Клостридии
Клостриди | |
---|---|
SEM микрографија на колонии од Clostridium difficile од измет. | |
Научна класификација | |
Домен: | Bacteria |
Колено: | Firmicutes |
Класа: | Clostridia |
Ред: | Clostridiales |
Семејство: | Clostridiaceae |
Род: | Clostridium Prazmowski 1880 |
Видови | |
C. acetobutylicum |
Клостридиите (род Clostridium, чие име доаѓа од грчки збор што значи "вретено") се Грам-позитивни, анаеробни бактерии од фамилијата Clostridiaceae, кои се способни да образуваат спори. Многу видови клостридии се патогени. Clostridium botulinum предизвикува ботулизам, Clostridium tetani — тетанус, додека други видови предизвикуваат гасна гангрена, брадсот и болеста црна нога кај добитокот. Има и видови кои не се патогени и се користат во биотехнологијата.
Ендоспорите на клостридиите се отпорни на топлина и можат да издржат повеќе часови во вриечка вода, а некои преживуваат и загревање од 110 °C во период од еден час. Клостридиите, со исклучок на Clostridium perfringens, можат да се движат со помош на перитрихозно распоредени камшичиња. Можат да се најдат насекаде, особено во почвата и дигестивниот систем на животните.
Според изворот на енергија кој го користат, клостридиите можат да се поделат на три поголеми групи:
- Протеолитички клостридии: ги разградуваат белковините;
- Клостридии што ја разградуваат урската киселина, како на пример Clostridium acidi-urici;
- Сахаролитички клостридии: вршат ферментација на јаглехидрати (шеќери, целулоза, скроб). Нивни главни производи се бутирична киселина, ацетон, бутанол, јаглерод диоксид и молекуларен водород (H2).
Биотехнолошка примена
[уреди | уреди извор]Производство на органски растворувачи
[уреди | уреди извор]Clostridium acetobutylicum е способна да го ферментира шеќерот до растворувачите ацетон, 1-бутанол, етанол и органски киселини (оцетна и бутирична). Оваа бактерија за првпат е опишана од првиот претседател на Израел, Чаим Вајцман.
Клостридиите во земјоделството
[уреди | уреди извор]Клостридиите се широко застапени во почвите. Сахаролитичките клостридии (но не и претставниците од останатите клостридиски групи) се способни да го редуцираат атмосферскиот азот (N2), а со тоа и да го врзуваат. Затоа се вели дека тие се диазотрофни и се природни произведувачи на минерално ѓубре во почвата. Clostridium pasteurianum е активна N2 врзувачка клостридија која живее во аноксични седименти.
Медицински поглед
[уреди | уреди извор]Медицински важни видови на клостридии се:
- Clostridium botulinum, причинител на ботулизам
- Clostridium chauvoei, причинител на заболувањето црна нога кај добитокот
- Clostridium difficile, причинител на антибиотско-индуцираното воспаление на цревата, псевдомембрански колитис. Кај заболените се откриени и ентеровируси и цитотоксини
- Clostridium histolyticum, ретка и исклучително опасна гасна гангрена
- Clostridium sordelii, друга ретка гасна гангрена
- Clostridium perfringens, класична гасна гангрена, а предизвикува и труење со храна
- Clostridium piliforme, причинител на Тајзерова болест, која се јавува често кај глодачите
- Clostridium septicum, гасна гангрена кај луѓето и животните
- Clostridium novyi, причинител на германски брадсот и гасна гангрена
- Clostridium tetani, причинител на тетанус.
Вирулентни фактори
[уреди | уреди извор]Clostridium botulinum го произведува токсинот ботулин, кој се онеспособува со загревање на 80 °C за време од 30 минути. Дејството на овој токсин се состои во блокирање на испуштањето на ацетилхолин од синапсите. Clostridium tetani го произведува тетанусниот токсин. Тој се ослободува за време на дезинтеграцијата на бактериската клетка. Овој токсин го оневозможува ослободувањето на инхибиторните трансмитери глицин и GABA. Clostridium perfringens произведува, меѓу другото, и токсин-алфа (лецитиназа), кој ги уништува клеточните мембрани и произведува ентеротоксини. Clostridium difficile ги дава токсинот А (ентеротоксин) и B (цитолитички ефект).
Книжевност
[уреди | уреди извор]- Martin Dworkin, Stanley Falkow, Eugene Rosenberg, Karl-Heinz Schleifer, Erko Stackebrandt (Hrsg.): The Prokaryotes. Bd 4. Bacteria - Firmicutes, Cyanobacteria.[мртва врска] 3.Aufl. Springer, New York 2006. ISBN 0-387-25494-3. DOI 10.1007/0-387-30744-3
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Todar's Online Textbook of Bacteriology (англиски)
- UK Clostridium difficile Support Group Архивирано на 19 март 2020 г. (англиски)
- Pathema-Clostridium материјали Архивирано на 15 јуни 2013 г. (англиски)
- Water analysis: Clostridium video (англиски)