покрај напорите на Римокатоличката црква да го забрани. Се вели дека суштеството и Свети Никола пристигнале вечерта на 5 декември (германски: Krampusnacht = „Ноќта на Крампус“). Додека Свети Никола ги наградува убавите деца и им остава подароци, Крампус ги тепа оние кои се непослушни со гранки и стапови. Во некои случаи, се вели дека ги јаде или ги носи во пеколот. На 6 декември (католицизам), Денот на Свети Никола, децата се будат за да ги најдат своите подароци или да ги залечат своите повреди.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Крампус се споменува и во претхристијанскиот германски фолклор и бил поврзан со доаѓањето на зимата и намалувањето на дневните часови. Така, тој го олицетворил злиот дух на зимата. Самиот збор „Krampus“ доаѓа од старогерманскиот збор „krampen“, што значи „канџи“, или според друга верзија, од баварскиот „Krampn“ — нешто мртво, исушено.[2] Според некои карактеристики, тој покажува сличности со сатирите од старогрчката митологија.[2][3] Во претходниот период, особено за време на инквизицијата, Римокатоличката црква забранила прослави со пантомимичари на кои се прикажани роговидни суштества. Како и да е, традицијата на прикажување на Крампус била зачувана, и до XVII век, тој бил воспоставен во божиќните прослави како придружник на Свети Никола.[4]

Во XX век, австриската влада го обесхрабрила прикажувањето на Крампус. По Граѓанската војна во 1934 година, режимот на Долфус, по иницијатива на христијанските социјалисти и Татковинскиот фронт, вовел забрана за оваа традиција.[5] Во 1950-тите, владата циркулирала памфлети на тема: „Крампус е производ на злото“.[6] Меѓутоа, до крајот на векот, имало реставрација на прославите со учество на Крампус, и сега оваа традиција останува популарна.[7] Во исто време, во Австрија се одржало јавна дискусија за допуштеноста на користење на сликата на Крампус за мали деца.[8]

Ритуал[уреди | уреди извор]

Ноќта меѓу 5 и 6 декември, Крампус го придружува Свети Никола, казнувајќи ги и заплашувајќи ги непослушните деца — со тоа делува како противтежа на Свети Никола — кој им дава подароци на добрите деца. Се верува дека кога Крампус ќе најде нерасположено дете, става јаглен под перницата или го става во чантата и го носи исплашеното дете во пештера, веројатно за да го јаде за божиќна вечера. Во постарите верзии на легендите, Крампус киднапира деца и ги носи во својот морничав замок, а потоа ги фрла во морето.

Вообичаено е да се прикаже Крампус во Австрија, Јужна Баварија, Унгарија, Словенија, Чешка, некои северни региони на Италија (Јужен Тирол) и Хрватска. Видот на ова суштество и неговото име варираат во зависност од областа. Како по правило, во Алпскиот Регион, Крампус е прикажан како роговидно и бушаво чудовиште слично на ѕвер со демонски изглед. Традиционално, мажите се облекуваат во облека за Крампус во првата недела од декември, а особено во ноќта од 5 (германски: Krampusnacht = „Ноќта на Крампус“) до 6 декември (герм. Nikolotag = „Денот на Свети Никола“) и шетаат по улиците. плашејќи ги децата со ланци и ѕвонци. Крампус често се прикажува на специјални божиќни честитки (герм. Krampuskarten).

Крампус како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Krampus | Definition, History, & Facts“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2021-10-22.
  2. 2,0 2,1 Bruce, Maurice (1958). The Krampus in Styria. стр. 44–47.
  3. The upside-down Christmas tree and other bizarre yuletide tales. 2010. стр. 126–127. ISBN 1599214199.
  4. „Run, Kris Kringle, Krampus Is Coming!“. Der Spiegel. Архивирано од изворникот на 2012-09-07. Посетено на 2011-12-17.
  5. „Krampus disliked in Fascist Austria; Genial Black and Red Devil, Symbol of Christmas Fun, Is Frowned Upon“. New York Times. 1934-12-23.
  6. „Throw Out Krampus“. Time Magazine. 1953-12-07. стр. 41. Архивирано од изворникот на 2011-12-13. Посетено на 2011-12-18.
  7. Silver, Marc (2009-11-30). „Merry Krampus?“. NGM Blog Central. National Geographic Society. Архивирано од изворникот на 2012-09-07. Посетено на 2011-12-17.
  8. Alexandra, Zawadil (2006-12-06). „Santa's evil sidekick? Who knew?“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2015-11-20. Посетено на 2017-09-30.
  9. Dougherty, Michael (2015-12-04), Krampus, Legendary Entertainment, Universal Pictures, Syon Media, Посетено на 2021-10-22
  10. Hull, Jason (2017-08-21), Krampus: The Christmas Devil, Snowdog Studio, Посетено на 2021-10-22

Надворешни врски[уреди | уреди извор]