Р-7 Семјорка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Р-7A
R-7 (7A) misil.svg
A 2-скица на Р-7 Семјорка (Кодно име во НАТО SS-6 Дрвесина)
ТипБалистичка ракета
ПотеклоСоветски Сојуз
Употребна историја
Во служба9 февруари 1959 – 1968 година
КориснициСССР: Стратешки ракетни единици
ВојниСтудена војна
Производна историја
КонструкторСергеј Корољов
КонструираноОд 1953 година
ПроизводителОКБ-1
Тех. особености
Тежина280 metric tons (280 long tons; 310 short tons)
Должина34 м (112 ст)
Пречник10.3 м (34 ст)

Погон
  • 1-ва фаза: 4x исфрлачки коморски РД-107 потисни мотори од кои секој со 2x Верниеви ракетни мотори плус 1x четирикоморен РД-108 главен мотор со 4x Верниеви ракетни мотори.
  • 2-ра фаза: 1x четирикоморен РД-108 главен мотор со 4x Верниеви ракетни мотори.

  • РД-107 4x 907.4 kN (203,992 lbf)
  • РД-108 1x 907.4 kN (203,992 lbf)
  • Верниер 12x 38.259 kN (8,601 lbf)
ДвигателLOX/T-1
Водилка
Внатрешно водење со радиоконтрола на Верниевите потисници за време на лансирањето.
Управување
12x Верниеви потисници подредени околу поттисните јата и главните мотори
Прецизност2,5–5,0 km (макс. отстапување 10 km)

R-7 (руски: Р-7 "Семёрка") — Советска ракета развиена во текот на Студената војна, и е првата светска меѓуконтинентална балистичка ракета.[1] R-7 е лансирана 28 пати во периодот меѓу 1957 и 1961 година, но никогаш не била развиена за оперативни цели. Подизведбата, Р-7А, била во употреба од 1959 до 1968 година. На западот односно за НАТО го имала кодното име SS-6 Дрвесина а во Советскиот Сојуз ГРАУ ознаката 8K71. Во изменет облик, е употребена да го лансира Спутник 1, првиот вештачки сателит, во орбита околу Земјата, и постанува основа за R-7 семејство кое ги вклучува варијантите Спутник, Луна, Молнија, Восток и вселенските лансирачки системи Восход, како и подоцнежното семејство ракети Сојуз.

Широко употребуваниот надимак за ракетата Р-7 е „Семјорка“, што значи „7“ на руски.

Опис[уреди | уреди извор]

Должината на Р-7 е 34 м (112 ст), со пречник од 10.3 м (34 ст) и тежина од 280 метрички тони; се состоела од две фази, придвижувани од ракетни мотори кои како гориво користеле течен кислород (LOX) и керозин и можела да носи товар на растојание од 8,800 kм (28,900,000 ст), со прецизност (КРГ) од 5 kм (16,000 ст). Можела да носи една термонуклеарна боева глава со номинална јачина од 3 мегатони на ТНТ. првичното лансирање било потпомогнато од четири надоврзани поттисници на првата фаза, со централен главен мотор во првата и втората фаза. Секој од надоврзаните поттисници има два Верниеви поттисници додека пак главниот мотор имал четири.[2] Вдилката била внатрешна со радиоконтола на Верниевите поттисници.

Развој[уреди | уреди извор]

Работата на замислата започнала во 1953 година при ОКБ-1 во Калининград во Московската област (денес Корољов, Московска област) и други гранки на индустријата со цел да се создаде двофазна ракета со маса од 170 metric tons (170 long tons; 190 short tons), домет од 8,000 kм (26,000,000 ст) и максимална брзина од 20 маха[3] носејќи боева глава од 3,000 kg (6,600 lb). По направените првични тестирања кон крајот на 1953 година, првичната замисла била целосно преработена и конечната замисла не била одобрена се до мај 1954 година ои според одредени извори Корољов прегледал преку 100 предадени замисли. Во 1954 година, бил завршен прототипот. За првпат во развојот на проектот била создадена одвоена зафатнина посветена на тестирањето на ракетната технологија. Оваа просторна зафатнина била замисла на Аркадиј Осташев. Па така наместо да се користат млазни насочници за контрола, со кои се зголемувал отпорот создаден од издувниот моторен потисник, Р-7 користела специјални контролни мотори. Истите мотори имале намена како последнофазни Верниеви потисници.[4]

Бидејќи моторите биле групирани, секој потисник имал сосптвен резервоар. Екипата која го осмислила, требала да развие систем за регулација на потрошувачката на гориво за да се синхронизира истата меѓу потисниците.[4]

Започнувајќи со Р-1, која била копија на германската V-2, кога е лансирана исправена ракета од хоризонтален носач. Се востановило дека составувањето на групација од централно јадро и четири потисници на носачот е невозможно без да се предизвика распад. Исто така, посилен ветер можел да ја преврти ракетата од носачот. Решението било да се отстрани носачот и целата тежина на ракетата да се постави на железна конструкција која го носи вертикалниот товар и се справува со хоризонталните ветришта. Лансирниот систем симулирал услови за лет со прикачени потисници влечејќи го централното јадро напред.[4]

Ракетата Р-7 е уште еден советски обид да се создаде успешна ракета за вселенски патувања. Ракетата имала некои значајни карактеристики кои ја правеле единствена. Една од главните карактеристики на ракетата билемногуте различни мотори кои се користеле како погон за ракетата. Секој од четирите придружни мотори бил прикачен на мотор од типот на РД-107. Верниеревите мотори биле користени за управување, и ракетата Р-7 имала четири. Верниевите можности биле постигнати со употреба на мотори од типот на РД-108.[5]

Новата ознака на ракетата според ГРАУ е 8K71. Првата способна ракета за лансирање била донесена во Бајконур на 1 мај 1957 година, и лансирана на 15 мај. При лансирањето избил оган во придружниот мотор во блокот Д веднаш по полетувањето. Се одвоил од потисникот во периодот T+88 секунди, и се урнал 400 km од местото на лансирање. Следниот обид на 11 јуни (истиот ден кога САД го наравиле својот прв лансирен тест на МКБР), краток електричен спој предизвикал ракетата да се врти неконтролирано и истата се распаднала 33 секунди по лансирањето. Првиот успешен долг лет, од 6000 km, бил направе на 21 август 1957 година. Лажната боева глава паднала во Тихиот Океан и пед денови подоцна, ТАСС објавува дека Советскиот Сојуз извршил „успешно тестирање на повеќефазна меѓуконтинетална балистичка ракета“. Изменет облик на ракетата (8K71PS) го постави Спутник 1 во орбита од Бајконур на 4 октомври 1957 година и Спутник 2 на 3 ноември 1957 година.

Следниот тест на МКБР се случил на 30 јануари 1958 година, но помошните мотори не успеале да се одвојат и ги уништиле доводите во централното јадро, со што се загубил потисокот и ракетата била далеку од целта. Овие тестови откриле бројни недостатоци во ракетата Р-7 што довело до потреба од бројни измени на ракетата. Тестирањето продолжило и во декември 1959 година, и последната оригинална 8K71 полетала на 7 февруари 1961 година. Дополнителните измени довеле до создавањето на 8K74 (позната и како Р-7A), која била полесна, имала подобри навигациони системи, помоќни мотори, овозможиле домет од 12,000 km бидејќи носела поголемо количество на гориво, и товар од 5370 kg. Покрај првичните лансирања на Спутник, 8K71 била основата на потисникот користен за првата генерација на сондите Луна. Шест од деветте сонди Луна лансирани со потисникот 8K72 биле неуспешни. Заедно со неуспешното лансирање на Спутник од 27 април 1958 година, значело дека гледано вкупно имало само шест успешни лансирања од тринаесет обиди. Подобрениот 8K74 бил основата за подоцнежните потисници Восток и Молнија, со што се подобрила успешноста.

Разлиќни подизведби на Р-7.

Историја на употреба[уреди | уреди извор]

Првата стратегиска ракетна единица постанала оперативна на 9 февруари 1959 година во Плесецк во северо-западна Русија.[6] На 15 декември 1959 година ракетата Р-7 за првпат била тестирана од космодромот во Плесетцк. Ракетите влегле во целосна употреба во 1962 година.

Вкупно во тој период имало не повеќе од 10 нуклеарно вооружени ракети. Во Бајконур била оперативна една единица и шест до осум биле оперативни во Плесетцк.[7]

Трошоците за системот биле високи, претежно поради потешкотиите за изграба во далечните лансирни места. Во еден период, секое лансирно место било предвидено дека ќе чини 5% вкупниот одбрамбен буџет на Советскиот Сојуз.

Покрај трошоците, ракетниот систем се соочувал и со други оперативни предизвици. Поради прелетите на авионите U-2, големиот лансирен комплекс Р-7 не можел да се сокрие и се очекувало да бие уништен при нуклеарна војна. Исто така, биле потребни 20 часа за да се припреми една Р-7 ракета за лансирање, и не можела да се остави активна повеќе од еден ден поради криогенскиот систем. Па така, советските сили не можеле постојано да бидат во припрема и можно е да бидат цели на воздушни напади пред да бидат лансирани. Дополнително, дополнителниот товар за која била осмилена и приспособена за носење на првите водородни бомби, станале непотребни поради осмислувањето на полесни и помали технологии за бомбите.

Ограничувањата на Р-7 го натерале Советскиот Сојуз во најскоро време да развие втора генерација на ракети кои ќе бидат подобри ракетни системи. Р-7 била истисната од употреба до 1968 година.

Откако се заклучило дека Р-7 е непрактична за употреба како оружје, станала основа за развој на низа на Советски вселенски лансирачки системи, како што е лансирното семејство Сојуз. Од 2018 година, во изменетите верзии (Сојуз-У, Сојуз-ФГ, и Сојуз-2 (вклучувајќи ја и варијантата без потисници 2.1v), ракетата е се уште во употреба, и има преку 1840 лансирања.

Варијации[уреди | уреди извор]

  • SS-6 Дрвесина: ознака на НАТО за сите верзии на Р-7, варијациите се препознаваат од додавката на оригиналното име (пр. Дрвесина-A).
  • Р-7 Семјорка: првпат лансирана на 15 мај 1957 година, последен пат лансирана на 27 февруари 1961 година и од 27 лансирни обиди, 18 биле успешни.
  • Р-7А Семјорка: првпат лансирана на 23 декември 1959 година, последно лансирање на 25 јули 1967 година и од 21 лансирен обид, 18 биле успешни.
  • 8K71: ГРАУ ознака за ракетата Р-7 Семјорка (ГРАУ 8K: ракети 71: број на моделот)
  • 8K74: ГРАУ ознака за ракетата Р-7А Семјорка (ГРАУ 8K: ракети 74: број на моделот)
  • 8K71PS: ракетата со која е лансиран во орбита Спутник 1

Белешка: Поразвиени варијации на Р-7 кои се сеуште во употреба:

Корисници[уреди | уреди извор]

СССР СССР
Стратешките ракетни единици се единствениот корисник на Семјорката.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wade, Mark. „R-7“. Encyclopedia Astronautica. конс. 4 July 2011. 
  2. „Rocket R-7“. S.P.Korolev RSC Energia. 
  3. Bora, Champak Jyoti. Missile Systems. Lulu.com. стр. 11. ISBN 978-1-329-59323-7. https://books.google.com/books?id=4OS4CgAAQBAJ&pg=PA11. 
  4. 4,0 4,1 4,2 „Boris Chertok: Rockets and People, p. 290“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-05-11. 
  5. Huntress, Wesley; Marov, Mikhail (2011). Soviet Robots in The Solar System: Mission Technologies and Discoveries. Chichester, UK: Praxis Publishing. стр. 63-65. ISBN 978-1-4419-7897-4. 
  6. „This Week in EUCOM History: February 6–12, 1959“. EUCOM. 6 February 2012. Архивирано од изворникот на 21 September 2012. конс. 8 February 2012.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  7. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 8 July 2011. конс. 2008-09-04.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  • The Kremlin's Nuclear Sword, Steven J. Zaloga, Smithsonian Institution Press, Washington and London, 2002.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]