Космос-1667

Од Википедија — слободната енциклопедија
Космос-1667
Тип на мисија сателит наменет за биолошко истражување
Датум на лансирање 10 јули 1985
Носечка ракета Сојуз
Место на лансирање Плесецк, СССР
Крај на мисијата 17 јули 1985
Орбитален наклон 82,3 °
Орбитален период 90 минути
Меѓународна ознака 1985-059A

Космос-1667, познат и како Бион-7 и Биокосмос-7, е еден од над 2.400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата „Космос“.

Податоци[уреди | уреди извор]

Општи податоци[уреди | уреди извор]

Сателитот е лансиран од космодромот Плесецк, СССР на 10 јули 1985 г. Во орбитата околу планетата Земја бил исфрлен од носечка ракета. Масата на сателитот при лансирањето изнесувала 5700 килограми. Космос-1667 бил сателит наменет за биолошки истражувања. Во нивното спроведување учествувале 9 земји, а за потребите на истражувањето биле понесени 2 мајмуна, 10 машки глувци и 10 дождовници. Мајмуните биле испитувани во врска со протокот на крв, воздухот и радијациските ефекти. Предните екстремитети на дождовниците биле отсечени и во Вселената била набљудувана нивната обнова. Биле набљудувани и околу 1500 овошни мушички, како и риби во аквариум. Испитувања се вршени и на билки, вклучувајќи и пченка. Мисијата била завршена 7 дена по нејзиното започнување.

Орбитални податоци[уреди | уреди извор]

Исфрлувањето на сателитот било на ниска орбита околу Земјата. Периодот на обиколување на сателитот околу Земјата изнесувал 90 минути, додека аголот на наклонетост на орбиталната рамнина во однос на рамнината на екваторот изнесувала 82,3°.

Pleurodeles waltl, видот тритон кој орбитирал околу Земјата во Космос-1667.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]