Песна за Роланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Песна за Роланд
АвторТуролд
Изворен насловLa Chanson de Roland
ЈазикСтарофранцуски јазик
Жанреп
Издадена
9 век

Песна за Роланд (француски: La Chanson de Roland) — старофранцуски еп напишан во XI век, можеби од Тиролд, чие име се споменува во текстот. Постојат девет ракописи на делото, како англонормандски кој се чува во Бодлиевата библиотека во Оксфордскиот универзитет и се состои од 4004 стихови, и истиот се смета за најстар (1140-1170). Песна за Роланд е првото значајно дело во француската литература, како и првиот и најзначаен претставник на жанрот шансон де жест кој постоел помеѓу 11 и 15 век[1].

Ракопис и датирање[уреди | уреди извор]

Делото се одвива во ерата на Каролинзите, но било напишано многу подоцна. Постојат девет преживеани ракописи на Песната на Роланд во старофранцуски јазик. Најстариот од овие ракописи се чуваат во библиотеката во Оксфорд. Оваа копија датира помеѓу 1129 и 1165 година и била напишана на англонормандски јазик[2].

Научниците проценуваат дека песната е напишана, најверојатно од поет по име Туролд, приближно помеѓу 1040 и 1115 година, а повеќето од измените биле извршени во околу 1098 година. Некои сметаат дека делото било напишано многу порано.

Содржина[уреди | уреди извор]

Карло Велики и неговата војска се борат во текот на седум години во Шпанија и го опседнуваат градот Кордоба кога сараценскиот калиф на Сарагоса Марсил ги повикува своите благородници со желба да ја спаси Сарагоса од офанзивата на Франките. По совет на Бланкадрин, Марсил решил да се престори дека се повлекува, за да обезбеди повлекување и на Франките од своите земји. Бланкадрин ветува на Карло Велики, дека ако се врати во својата престолнина Екс-ла-Шапел (Ахен), Марсил наскоро ќе му испрати заложници и дарови и ќе му стане вазал и ќе го прифати христијанството. Благородниците на Карло Велики разговараат како да одговорат на предлогот на Марсил. Бретанскиот маркиз Роланд, внук на Карло Велики, не верува на Марсил, но Ганелон, Наимон и повеќето од другите се склонети да му веруваат. Карло Велики се согласува со мнозинството, но сè уште има тешкотии да најде амбасадор кој да отиде кај Марсил, бидејќи Марсил убил двајца претходни амбасадори. Тој го одбива предлогот на Роланд и на архиепископот на Ремс, Турпин наредува дека никој од Дванаесетте перови нема да биде избран. Роланд го нуди неговиот втор татко Ганелон да отиде како амбасадор, бидејќи тој го поддржал предлогот. Ганелон го толкува тоа како навреда, јавно се заканува Роланд и додека патува со Бланкадрин кон Сарагоса, кова заговор за одмазда. Во Сарагоса Ганелон го лаже на Марсил, кажувајќи дека согласноста на Карло Велики зависи од два услови: Марсил може да ја задржи половина Шпанија, а другата половина ќе биде дадена на Роланд и чичкото на Марсил треба да биде вклучен во групата на заложниците, кои ќе ја да гарантираат неговата склонетост. Откако се заканува дека ќе го убие Ганелон, Марсил дознава од Бланкадрин дека тој е подготвен да го предаде Роланд и Дванаесетте перови. Марсил му нуди на Ганелон пријателство и богати дарови, а Ганелон ветува дека Роланд и Дванаесетте перови на Франција ќе бидат поставени во ариергарда на армијата. Ова ќе им овозможи на Марсил, кои не може да влезе во отворена битка со Карло Велики, да ги убие Дванаесетте херои на Франција, без кои Франките нема да сакаат да влезат во војна.

Битката во Ронсево[уреди | уреди извор]

Ганелон придонесува Роланд, Оливие и останатите перови да го преземат раководството на дваесетилјадната армија, која се повлекува на север во Пиринеите. Четиристотини илјадната сарацинска армија е видена од пријателот на Роланд, Оливие, да се приближува кон ариергарда и Оливие го повикува на Роланд преку својот олифант да го повика остатокот од армијата, но честа на Роланд го принудува да се тепа, а не да бара помош, иако сарацините се побројни. Првиот напад на сарацините е одбиен, но преживуваат само околу триста витези, вклучувајќи го Роланд и повеќето од Дванаесетте перови. Сарацините почнуваат втор напад кој е предводен лично од Марсил. Наскоро станува јасно дека Франките ќе бидат поразени. По советот на архиепископот Турпин, Роланд не очекувајќи дека ќе се спаси започнува напад, а надевајќи се дека Карло Велики ќе се врати за да ги закопа нивните телата и да се одмазди за нивната маченичка смрт. Роланд толку силно започнал да свири преку својот олифант што Карло Велики го слуша од многу оддалеку, а од силниот сигнал на Роланд започнва да ну тече крв од устата и носот. Карло Велики се разтревожува, но Ганелон му вели дека нема за што да се грижите и дури по третиот повик на Роланд императорот заповедува да дојдат на помош. Кога само Роланд, архиепископ Турпин и Галтер де Хјум се сè уште живи, Роланд успева да ја отсече десната рака на Марсил. Марсил побегнува од бојното поле и е проследен со преживеаните од неговата армија. Роланд и Турпин остануваат сами на полето како победници, но Турпинд е повреден на многу места од сарацинските стрели и крвари до смрт додека го носи на Роланд. Самиот Роланд, иако неранен, крвари до смрт. Откако Турпин умира, Роланд се качува на врвот на еден рид, гледајќи на југ кон Шпанија. Тој се бори до смрт со еден неверник кој се преправа дека е умрен и кој сака да му го украде мечот. Потоа се обидува да го скрши мечот во една карпа за да не биде однесен како трофеј, но не успева во тоа. Роланд тогаш величејќи го мечот Дурендал, прави некои светии кои се вградени во неговата рачка, како заб на Св. Петар и дел од облеката на Богородица. Роланд умира под едно дрво, гледајќи на југ и држејќи нож и рогови, а архангел Михаил и архангел Гаврил ја однесуваат неговата душа во рајот.

Битката меѓу Карло Велики и Балигант[уреди | уреди извор]

Карло Велики со полна брзина се враќа назад и наредува апсење на Ганелон за неговото предавство. Кога пристигнува на бојното поле паѓа во несвест од тага. Откако се опоравува, тој сака да ја престигне сарацинска армија која е во бегство и небаре Бог му го продолжува денот, за да успее да ги стигне сарацините. Кога ги пристигнува на сарацините на полето пред Сарагоса, армијата на Крало Велики ги убива и многу од нив се дават во реката Ебро. Марсил се добира до цитаделата во Сарагоса. Измачените жители на Сарагоса ги извлекуваат статуите на боговите Махунд, Тервагент и Аполион и ги тепаат со стапови, бидејќи не им помогнале на својата армија. Истата вечер, Емирот на Вавилон (Каиро, не Вавилон во Месопотамија) Балигант доаѓа со засилување од Азија, за да им помогне како вазал на Марсил. Марсил го пренесува управувањето на Балигант. Карло Велики дели војска на национални дивизии: Баварците, Германци, норми, бретанци, Фламанци и бургундци и тие уништуваат муслиманската армија, како Карло Велики го убива Балигант во личен двобој со помош на архангел Гаврил. Христијанската армија навлегува во Сарагоса и идолите и предметите од џамиите и синагогите се срушени и скршени, а 100.000 муслимани и Евреи се покрстени. Марсил умира од тага, а неговата вдовица Брамимонд е заробена и Карло Велики наредува таа да се покрсти не насила, туку преку проповеди.

Судот на Ганелон[уреди | уреди извор]

Франките се враќаат во Ахен, каде свршеницата на Роланд (и сестра на Оливие), Од, умира од тага. Ганелон е суден за предавство, но тврди дека неговите активности претставуваат оправдана одмазда и триесет негови роднини доаѓаат да го поддржат. Пријателот на Роланд, Тиери сепак вели дека бидејќи Роланд бил на служба кај Карло Велики, кога Ганелон ја исполнил одмазда, тоа е предавство кон царот. За да го реши случајот, роднината на Ганелон, Пинабел, влегува во двобој со Тиери. Преку божествена интервенција послабиот Тиери победува. По победата на Тиери, Ганелон е расфрлен од галопирашти коњи, а роднините кои ја гарантирале неговата невиност, се обесени. Кралицата Брамимонд е покрстена и Карло Велики конечно е задоволен. Поемата завршува со сон, при што му се јавува архангел Гаврил, кој му наредува да им помогне на кралот Вивиен чии град Имф е опколен од неверниците. Карло се разплакува и вели дека е веќе стар и несреќен.

Историски контекст[уреди | уреди извор]

Приказната е заснована на релативно малата битка во Ронсево на 15 август 778 година, при што ариергарда на франките кои се повлекувале, на чело со Карло Велики, биле нападнати од баскиски нередовни армии, а не од сарацинската армија. Конфликтот е опишан од историчарот Ајнхард во неговата книга Животот на Карло Велики, напишана во околу 830 година, каде заробените војници, од кои само Роланд е споменат по име (но тој не бил внук на Карло Велики), биле убиени сите до еден и гонење на напаѓачите немало, бидејќи лесното вооружување и познавањето на теренот им овозможувало брзо да побегнат. Карло Велики не се враќа во Шпанија, а оди во Германија, каде ги покорува Саксонците.

Според арапскиот историчар од 13 век Ибн ал-Атхир, Карло Велики влегол во Шпанија по барање на гувернерот на Сарагоса Сулејман ал-Араби, за да му помогне да го задуши востанието на калифот на Кордоба. Пристигнувајќи пред Сарагоса и откривајќи дека ал-Араби си ја променил одлуката, Карло Велики го нападнал градот и го заробил ал-Араби. Синовите на ал-Араби се здружиле со Баскија, за да им приредат заседа на војските на Карло Велики при преминот Ронсево и да го ослободат својот татко.

Се смета дека епот бил напишан за да ги стимулира европските христијани да заминат во Крстоносните војни против сарацините.

Преводи[уреди | уреди извор]

Песна за Роланд е преведена или препишувана во средниот век на латински, германски, холандски, окситански и норвешки јазик, како и на вештачкиот литературен француско-венецијански јазик, а во 1516 година Лудовико Ариосто го објавил својот еп Бесниот Орландо, во кој учествуваат главно херои опишани во Песна за Роланд.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Song of Roland“. FordhamUniversity.edu. Посетено на 2015-02-04.
  2. Short, Ian (1990). Introduction. France: Le Livre de Poche. стр. 5–20.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
Викиизвор
Викиизвор
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија:
Викицитат има збирка цитати поврзани со: