Жозеф Бедје
Жозеф Бедје Joseph Bédier | |
---|---|
![]() портрет на Бедје | |
Роден/а | Шарл Марија Жозеф Бедје 28 јануари 1864 г. Париз, Франција |
Починат/а | 29 август 1938 г. (91) Ле Гранд Сер, Франција |
Занимање | Писател |
Период | 1890–1930 |
Значајни дела | Тристан и Изолда (1900) Песни за Крстоносните војни (1909) Песна за Роланд (1921) |
Жозеф Бедје (фран: Joseph Bédier) бил француски писател, просветител и историчар на средновековна Франција.
Животопис[уреди | уреди извор]
Бедје е роден во Париз, како син на бретонскиот правник Адолф Бедје. Детството го минал во Реинион, а подоцна станал професор по средновековна француска литература на универзитетот од Фрибур, Швајцарија (1889-1891) и на францускиот колеџ од Париз (1893).
Поле на неговиот научен интерес биле народните песни и приказни, кои ги обработил во две книги. Освен нив, Бедје се интересирал и за старите француски легенди како оние за Тристан и Изолда и Песните за Роланд. Бил член на француската академија од 1920 г. сè до неговата смрт.
Неговиот роман Тристан и Изолда е преведен на многу странски јазици и е задолжителна лектира во повеќето европски земји. Освен со писателска дејност, тој се занимавал и со научна, бидејќи во соработка со Пол Хазард ја издале двотомната Историја на француската литература, која се смета за еден од најзначајните научни трудови на модерната филологија посветен на повеќевековното и обемно француско Книжевно творештво. Во 1929 г. е избран за почесен член на Американската Академија на науките и уметностите.[1]
Бедје починал во Ле Гранд Сер, 1938 г.
Воени дневници[уреди | уреди извор]
Бедје ги користел мемоарите на германските војници од Првата светска војна (Kriegstagebücher), како извор за неговите статии поврзани со германските злосторства врз белгиските цивили и француските војници. Дел од дневниците кои ги поседувал биле белешки на војниците од нивниот приватен живот, додека поголемиот број биле записи со воени страгегии, наредби и планови за текот на воените дејствија. Од сите нив, Бедје успеал да ги извлече најинтригантните податоци за сексуалните и садистички насилства извршени од германските трупи, претставени во 36 четива.[2]
Библиографија[уреди | уреди извор]
- Распоредот на сенката (1890)
- Приказната за Ришо (1891)
- Студии за популарната литература и книжевната историја на средниот век (1893)
- За Никола Музе, франко-галскиот поет и писател (1893)
- Тристан и Изолда (1900)
- Роман за Тристан и Томас (1902-1905)
- Критички студии (1903)
- Две поеми за лудиот Тристан (1907)
- Епски легенди, истражување за настанувањето на народните песни (1908-1913)
- Песни за Крстоносните војни (1909)
- Песни за Колин Музе (1912)
- Сведоштва за германските злосторства (1915)
- Како Германија се обидува да ги оправда своите злосторства? (1915)
- Жозеф Бедје и Пол Хазард: Историја на француската литература (1923/24)
- Францускиот напор (1919)
- Песна за Роланд (со поговор) (1920)
- Песна за Роланд (по Оксфордовиот манускрипт) (1922)
- Коментар за Песната за Роланд (1927)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Книга на членови, 1780-2010: Поглавје Б“ (PDF). Американска Академија на науките и уметностите. Посетено на 29 мај 2011.
- ↑ Џон Хорн и Алан Крамер. Германските „жалби“ и Франко-германските преписки, 1914: Увид врз мемоарите на германските војници. Чикаго: Универзитетот од Чикаго; Чикаго Прес, 1994.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Дела од Жозеф Бедје на интернет (скенирани оригинални записи и илустрирани изданија)
- Повеќе за Бедје Архивирано на 29 август 2006 г. (француски)
- Дела од Жозеф Бедје на проектот „Гутенберг“
Поврзано[уреди | уреди извор]
|
- Wikipedia articles with faulty authority control identifiers (Léonore)
- Француски писатели
- Родени во 1864 година
- Починати во 1938 година
- Луѓе од Париз
- Француски историчари
- Медиевисти
- Апсолвенти на Високата нормална школа
- Членови на Француската академија
- Членови на Американската академија на уметностите и науките