Протеолиза
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (април 2026) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Протеолиза е разложувањето на белковините на помали полипептиди или аминокиселини. Некатализирана, хидролизата на пептидните врски се одвива екстремно бавно, во период од стотина години. Протеолизата типично е катализирана од клеточни ензими, наречени протеази.
Протеолизата во организмите има повеќе цели; на пример, дигестивните ензими ги разложуваат белковините од храната за да обезбедат аминокиселини за организмот, додека протеолитичката обработка на полипептидниот синџир после неговата синтеза може да биде неопходна за добивање на активна белковина.
| Оваа статија од областа на хемијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |