Корисник:Dentedeleone/Курилски острови
Курилските острови се вулкански архипелаг дел од Сахалинската област на Рускиот Далечен Исток. [1] Се протегаат на околу 1300 км. североисточно од Хокаидо во Јапонија до полуостровот Камчатка и го делат Охотското Море од Тихиот Океан. Се состојат од 56 острови и голем број помали карпи. Курилските острови се состојат од Големиот Курилски и Малиот Курилски Ланец. Зафаќаат површина од околу 10,503,2 km2 , [2] со приближно население од 20.000 жители.[3]
Иако островите се под руска управа, Јапонија тврди дека четирите најјужни острови, вклучувајќи ги два од трите најголеми (Итуруп и Кунашир), се дел од нејзината територија, исто и островите Шикотан и Хабомаи, што доведе до Спор за Курилските Острови. Спорните острови во Јапонија се познати како „Северните територии“ на земјата.[4] Во 2018 година продолжија руско-јапонските преговори за решавање на спорот.[5]
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Курилските острови се дел од прстенот на тектонска нестабилност што го опкружува Тихиот Океан познат како Огнен прстен. Самите острови се врвови на стратовулкани и се директен резултат на движењето на Пацифичката плоча под Охотската плоча, со што се формира Курилската бразда на околу 200 км источно од островите. Ланецот има околу 100 вулкани, од кои 40 се активни, и многу топли извори и фумароли. Има честа сеизмичка активност, вклучувајќи ги и земјотресите со јачина од 8,5 степени во 1963 година и од 8,3 степени на 15 ноември 2006 година, по кој се појавија цунами со висина од 1,5 м. стигајќи до брегот на Калифорнија.[6] Островот Раикоке, кој се наоѓа во средина на архипелагот, има активен вулкан кој еруптираше повторно во јуни 2019 година, со емисии кои достигнаа 13,000 м.
Климата на островите се карактеризира со долги, студени, бурни зими и кратки и магливи лета. Просечните годишни врнежи се од 1020 до 1270мм., најчесто во вид на снег. Според Кепеновата класификација на климата повеќето острови имаат субарктичка клима (Dfc ), но Кунашир има умереноконтинентална (Dfb). Сепак, климата на Курилските острови е послична со субполарната океанска клима во југозападна Алјаска отколку на хиперконтиненталната клима во Манџурија и во Сибир, бидејќи врнежите се обилни а нема ни вечен мраз. Летата се благи, и само 1 до 3 месеци температурата се искачува над 10°C и студени, снежни, ветровити зими со температури од -3°C, но најчесто под -10°C.
Вегетативната покривка се менува и почнува од тундра на север до густи шуми од смрека и ариш на поголемите јужни острови. Највисоката кота на островите е вулканот Алаид (2339 м.) на Атласов островот на северниот крај од ланецот.
Пределите на островите се сочинети од разни видови на плажи и карпести брегови, карпи, широки реки и брзи чакалести потоци, шуми, пасишта, алпска тундра, кратерски езера и тресетни мочуришта. Почвата е претежно плодна, поради периодичните приливи на вулканска пепел и, на одредени места, затоа што е збогатена со гвано од морските птици.
Екологија
[уреди | уреди извор]Море
[уреди | уреди извор]Безрбетници: Големите наноси на алги со кои е опкружен речиси секој остров се живеалиште за морските ежови, разни мекотели и безброј други безрбетници и нивните придружни грабливци. Многу видови лигњи се главна компонента во исхраната на многу помали морски цицачи и птици долж ланецот.
Риба: Полокот, тихоокеанскиот бакалар, и неколку видови плоснати риби се од најголемо комерцијално значење. Во текот на 1980-тите, преселната јапонска сардина беше една од најзастапените риби во лето.
Морски видри: Морските видри биле експлоатирани за нивното крзно во 19 век, што може да се види од записите за лов на китови од 19 и 20 век.[7]
Морски птици: Курилските острови се дом на милиони морски птици, меѓу кои и галеби и корморани. На многу од помалите острови во текот на летото, каде нема копнени грабливци, речиси во секоја ниша, и на секоја карпа има гнезда од птици. [8]
Копно
[уреди | уреди извор]Светскот фонд за природа дели Курилските острови на два екорегиони. Јужните Курилски Острови, заедно со Сахалин, го сочинуваат екорегионот на мешани шуми. Северните острови се дел од екорегионот наречен Камчатка-Курилски ливади и ретките шуми, кој се протега на полуостровот Камчатка и Командорските острови.
Поради релативно малата големина и изолираноста на централните острови, само мал број на копнени цицачи ги населуваат, иако црвените и поларните лисици се донесени заради трговијата со крзно во 1880-тите. Најголемиот дел од биомасата на копнените цицачи ја сочинуваат глодарите. Најголемите острови се населени со кафеава мечка, лисици и куни. На појужните острови се наоѓаат некои видови елени. Се тврди дека дивата мачка, Курилскиот Бобтејл, потекнува од Курилските Острови. Мачката е припитомена и се одгледува во Русија каде што е популарна домашна мачка.
Од копнените птици, најчести се гавраните, дивите соколи, некои видови врапци и тресиопашки.
Историја
[уреди | уреди извор]Народот Аину ги населувал Курилските острови уште од раните времиња, иако неколку записи датираат пред 17 век. Јапонската администрација првпат ја презеде номиналната контрола на островите за време на периодот Едо (1603-1868) во форма на побарувања од кланот Мацумае . Се тврди дека Јапонците знаеле за северните острови 370 години пред. [9] Картата на Јапонија од ерата на Шохо ( Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) ), мапа на Јапонија направена од шогунатот Токугава во 1644 година, покажува 39 големи и мали острови североисточно од Хокаидо- коинспеула и Капетоеуре . Холандска експедиција под водство на Мартен Гериц Врис ги истражувала островите во 1643 година. Руската популарна легенда вели дека Федот Алексејевич Попов плови во областа ок. 1649 . [10] Руските Козаци слетаа на Шумшу во 1711 година. [11]
Демографски податоци
[уреди | уреди извор]Од 2013[update] , 19,434 people inhabited the Kuril Islands. These include ethnic Russians, Ukrainians, Belarusians, Tatars, Nivkhs, Oroch, and Ainus. Russian Orthodox Christianity is the main religion. Some of the villages are permanently manned by Russian soldiers (especially in Kunashir following recent tensions). Others are inhabited by civilians, which are mostly fishermen, workers of the fish factories, dockers, and social sphere workers (policemen, medics, teachers, etc.). Recent construction works on the islands attracts a lot of migrant workers from the rest of Russia and other post-Soviet states. Од 2014[update] , there were only 8 inhabited islands out of a total of 56. Iturup Island is over 60% ethnically Ukrainian.[4] [[Категорија:Спорни острови]] [[Категорија:Архипелази во Јапонија]] [[Категорија:Архипелази во Тихиот Океан]] [[Категорија:Курилски Острови]] [[Категорија:Статии со текст на јапонски]] [[Категорија:Координати на Википодатоците]]
- ↑ „Kuril Islands“. Britannica.com.
- ↑ „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 2011-01-14. Посетено на 2011-02-01.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)
- ↑ „Kuril Islands: factfile“. The Daily Telegraph. London. November 1, 2010.
- ↑ 4,0 4,1 Koike, Yuriko (31 March 2014). „Japan's Russian Dilemma“.
- ↑ „Kuril Islands: Russia and Japan push to resolve Kuril Islands dispute“. FinTimes. USA. November 28, 2018.
- ↑ Central Kuril Island Tsunami in Crescent City, California Архивирано на 26 февруари 2010 г. University of Southern California
- ↑ Clapham, P. J.; C. Good; S. E. Quinn; R. R. Reeves; J. E. Scarff; R.L. Brownell Jr (2004). „Distribution of North Pacific“. Journal of Cetacean Research and Management. 6 (1): 1–6.
- ↑ „Kuril islands (between Urup and Paramushir)“. BirdLife Data Zone. BirdLife International. 2021. Посетено на 7 February 2021.
- ↑ Stephan, John J (1974). The Kuril Islands. Oxford: Clarendon Press. стр. 50–56. ISBN 978-0-19-821563-9.
- ↑
Stephan, John J. (1974). The Kuril Islands: Russo-Japanese Frontier in the Pacific. Clarendon Press. стр. 38–39. ISBN 9780198215639. Посетено на 27 January 2021.
According to subsequent elaborations, a document in the Central State Archives [...] indicated that a merchant adventurer by the name of Fedot Alekseev Popov had reached the Kurils in 1649 after completing an odyssey from the Arctic [...] popular Soviet publications [...] have enshrined Popov as the discoverer of the Kurils.
- ↑
Vysokov, Mikhail Stanislavovich (1996). A Brief History of Sakhalin and the Kurils. Sakhalin Book Publishing House. стр. D-24. ISBN 9785884531222. Посетено на 27 January 2021.
Russians first set foot on the Kuril islands in August 1711, when a detachment of Kamchatka Cossacks under the leadership of Daniil Antsiferov and Ivan Kozyrevsky landed on Shumshu, the northernmost of the Greater Kurils.