Прејди на содржината

Змеј (летало)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Продавница за змејови во Индија

Змејлетало со триаголен, квадратен или ромбоиден облик, изработено од тенок материјал и прицврстен со стапови на кои е врзан еден крај од клопче.

Вештината за пуштање на змејови како забавна игра настанала на Исток, од каде стигнала во Европа, а подоцна и во Новиот Свет.

Историја

[уреди | уреди извор]

Најстари цртежи и остатоци од четириаголни змејови без опашки пронајдени се на островите од Малајскиот Архипелаг. Змејовите се дигале високо и на тој начин покажувале на ветрови и невремиња, укажувале на плен или опасност. На Нов Зеланд мајстори за змејови биле Маорите, правеле змејови кои летале долго и високо.

Од XIX век почнала масовна употреба на змејовите во метеорологијата. Во САД, во периодот од 1893 до 1933 година, во метеоролошките станици за испитување на атмосферата се користеле змејови кои достигнувале висина и до седум илјади метри.

Најстарите познати триаголни змејови се од островот Бугенвил, најголемиот во групата на Соломонски Острови во Тихиот Океан и служеле за риболов. На едниот крај на змејот се наоѓало јаже од усучени танки лијани со мамка без јадица. Мамката била парче дрво на кое било прикачено клопче пајажинесто расплетена сува трева. Претањето и понирањето на змејот покажувале дека рибата се фатила на мамката.

Во раната кинеска историја, војската ги користела змејовите за давање сигнали така што одреден број змејови биле пуштани да летаат на одредени временски интервали. Познато е дека кинескиот генерал Хан Ксин во II век п.н.е. ги користел змејовите при освојувањето на дворецот Веј Јанг.[1]

Човек пушта змеј, илустрација од пред 1635 година

Во 1749 година првпат змејовите биле искористени за мерење на температурата над површината на Земјата. Професорите од универзитетот во Глазгов прицврстиле топломер за змејот, го дигнале и така ја мереле температурата на воздухот на големи висини. Три години подоцна, во 1752 година, Бенџамин Френклин го извел прочуениот опит со кој докажал дека громот е електрична појава и врз основа на тоа го конструирал громобранот. Френклин змејот го направил од свилена марама и го прицврстил за тенка жица на чиј крај се наоѓал клуч. Кога змејот се кренал во небото, громот удрил во змејот и низ жицата дошол до клучот што предизвикало негово вжарување. Змејовите нашле примена и како влечна сила кај направата чавролант кој наместо коњска снага ја користел снагата на ветрот. Оваа направа можела да влече кола со брзина од преку 30 километри на час.

Во средината на XIX век со помош на змејови почнале да се прават мостови, а примената на змејови во градежништвото почнала во САД над Нијагарините Водопади. Така биле изградени мостовите Рејнбоу и Вирлпул кои ги поврзуваат САД со Канада. Од крајот на XIX век почнале да се снимаат подрачја така што на змејовите биле поставувани камери и фотоапарати. Змејовите биле и поштари. Со нив биле префрлани пратки и пакети од бродовите на брегот.

Прв човек кој со помош на змеј се подигнал од земја, бил британскиот генерал Роберт Бејден-Пауел, кој во 1894 година конструирал змеј долг 12 метри и со него се дигнал на 30 метри над земјата. Подоцна, во 1900 година, браќата Рајт врз основа на проучувањето на движењето на змејовите направиле прво моторно летало со кое три години подоцна се дигнале во небото.

Во почетокот на дваесеттиот век змејовите служеле и за други цели. Гуљелмо Маркони со помош на змеј подигнал антена и преку неа во 1901 година на Њуфаундленд го примил првиот безжичен радиосигнал преку Атлантскиот Океан. Благодарение на тоа откритие Маркони ги пронашол безжичната телеграфија и радиото.

Дури и по појавата на авионот, змејовите продолжиле да се користат во разни цели, а за време на Втората светска војна имало предлози американската воена морнарица со змејеви да се брани од воздушните напади така што змејовите би носеле челични јажиња кои би ги оневозможиле непријателските авионима да прелетуваат над американските бродови, но овој план не се остварил.

Змејот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Змеј“ (англиски: Kite) — песна на англиската поп-пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1978 година.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Kites in many countries Архивирано на 3 октомври 2020 г.
  • History of kites
  • The earliest depiction of kite flying in European literature in a panorama of Ternate (Moluccas) 1600. Архивирано на 26 јануари 2013 г.
  • Mathematics and aeronautical principles of kites. Архивирано на 31 мај 2019 г.
  • Kitecraft and Kite Tournaments (1914) — A free public domain e-book
  • Kite World Records and Innovations
  • Kite Museum in India
  • Trivedi, Parthsarathi; и др. „Aerodynamics of Kites“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-06-12. Посетено на 8 February 2013.
  • Eyes on Brazil