Космос-1645
Космос-1645
| |
---|---|
Тип на мисија | сателит наменет за истражување |
Датум на лансирање | 16 април 1985 |
Носечка ракета | Р-7 Семјорка (руски: Семёрка) |
Место на лансирање | Плесецк, СССР |
Орбитален наклон | 62,8 ° |
Орбитален период | 90,5 минути |
Апоапсида | 388 км |
Периапсида | 213 км |
Меѓународна ознака | 1985-029A |
Космос-1645, познат и како Фотон-1, е еден од над 2.400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата „Космос“.
Податоци
[уреди | уреди извор]Општи податоци
[уреди | уреди извор]Сателитот е лансиран од космодромот Плесецк, СССР на 16 април 1985 г. Во орбитата околу планетата Земја бил исфрлен од носечката ракета Р-7 Семјорка. Масата на сателитот при лансирањето била во интервалот од 5700 до 6200 килограми. Космос-1645 бил сателит наменет за истражување на материјал во Вселената. Со цел да се подобрат условите на микрогравитација, како и кај останатите сателити со ознаката Фотон, сателитот бил поставен во орбита со мала ексцентричност и не бил помрднуван за време на мисијата.
Орбитални податоци
[уреди | уреди извор]Исфрлувањето на сателитот било на ниска орбита околу Земјата. Периодот на обиколување на сателитот околу Земјата изнесувал 90,5 минути, додека аголот на наклонетост на орбиталната рамнина во однос на рамнината на екваторот изнесувала 62,8°. Најголемото растојание од Земјата го достигнал на 388 км, а најмалото на 213.