Перница или зглавје — мала и најчесто мека подлога за спиење која се користи за потпирање на главата. Порано, перниците најчесто биле исполнети со волна или пердуви, но денес најчесто се користат синтетички материјали за изработка на истата. Покрај основната функција, перницата може да послужи и за потпирање на телото при седење, но има и перници за декоративни и естетски цели.