Firmicutes

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Firmicutes
O. oeni.jpg
Oenococcus oeni, бактерија на созревање на виното
Научна класификација
Домен: Bacteria
Колено: Firmicutes
Gibbons & Murray, 1978
Класи

Firmicutes е големо бактериско колено кое вклучува голем број видови со Грам-позитивна структура на клеточениот ѕид.[1] Многу ретко, како кај родовите Megasphaera, Pectinatus, Selenomonas и Zymophilus, надворешната мембрана на клеточниот ѕид е порозна, што резултира со Грам-негативно обојување. Коленото, во прилог на карактеричниот клеточен ѕид, се истакнува и по ниската содржина на азотните бази гванин и цитозин во нивната ДНК. Во ова колено спаѓаат бактерии со огромно значење за индустријата, медицината и земјоделството, на пример, стрептококите, стафилококите, бактериите на млечно-киселинското вриење, хемолитичките бактерии и клостридиите.[2] Оваа група бактерии сочинува најголем дел од човековата цревна микрофлора.[3]

Класификација[уреди | уреди извор]

Коленото е поделено на пет класи, со тоа што некои автори во него ја додаваат и групата на бактерии без клеточен ѕид (Mycoplasma, Mollicutes). Во ова колено спаѓаат повеке од 270 родови, од кои најзначајни се:

класа Bacilli
род Aerococcus
род Bacillus
род Carnobacterium
род Enterococcus
род Lactobacillus
род Lactococcus
род Leuconostoc
род Listeria
род Oenococcus
род Pediococcus
род Sporolactobacillus
род Staphylococcus
род Streptococcus
род Tetragenococcus
род Vagococcus
род Weissella
класа Clostridia
род Acetobacterium
род Clostridium
род Eubacterium
род Heliobacterium
род Heliospirillum
род Megasphaera
род Pectinatus
род Selenomonas
род Zymophilus
род Sporomusa
класа Erysipelotrichia
род Erysipelothrix

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Brock Biology of Microorganisms. Pearson; 15 edition. 2017. стр. 542-547. ISBN 0134261925. 
  2. 1949-, Madigan, Michael T.,; Hezekiah),, Buckley, Daniel H. (Daniel; 1975-, Sattley, W. Matthew,; 1949-, Stahl, David Allan,. Brock biology of microorganisms (Fifteenth edition издание). NY, NY. ISBN 0134261925. OCLC 958205447. https://www.worldcat.org/oclc/958205447. 
  3. Ley, Ruth E.; Peterson, Daniel A.; Gordon, Jeffrey I. (24 февруари 2006 г). Ecological and evolutionary forces shaping microbial diversity in the human intestine. „Cell“ том  124 (4): 837–848. doi:10.1016/j.cell.2006.02.017. ISSN 0092-8674. PMID 16497592. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/16497592.