Жак Шарл Франсоа Штурм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жак Шарл Франсоа Штурм
Jacques Charles François Sturm
Портрет на Штурм од Жан-Даниел Коладон
Роден(а)29 септември 1803(1803-09-29)
Женева
Починал(а)15 декември 1855(1855-12-15) (возр. 52)
Париз
Националностфранцуска
Полињаматематика
УстановиПолитехничка школа
Познат поШтурм-Лиувилова теорија
Штурмова теорема
Брзина на звукот
Поважни наградиЛегија на честа (1837)
Коплеев медал (1840)

Жак Шарл Франсоа Штурм (франц. Jacques Charles François Sturm; Женева, 29 септември 1803Париз, 18 декември 1855) — француски математичар со германско потекло.

Животопис[уреди | уреди извор]

Семејството Шарл имала потекло од Стразбур и емигрирало околу 1760 година. Шарл почнал да слуша предавање во академијата во Женева. Во 1819 година, смртта на неговиот татко го нетарала да предава на деца од богатите семејства за да може да го одржува своето семејство. Во 1823 година тој станал тутор на синот на Мадам де Стал. Кон крајот на 1823 година на кратко останал во Париз со смејството на својот ученик. Одлучил со својот училиштен пријател Коладном да се вработи во „Bulletin universel“. Во 1829 година, тој ја открил теоремата која се однесува на одредување на реалните броеви на бројчената еднаквост помеѓу дадените граници и таа теорема го носи неговото име.

Имал корист од револуцијата од 1830 година, затоа што неговата протестантска вероисповед престанала да биде препрека во преонаѓање на работа во јавните училишта. На крајот на таа година, бил поставен за професор по предметот „Математика“ на Ролен колеџот. Избран бил за член на Француската академија на науки во 1836 година, заземајќи го местото на Андре Мари Ампер. Станал професор во Политехничката школа во 1840 година. Истата година, по смртта на Паосон, бил поставен за професор по механика на парискиот факултет за науки. Неговите дела, „Курс за анализа на политехникото училиште“ („Cours d'analyse de l'école polytechnique“, 1857 - 1863) и „Курс по механика на политехничкото училиште“ („Cours de mécanique de l'école polytechnique“, 1861), биле објавени во Париз после неговата смрт.

Заедно со Жозеф Лијувил ја формулирал Штурм-Лијувилова теорема. Шарловата теорема е основен резултат за докажување на постојани реални нула функции.

Во 1826 година, заедно со својот колега Жан Данијел Коладон, помагал во првото експериментално одредување на брзината на звукот во вода.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • Grand prix de Mathématiques (4 декември 1834)
  • Коплиев медал на Кралското друштво во Лондон
  • Officier de la Légion d'Honneur (1837)
  • Член на академијата во Берлин (1835)
  • Член на академијата Санкт Петербург (1836)
  • Член на Кралското друштво во Лондон (1840)