Грампозитивни бактерии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грам-позитивната бактерија Bacillus anthracis (виолетови стапчиња) во примерок од цереброспинална течност. Другите клетки се леукоцити.

Грам-позитивните бактерии претставуваат бактерии чиј клеточен ѕид се обојува со кристал-виолетови бои кои се користат при боењето по Грам. Најчесто кратко се означуваат како Gr (+).

Клеточен ѕид[уреди | уреди извор]

Грам-позитивниот клеточен ѕид се карактеризира со присуството на многу дебел пептидогликански слој кој е одговорен за задржувањето на кристал-виолетовите бои за време на процедурата на боење по Грам. Застапен е исклучиво кај организмите кои припаѓаат во групата на Actinobacteria (или високопроцентни G+C Грам-позитивни организми) и кај Firmicutes (или нископроцентни G+C Грам-позитивни организми). Бактериите во групата на Deinococcus-Thermus исто така можат да се изложат на Грам позитивно боење, но тие содржат и некои структури на клеточниот ѕид кои се типични за Грам-негативните организми. Во Грам-позитивниот клеточен ѕид се вметнати полиалкохоли наречени теихоински киселини, од кои некои се поврзани со липидите и градат липотеихоински киселини. Бидејќи липотеихоинските киселини се ковалентно поврзани со липидите во рамките на цитомембраната, тие се одговорни за поврзувањето на пептидогликанот за цитомембраната. Теихоинските киселини му даваат на Грам-позитивниот клеточен ѕид целокупно негативен полнеж поради присуството на фосфодиестерски врски помеѓу мономерите од теихоинската киселина.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]