Кралство Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
(Кралство Македонија)

800 п.н.е.–146 п.н.е. [[Аталидска династија|]]
 
[[Селевкидска Империја|]]
 
[[Птоломејско Кралство|]]
 
[[Македонија (Покраина во Римската Империја)|]]
Главен град Ајга се до 400 п.н.е. кога бил преместен од Архелај I во Пела
Јазици Старомакедонски подоцна Старогрчки (Атичкиот/Хеленскиот)[1]
Вероисповед Религија во античка Македонија
Уредување Монархија
Кралеви
 -  808 - 778 пне Каран
 -  359 - 336 пне Филип II
 -  336 - 323 пне Александар
 -  221 - 168 пне Филип V
Историски период Класична Антика
 -  Каран зачетник на Аргеадската династија 800 п.н.е.
 -  Аминта III ја обединил Македонија 382 п.н.е.
 -  Покорена од Римската Република во Четвртата Македонско-римска Војна 146 п.н.е.

Кралството Македонија или Македон — кралство на Македонците во античко време кое во својот зародиш се простирало на просторот во северозападниот дел на денешна Грција, [2], во античко време областа Орестида (главен центар бил градот Аргос Орестикон, отука Аргеадска династија). Кралството на запад се граничело со Епир, со Дарданија [3] на север , на исток со Тракија, а на југ со Тесалија.

Карта на Македонското Кралство
Македонското шеснаесет-зрачно сонце со кралската розета во сончевата топка, македонски симбол

Подоцна Македонското Кралство станало најмоќната држава на светот кога Александар Македонски го освоил речиси целиот познат свет во тоа време и со тоа го започнал македонскиот период на светската историја. По неговата смрт започнува борбата на дијадосите за контрола врз Македонската Империја, која резултирала со распад на империјата и формирање на неколку империи наследнички со кои владееле македонски династии.

Македонски династии[уреди | уреди извор]

Аргеадска династија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Аргеадска династија.

Аргеадската династија била династија на кралеви основоположници на Македонското Кралство. Започнувајќи од митолошкиот крал Каран па до славниот Филип II Македонски кој успеал да го зајакне Македонското Кралство, и славниот Александар Македонски кој ја формирал Македонската Империја.

По неочекуваната смрт на Александар Македонски, започнува периодот на војните на дијадосите кои доведуваат до распад на Македонската Империја и формирање на империи наследнички кои биле владеени од династии формирани од генералите во војската на Александар Македонски.

Антипатридска династија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Антипатриди.

Антигонидска династија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Антигонидска династија.

Антигонидската династија била династија на македонски кралеви кои воделе потекло од Антигон I Едноокиот, генерал во војската на Александар Македонски. Династијата е наследничка на Антипатридската династија, која владеела со Мала Азија и северна Сирија.

По поразот на војската на Персеј во Битката кај Пидна во 168 п.н.е., Македонија била поделена на четири републики од страна на Римјаните. Во 150 п.н.е. човек по име Андриск тврдел дека е син на Персеј и го барал тронот на Македонија како крал Филип VI. Ова била причината за Четвртата македонско-римска војна во која Андриск бил поразен од страна на Римјаните и Македонија била припоена кон Рим (148 п.н.е.).

Птоломејска династија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Птоломејска династија.

Птоломејската династија била династија на македонски кралеви кои воделе потекло од Птоломеј I Сотир еден од седумте телохранители и генерал во војската на Александар Македонски. Птоломеј I Сотир бил назначен за сатрап на Египет по смртта на Александар Македонски, а во 305 п.н.е. се самопрогласил за Крал Птоломеј I, подоцна познат како Сотир (спасител). Египјаните ги прифатиле Птоломејците како вистински наследници на фараоните. Династијата владеела со Египет речиси 300 години, од 323 п.н.е. до 30 п.н.е.

Сите машки владетели од династијата го носеле името Птоломеј. Кралиците пак, од кои некои биле сестри на своите сопрузи, обично се викале Клеопатра, Арсенија или Береника. Најпозната во низата на оваа династија е последната владетелка - Клеопатра VII, позната по својата улога во политичките борби во Рим помеѓу Јулиј Цезар и Помпеј, а подоцна и помеѓу Октавијан и Марко Антониј. Нејзиното самоубиство по покорувањето на Египет од Рим го означува крајот на Птоломејската династија.

Династијата владеела со Египет до Римското освојување во 30 п.н.е.

Аталидска династија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Аталидска династија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ancient Macedonia“. Livius. Livius. 2010. http://www.livius.org/maa-mam/macedonia/macedonia.html. конс. 13 Декември 2010 г. 
  2. „Macedonia“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica Online. 2008. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/354266/Macedonia. конс. 3 ноември 2008 г. 
  3. Историја ан Аргеадите, Наде Проева, Скопје, 2004

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

mk:Античка Македонија